Connect with us

економија

Анализа на ЕИБ: Побарувачката за кредити останува силна, но заострувањето на условите на понудата ќе продолжи во Северна Македонија

Анализа на Европската инвестициска банка

објавено

на

Во следните месеци, условите во македонскиот банкарски сектор на страната на понудата се очекува да се подобрат (до „неутрални“), малку подобри од регионалниот просек. Од друга страна, условите за побарувачката на кредити (подготвеноста на клиентите на банките да позајмуваат пари) беа позитивни во последните шест месеци, со исклучок на побарувачката за хипотеки. Условите се очекува благо да ослабат во малопродажниот сегмент, но ќе останат особено силни за компаниите. Ова укажува на тоа дека клиентите ќе останат желни да позајмуваат од банките, за кои се очекува да останат прилично претпазливи, но сепак повеќе подготвени да дадат кредит отколку во другите земји во Западен Балкан.

Автори:
Пјетро Далари и Матео Фераци
економисти во Економскиот оддел на Европската инвестициска банка

Минатата, 2023 година, се одбележува како година на рекордни профити за европските банки, надминувајќи ги силните резултати регистрирани во 2022 година. Овие резултати звучат особено изненадувачки ако се потсетиме што се случи во текот на минатата година. Во март 2023 година, Silicon Valley Bank пропадна, по што следеа две други американски банки. Credit Suisse, една од најголемите банки во светот, втора по големина швајцарска банка и меѓу финансиските институции што се сметаат за „преголеми за да пропаднат“ – исто така пропадна кратко потоа и беше споена со конкурентската UBS.

Во тој момент, како последица на ова, се очекуваше тешка година за банкарскиот сектор. Сепак, во подоцнежниот тек на 2023 година, речиси сите европски банкарски групации објавија рекордни профити поттикнати од силните приходи и придружени од добриот квалитет на кредитите и покрај економското забавување во Германија и другите земји од ЕУ. Индексот на капитал на европските банки порасна за 23 % од април 2023 година, закрепнувајќи од падот што го претрпе во март 2023 година.

На ист начин, европските прекугранични групации и другите банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), исто така објавија позитивни резултати, бидејќи имаа корист од зголемувањето на каматните маржи и деловниот модел фокусиран на трансформацијата на депозитите во позајмувањето, ограничувајќи ја изложеноста на трендовите на финансискиот пазар (Credit Suisse и Silicon Valley Bank беа изложени на намалување на цените на обврзниците во тоа време).

Прекуграничните банкарски групации укажуваат на помала профитабилност

Руската инвазија на Украина на почетокот на 2022 година доведе до јасно влошување на пазарните темели, што се одразува во постојано повисоки мерења за ризикот на земјата во неколку земји од ЦИЈИЕ (како што се мери, на пример, преку свопови за неисполнување на обврските по кредити). Сепак, европските прекугранични банкарски групации што работат во регионот сè уште гледаат на овие пазари со силен интерес, според најновата Анкета за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ објавена од Европската инвестициска банка.

Кога беа запрашани за нивните долгорочни стратегии, 50 % од прекуграничните банкарски групации сигнализираа намера за „селективно проширување“ (до 45 % во последната анкета и 30 % во рундата пред неа), додека 40 % планираат да го задржат истото ниво на операции во регионот. Истото важи и за нивниот однос кон банкарските пазари на Западен Балкан. Европските банкарски групации традиционално бележат повисока профитабилност во нивните подружници во ЦИЈИЕ во регионот отколку на ниво на Групација. Сепак, банките посочија дека профитабилноста во споредба со целокупните операции на групацијата значително се влошиле од претходната анкета.

Побарувачката за кредити останува силна во Северна Македонија

Слични трендови влијаат и врз банкарскиот пазар во Северна Македонија, со одредени позитивни особености. Финансискиот систем во земјата е во голема мера во странска сопственост, при што банките под странска контрола претставуваат повеќе од 70 % од активата, а концентрирано трите најголеми банки држат околу 50 % од вкупните заеми и депозити. Матичните банкарски групации своето моментално позиционирање на пазарот во земјата го сметаат за задоволително (50 %) или оптимално (50 %). Банките известуваат дека профитабилноста за локалните операции е во голема мера усогласена со профитабилноста на ниво на групација, што сигнализира влошување во споредба со претходната анкета.

Кога станува збор за условите за понудата на кредити (што укажува на подготвеноста на банките да даваат кредит), тие остануваат строги во последните шест месеци, со забележителен пад во сегментите за домување и малопродажба. Во следните месеци, условите на страната на понудата се очекува да се подобрат (до „неутрални“), малку подобри од регионалниот просек. Од друга страна, условите за побарувачката на кредити (подготвеноста на клиентите на банките да позајмуваат пари) беа позитивни во последните шест месеци, со исклучок на побарувачката за хипотеки. Условите се очекува благо да ослабат во малопродажниот сегмент, но ќе останат особено силни за компаниите. Ова укажува на тоа дека клиентите ќе останат желни да позајмуваат од банките, за кои се очекува да останат прилично претпазливи, но сепак повеќе подготвени да дадат кредит отколку во другите земји во Западен Балкан.

Намалување на јазот меѓу побарувачката и понудата

Квалитетот на кредитите (способноста на клиентите да ги враќаат заемите на банките) остана добар – нефункционалните кредити беа стабилни околу историските најниските стапки од 2,8 %. Иако послаби на страната на малопродажбата, банките не очекуваат никакво влошување во текот на следните месеци, за разлика од останатите земји во регионот.

Севкупно, домашниот банкарски систем е добро капитализиран и досега можеше да ги апсорбира ефектите од заострените финансиски услови и другите шокови. Показателите за профитабилноста, исто така, општо земено се подобрија во 2023 година во споредба со 2022 година (Поврат на средства и поврат на капитал од 2,1 % и 17,1 % во 2. квартал од 2023, соодветно).

Сè на сè, банките кои работат во ЦИЈИЕ се исклучително солидни, профитабилни и подготвени да се прошират во регионот. Сепак, нивните клиенти, компаниите и домаќинствата, ќе продолжат да се соочуваат со сè уште строги услови за понудата во текот на следните месеци. Северна Македонија не е исклучок, но се очекува понудата на кредити да се движи во вистинската насока, намалувајќи го јазот меѓу побарувачката и понудата што го видовме во текот на минатата година.


Основни информации за Анкетата за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ

Европската инвестициска банка управува со Анкетата за кредитирање на банките од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), која ги истражува стратегиите на големите меѓународни банки што работат во регионот и нивните локални подружници, земајќи ја предвид уникатната карактеристика дека многу од банките се во странска сопственост.

Анкета за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ беше развиена во контекст на Виенската иницијатива 2.0[1]. Таа е инструмент за следење на прекуграничните банкарски активности и раздолжување во регионот, подобро разбирање на детерминантите и ограничувањата на кредитниот раст и стекнување увиди во деловните стратегии и пазарните очекувања на прекуграничните банки во однос на локалните финансиски услови.

Анкета за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ е насочена кон меѓународни банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (интервјуирани на ниво на групација) и подружници на тие банкарски групации и локални банки (интервјуирани на ниво на еден субјект). Се спроведува двапати годишно (март и септември) и опфаќа 12 земји, вклучувајќи ги и 5-те земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија.


Основни информации за Одделот за економија на ЕИБ

Целта на Одделот за економија на ЕИБ е да дејствува како центар за истражување на инвестициите и финансирањето на инвестициите во Европа. Ги поврзуваме нашите сопствени истражувања и уникатни извори на податоци со истражување на највисоко ниво низ цела Европа, обезбедувајќи влезна точка за истражувачите и платформа за дијалог.

Исто така, имаме клучна улога во поддршката на операциите на ЕИБ преку анализа на променливиот економски контекст, инвестициските можности и ризици, помагајќи да се дефинира позиционирањето, стратегијата и политиката на Банката во Европа и пошироко. Работиме на подобрување на способноста на ЕИБ да ги проценува ризиците и да ги следи влијанијата на нејзините инвестиции и на микро и на макроекономско ниво.

Одделот за економија на ЕИБ има основен тим од 40 економисти и со него раководи директорката Дебора Револтела.


[1] Виенската иницијатива е форум за донесување одлуки и координација којшто ги обединува сите релевантни чинители од јавниот и приватниот сектор на прекуграничните банки со седиште во ЕУ и активни во Европа во развој (централни банки и регулатори; комерцијални банки; меѓународни финансиски институции). Во рамките на Виенската иницијатива создадени се некои тематски работни групи за споделување знаења и најдобри практики (во моментов постои работна група за климатски промени и климатско финансирање, којашто меѓу другите активности одржува и серија на семинари). За повеќе информации за Виенската иницијатива, одете на: Vienna Initiative (eib.org) и Vienna Initiative (vienna-initiative.com).


 

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%