Connect with us

интервју

Ана Бјерде: Ќе имаме полоша економска година дури и од пандемиската 2020

Ана Бјерде, потпретседателка на Светска Банка

објавено

на

„Изгледите за регионот се се уште позитивни но ги намаливме нашите прогнози, така што сега очекуваме многу помал раст, но не само помал раст, туку и многу стеснет фискален простор. Фискалниот простор веќе беше погоден од пандемијата кога владите требаше да трошат многу повеќе пари, почнуваа да создаваат поголеми приходи во 2021, и сега повторно поради ударот врз енергијата, храната и другите суровини, земјите почнуваат да чувствуваат ново затегнување. Јас сум загрижена, мислам дека Северна Македонија е во многу тешка ситуација поради ова, така што властите треба да продолжат да бидат претпазливи во трошењето, да го проиритизираат трошењето и да осигураат дека какво било мобилизирање на даночни приходи во овие тешки времиња е навистина направено. “

Економиите во Европа годинава ќе назадуваат повеќе дури и од пандемиската криза која што пред две години го парализираше светот. Прилично песимистични оценки доаѓаат од сите меѓународни финансиски институции, токму кога мислевме дека после Ковид, економиите конечно ќе може да здивнат и да надоместат се што загубија последните две години.

Потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде, која што го покрива регионот на Европа и Централна Азија, сподели загриженост околу развојот на конфликтот во Украина, првенствено поради хуманитарната катастрофа што се случува, но и разорните економски последици после исцрпувачката пандемија.

„Како што велите, од една криза во друга, имавме пандемиска криза во 2020, заздравување во 2021, работите изгледаа многу подобро и ветувачки, и потоа дојде оваа разорна војна во 2022. Загрижени сме за тоа, прво и најбитно за Украина, хуманитарниот импакт во земјата е огромен, изгубени животи, разделени фамилии, и разорно уништување на инфраструктурата и економијата и ќе биде потребно долго време за да се изгради повторно. Има и многу внатрешно раселени луѓе, но и луѓе што мораше да ја напуштат земјата“, вели Бјерде.

Потпретседателката на Светска банка, Бјерде, ги сподели со нас конкретните прогнозите кои покажуваат дека економиите во Европа ќе почувствуваат подлабока криза отколку пандемиската, а последиците веќе се видливи.

„За регионот е вистинско назадување, затоа што во 2021 во регионот на Европа и Централна Азија којшто го надгледувам за Светска банка, имавме заздравување со раст на БДП од 6,5%. Ова беше многу добро. Но сега, поради оваа војна моравме да ги ревидираме нашите прогнози за 2022 и сега всушност проценуваме намалување на економијата од 4%, споредено со падот од 2% во годината на Ковид. Значи ова е значително назадување за овој регион. И регионот ќе го почувствува и веќе го чувствува преку директни и индиректни влијанија. Директен импакт ако земјата е трговски партнер со Украина или Русија, но дури и индиректно преку прелевања. На пример, Северна Македонија не е многу погодена директно, но индиректно бидејќи ја погодува Европа која што е огромен трговски партнер за земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Северна Македонија, но исто така бидејќи голем дел од природниот гас доаѓа од Русија преку Бугарија и ова е исто така погодено. Цените на храната и енергијата растат, инфлацијата исто така, а ова ќе беше многу подобро без оваа ужасна војна во Украина“, истакна Бјерде.

За регионот на Западен Балкан, Светска банка проценува економски раст од 3,1% годинава, но тоа е драстично помалку од лани кога постпандемиското заздравување донесе поголема економска активност за 7,4%. За македонската економија, Светска банка има најпесимистични очекувања во регионот, а Бјерде вели дека ситуацијата е загрижувачка.

„Изгледите за регионот се се уште позитивни но ги намаливме нашите прогнози, така што сега очекуваме многу помал раст, но не само помал раст, туку и многу стеснет фискален простор. Фискалниот простор веќе беше погоден од пандемијата кога владите требаше да трошат многу повеќе пари, почнуваа да создаваат поголеми приходи во 2021, и сега повторно поради ударот врз енергијата, храната и другите суровини, земјите почнуваат да чувствуваат ново затегнување. Јас сум загрижена, мислам дека Северна Македонија е во многу тешка ситуација поради ова, така што властите треба да продолжат да бидат претпазливи во трошењето, да го проиритизираат трошењето и да осигураат дека какво било мобилизирање на даночни приходи во овие тешки времиња е навистина направено“, вели Бјерде.

Големото поскапување на храната и енергијата е клучен проблем

На прашањето како би требало да одговорат властите на оваа нова криза имајќи предвид дека сите земји се истрошија за време на пандемијата, Бјерде вели:

„Инфлацијата е загрижувачка. Мислам дека минатата година почнавме да гледаме како инфлацијата оди нагоре мислејќи дека може да биде привремен феномен како што имавме заздравување. Сега гледаме дека е попостојана, и поверојатно дека ќе остане некое време. Причината што се грижиме за инфлацијата е што знаеме од нашата работа во нашата институција дека инфлацијата ги погодува најмногу сиромашните бидејќи се пренесува преку производите и услугите што најмногу ги консумираат сиромашните. Ако ја погледнете потрошувачката кошница на сиромашните и ги видите цените на храната сега, ова навистина ги погодува сиромашните домаќинства. Висока инфлација не е добра работа за намалување на сиромаштијата или за заштита на оние што се најранливи.“

„Со краткорочни и мерки на среден рок. На краток рок, многу е важно да се изградат повторно фискални тампони до ниво што е возможно, и еден начин на кој што е можно тоа е да се приоритизира трошењето. Со тоа мислам дека има многу земји што имаат генерално субвенционирање, односно субвенции за сите. Мислиме дека е многу попродуктивно да се има потаргетирана поддршка за оние на кои што навистина најмногу им треба. Ние всушност се залагаме за социјална помош, и Северна Македонија има добра социјална програма, исто така имаше програма за енергетска заштита на најранливите која што ја зема предвид токму ранливоста во делот на потрошувашката на енергија. Јас би ги искористила овие две програми, социјалната помош и специфичната енергетска програма да ги таргетирам субвенциите кон оние на кои што најмногу им требаат. Исто така би таргетирала помош за компаниите како што направивте за време на Ковид што е временски определено и таргетирано за фирмите што најмногу имаа потреба. Но, во исто време да се фокусирате и на среден рок, бидејќи растот може да дојде од структурни реформи. И има структурни реформи што се потребни овде, човечкиот капитал се уште бара многу инвестирање, конкурентската политика се уште треба да се засилува, и мислиме дека има реална можност да се зголеми земјоделската продуктивност како важен дел од економијата и диверзификација на енергетиката кон обновливи извори на енергија и мерки за енергетска ефикасност“, вели Бјерде.

Еден од најголемите предизвици во оваа криза е растот на трошоците за живот преку енормното поскапување на храната и енергијата пред се’. А растечките цени, најсилно ќе ги погодат посиромашните граѓани и тоа е причина за загриженост и кај Светската банка, инсититуција чија основна мисија е да стави крај на сиромаштијата.

„Инфлацијата е грижа. Мислам дека минатата година почнавме да гледаме како инфлацијата оди нагоре мислејќи дека може да биде привремен феномен како што имавме заздравување. Сега гледаме дека е попостојана, и поверојатно дека ќе остане некое време. Причината што се грижиме за инфлацијата е што знаеме од нашата работа во нашата институција дека инфлацијата ги погодува најмногу сиромашните бидејќи се пренесува преку производите и услугите што најмногу ги конзумираат сиромашните. Ако ја погледнете потрошувачката кошница на сиромашните и ги видите цените на храната сега, ова навистина ги погодува сиромашните домаќинства. Висока инфлација не е добра работа за намалување на сиромаштијата или за заштита на оние што се најранливи“, вели Бјерде.

Потпретседателката Бјерде вели дека стапката на сиромаштија во земјава е прилично намалена, но во услови на нова закана од кризата, потребни се дополнителни мерки на краток и среден рок, за да може сиромашните понатаму сами да се извлечат од тој круг.

„Северна Македонија направи добар напредок во намалување на сиромаштијата. Ако погледнеме во 2009 година, со 5,5 долари на ден стапката на сиромаштија овде беше 36% од населението. Деценија подоцна, во 2019 година стапката на сиромаштија беше преполовена на 18%. Ова е добар напредок. За време на Ковид во 2020 проценуваме дека сиромаштијата се зголемила малку за 1,5 процентни поени. Се уште треба да бидеме претпазливи за намалување на сиромаштијата како приритетна развојна цел. Властите веќе почнаа да преземаат некои чекори, на пример минималната плата е зголемена, што ќе помогне да се ублажат некои удари врз сиромашните, но морам да кажам дека сугерираме внимателно разгледување на кое било идно прилагодување на платите бидејќи треба да биде усогласено со продуктивноста. Во спротивно ќе се случи трошоците за работната сила да растат, и без продуктивноста, вусшност ќе се намали побарувачката за работници. Не треба да се случи тоа. А што треба да направат властите да им помогнат на сиромашните, има многу што да се направи. Таргетирана социјална помош е број еден краткорочна мерка што треба да се спроведе, но повторно се враќаме на реформите на среден рок коишто треба да помогнат да се прекине кругот на сиромаштијата. Кои се тие? Тие се поврзани со човечкиот развој односно пристап до добра здравствена заштита, пристап до образование, пристап до пазарот на сила особено фокусирајќи се на жените и младите, бидејќи всушност сакаме да видиме луѓето сами да се извлечат од сиромаштија“, вели Бјерде.

Растечката инфлација веќе ја отвори дебатата за зголемување на каматите што значи дека времето на евтино задолжување е завршено, а ова е лоша вест за земјите како нашата што планираат да се задолжуваат.

„Гледаме зголемување на каматните стапки за надворешното задолжување, и загрижувачки е затоа што доаѓа во време на стеснување на фискалниот простор. Многу влади ќе мора да прибегнат кон задолжување за да го надминиат овој тежок период. Земјите што можат ќе прибегнат кон домашно задолжување во случај надворешното да стане многу скапо, па дури и забрането или тешко, а во исто време јавниот долг како удел во БДП се зголеми, за овој регион проценуваме дека е зголемен уште 10% од БДП во просек последните 3-4 години и тоа е нешто што треба да се внимава. Нашата препорака е да се внимава при трошењето, и ако го финансирате буџетскиот дефицит, видете кои ви се опциите, ако финансирате развојни проекти осигурајте дека тие навистина ќе донесат реални бенефити за крајните корисници, населението во земјата“, истакна Бјерде.

Три конкретни чекори

За време на дводневната посета во земјава, Бјерде вели дека разговарала со македонските власти за идните чекори што треба да се преземат за да се обезбеди побрз економски развој.

„Ние препорачуваме 3 конкретни чекори. Прво, изградете отпорност и направете го тоа на два начина, преку фискални заштеди и диверзфицирајте каде што сте најранливи како на пример кај енергетиката и големата зависност од природен гас од една земја кон други. Второ е навистина да се фокусирате на структурни реформи, и повторно морам да го спомнам човечкиот развој. Северна Македонија направи добри напори но има уште многу долг пат за да добиете добар бенефит од образовниот систем, подобри здравствени услуги, таргетирана социјална помош, и поголемо учество на работната сила на пазарот, особено на жени и млади. И конкурентската политика исто така, гледаме многу можности што ќе ја прошират основата на економските оператори преку зголемена конкуренција, осигурувајќи дека ќе ја отворите економијата кон мали и големи инвеститори. Конкуренцијата како принцип кога гледате на голем развој како кај обновливите извори на енергија, мислиме дека тоа е добар начин. И трето, продолжете со добра и прудентна макроекономска политика како и независноста на централната банка, затоа што тоа ќе ја одржува земјата добро. И конечно, зелената транзиција. Ова е тешко прашање денес бидејќи сите сакаат да обезбедат енергетска сигурност, а понекогаш таа доаѓа пред зелената енергија, мислиме дека е добро да се подготвите за зелена енергија преку зголемено распоредување на обновливата енергија – ветер и сонце за коишто веќе има некаквo искуство во земјата, но исто така и енергетската ефикасност бидејќи ако може да ја намалите побарувачката за енергија тоа е поевтино отколку да инвестирате во енергија“, потенцираше Бјерде.

македонија7 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија10 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје