Connect with us

македонија

Ангеловска, АЕТМ: Потребно е забрзување на е-трговијата, за да се доближиме до европските земји

објавено

на

Имаме многу работа како на страната на побарувачката (населението), така и на страна на понудата (македонските компании) која треба да се унапредува. Предизвикот кој останува е да се задржи и зголеми растот остварен со пандемијата со цел да се забрза трансформацијата кон дигитално и смарт општество, да се искористат предностите на дигиталната економија и е-трговијата како интегрален дел од истата. Продолжуваме и понатаму посветено и со многу ентузијазам, заедно со сите засегнати страни, да работиме на забрзување на трансформацијата, дигитализацијата и е-трговијата во нашата земја и креирање на подобра иднина.

Пополека се одбројуваат деновите до петтата, јубилејна, Конференција за е-трговија, што во организација на Македонската асоцијација за е-трговија (АЕТМ) ќе се одржи во Скопје на 11 ноември. Со претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска, разговараме околу тоа што може да очекуваат посетителите годинава, како и за тоа до каде е земјава стигната на полето на развојот на е-трговијата и што треба уште да направиме за колку-толку да ги стигнеме поразвиените европски економии.

-Г-ѓа Ангеловска, за годинава најавувате досега најдобра конференција, со веќе изразен меѓународен карактер. Накратко, што ќе имаат прилика учесниците да слушнат годинава?

Годинава ја организирамеконференцијата за е-трговија по петти, јубилеен пат, а во исто време Македонската асоцијација за е-тргогвија – АЕТМ полни 5 години, и затоа се стремиме да го направиме најдоброто и најголемото издание досега, но и да ставиме поголем фокус на регионалниот аспект со тоа што ќе има повеќе говорници и учесници од регионот на Западен Балкан. Темите кои ќе ги покриеме оваа година во внимателно изработената конференциска програма ќе бидат преточени во 4 главни насоки: можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот; промени на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата; податоци, маркетинг и технологија: воздухот на е-трговијата; и како до: патоказ до успех – како изгледа успехот.

Презентациите, панел дискусиите и неформалните разговори ќе бидат испорачани од меѓународни и домашни експерти и говорници со докажано искуство во областа на е-трговијата, дигитален маркетинг, дигитализација и многу други области од екосистемот за е-трговија. Деталната агенда е веќе затворена, говорниците се веќе договорени, а покрај тоа што нудиме многу висококвалитетни теми, алатки, тактики и стратегии за забрзување на бизнисот, оваа година посебен акцент ќе биде ставен на делот за вмрежување помеѓу учесниците. Бидејќи како што напоменав ова е јубилејно издание, сеопфатната програма на конференцијата оваа година е проширена и опфаќа: едукативен дел (конференциска програма на 11 ноември), забавен дел (неформално дружење на сите учесници на конференцијата и на сите членови на АЕТМ вечерта по завршување на едукативниот дел) и спортско-рекреативен дел – заедничко искачување на Водно со говорниците и учесниците утрото на 12 ноември (сабота), проследено со дружење на врвот на планината.

-Мотото на конференцијата е E-commerce.Accelerate!, па да објасниме прво со какви стапки се забрза е-трговијата во Македонија изминатава година – ако може краток осврт на најновиот извештај на АЕТМ за состојбите на е-commerce пазарот, кои би биле клучните поенти?

Да, мотото на овогодишната конференција е Забрзување во е-трговијата, зошто? Затоа што пандемиските услови го забрзаа темпото на раст на е-трговијата, но дали е тоа доволно? Ако се споредиме со развиените земји, а дури и со соседите, остварениот раст не е доволен. Најпрво би почнала со основниот услов за вршење на е-трговија, користењето на интернет. Според податоците на Државниот завод за статистика 86.4 од популацијата на возраст 16-74 години употребуваат интернет, а тој процент во развиените земји е 100. Потоа за што се користи интернетот, односно од анализата на онлајн активностите на македонските интернет корисници се забележува дека најмногу го користат интернетот за да разговараат, а помалку да пишуваат, да бараат информации, да продаваат онлајн или да учат и плаќаат онлајн.

Тимот на АЕТМ на минатогодишното издание на Конференцијата за е-трговија

Во 2021 година Македонците биле значително над европскиот просек во користење на интернетот за телефонирање и видео повици – за учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, Твитер итн.) и за разменување на инстант пораки по Skype, Messenger, Whatsapp, Viber. Дури 91% од корисниците на интернет, телефонираат преку интернет, 85% учествуваат во социјалните мрежи и 82% разменуваат инстант пораки. 72% од македонските интернет корисници читаат онлајн вести/весници/списанија исто како просечниот европски интернет корисник. Значително под европскиот просек, Македонците го користат интернетот за наоѓање информации за производи и услуги (66%), за праќање меил (56%), интернет банкарство (31%), онлајн учење (15%) и продажба на производи и услуги и др. (6%). При тоа 46% од македонските интернет корисници во 2021 година купиле/направиле нарачка онлајн наспроти 40% во 2020 година.

Со овој раст Република Северна Македонија во споредба со регионот се наоѓа за две места повисоко во однос на минатата година, односно е подобра од Романија и Бугарија, покрај од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Балканските земји и понатаму се на дното на рангираната табела со европските земји, а Србија е најдобро рангирана каде 53% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки (Слика 1). Анализата на сите достапни податоци во извештајот за оваа година покажуваат дека и покрај постигнатиот напредок во споредба со другите европски земји потребно е забрзување во сите алки на синџирот на делување на е-трговијата.

Слика1: Онлајн купување во последните 12 месеци како процент од поединци со интернет пристап во 2021 и 2020 година во европските земји (извор: Евростат)

-Се променило ли нешто битно во профилот на просечниот македонски е-купувач за време на пандемијата и во кој правец очекувате да се развиваат понатаму потрошувачките навики, очекувања и преференции на Македонците?

Профилот на македонскиот е-купувач и во 2021 година не е сменет кога се работи за тоа што купува, колку често и колку троши по нарачка, односно македонскиот е-купувач најмногу купува облека онлајн, а најмалку мебел и храна, а тоа го прави еднаш до два пати во 3 месеци во нарачки најчесто до 50 евра. 67% од Македонците кои купувале онлајн во последните 3 месеци,  купиле/нарачале облека (вклучително и спортска облека, чевли и додатоци), и се близу до европскиот просек од 68% за овие производи. Спортска опрема купиле 16% од Македонците, потоа други производи 12%. Многу помал процент од македонските онлајн купувачи купиле или направиле нарачки за останатите категории во споредба со европскиот просек (Слика 2).

Слика 2: Што купувале Македонците во последните 3 месеци споредено со ЕУ (27) просекот изразено како % од тие што порачале услуги/производи во последните 3 месеци во 2021 (извор: Евростат)

Позитивна промена во профилот на македонскиот е-купувач е понатамошното зголемување на направените онлајн нарачки од домашните е-трговци. Во 2021 година 83% од онлајн купувањата се направени од домашните е-продавници. Македонците го намалиле и учеството на купувањето од продавачи од другиот дел на светот на 18% во 2021 година и од непознати земји направени на 27% во истиот период. 

Оваа позитивна промена на зголемено онлајн купување од домашни е-трговци се потврдува и со податоците на Народната банка на Република Северна Македонија каде се анализирана вредноста на направените трансакции со платежни картички кон е-продавници според местото на направената трансакција, дома и во странство. COVID-19 пандемијата поттикна троцифрен раст во вредноста на реализирани онлајн трансакции кон домашните е-продавници, но важно е дека растот продолжи и во 2021 година.

На Слика 3 дадено е движењето на вредноста на онлајн трансакциите од 2016 до 2021 година по место на реализација и растот на истата во однос на претходната година. Она што може да се забележи е дека динамиката на пораст на вредноста на реализирани трансакции кон домашни е-трговци (од домашни и странски иматели на картички) во 2020 е особено засилена од пандемијата и во 2020 година има драстичен раст од 199% спрема 2019 година.

Слика 3: Вредност на онлајн трансакции (во милион евра) во 2016-2021г. според потеклото на картичката и трансакцијата и остварен раст по години (Извор:НРБСМ)

Она што е важно е дека растот на остварените е-трансакции кон домашните е-трговци расте и во 2021 година и тој раст изнесува 47%. Вредноста кон странски е-трговци (од македонски иматели на картички) бележи пад од 52% на годишно ниво во 2020 година, но со олабавување на мерките во 2021 година вредноста на остварените онлајн трансакции кон странски е-трговци расте 117%.

……………………………………………………………………………………………………………………………………………

Целото интервју со Ангеловска ќе може да го прочитате во новото издание на магазинот Капитал што ќе излезе на 28.10, петок.

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација