Connect with us

економија

Ангеловска-Бежоска: Постојната монетарна стратегија е најоптимална за македонската економија, денарот e стабилен

објавено

на

„Курсот не е пречка и поголемата конкурентност треба да се обезбеди преку структурните политики. Поголемата флексибилност во однос на курсот би имала брзи преносни ефекти врз цените, би можела да има и неповолни ефекти врз финансиската стабилност.“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска во „24 Анализа“.

Постојната монетарна стратегија за одржување на стабилноста на домашната валута во однос на еврото е најоптимална за македонската економија, имајќи ги предвид нејзините карактеристики како мала и отворена економија. Оваа оцена на Народната банка ја споделува и Меѓународниот монетарен фонд, којшто секоја година врши оценување на усогласеноста на курсот со фундаментите на нашата економија или едноставно кажано, проценува дали нивото на курс коешто го имаме ние е пречка за поголема конкурентност на нашата економија. Заклучокот е дека курсот не е пречка и дека поголемата конкурентност треба да се обезбеди преку структурните политики. Поголемата флексибилност во однос на курсот би имала брзи преносни ефекти врз цените, би можела да има и неповолни ефекти врз финансиската стабилност и оттаму, цврсто стоиме на ставот за соодветноста на постојната монетарна стратегија.

Ова, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во вчерашното издание на емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24. Во контекст на монетарната стратегија, таа посочи на важноста на девизните резерви коишто се на соодветно ниво, а се осврна и на значењето на пристапот до девизна ликвидност во евра од Европската централна банка, којшто на Народната банка за првпат ѝ беше овозможен минатата година.

Во емисијата, Ангеловска-Бежоска се осврна и на најновите макроекономски проекции на Народната банка и на очекувањата за постепено закрепнување на македонската економија со раст од 3,9% оваа година и враќање на преткризното ниво во текот на следната година, доколку нема остварување на ризиците, коишто првенствено се поврзани со натамошниот тек на здравствената криза. Притоа, посочи и на важноста на надворешното окружување, коешто е од значење за закрепнувањето на домашната економија.

Во контекст на очекувањата за оваа година, покрај на важноста на извозната активност, гувернерката посочи и на важноста на остварувањето на капиталните инвестиции, за коишто истакна дека може да претставуваат катализатор за позитивни промени, како и дека може да имаат мултипликативен ефект, вклучително и со влијание врз пазарот на трудот.

Ангеловска-Бежоска се осврна и на очекувањата за странските директни инвестиции. 

„Минатата година, странските директни инвестиции забавија, имајќи предвид дека и во глобален контекст имаше намалување на странските директни инвестиции. За годинава, меѓународните институции предвидуваат стабилизирање на овие финансиски текови и ние очекуваме закрепнување на инвестициите. Поконкретно, за странските директни инвестиции, најважно е што ќе се случува на меѓународните пазари. Сега, финансиските пазари се поволни и каматните стапки се ниски, а минатата година, кога се соочивме со кризата дојде до затегнување на меѓународните пазари и тогаш и каматите за позајмување пораснаа.“ – истакна гувернерката.

Во однос на инфлацијата, Ангеловска-Бежоска посочи дека таа и натаму е умерена, согласно и со најновите оцени и проекции, при што посочи дека Народната банка постојано ги следи движењата, а дека од клучно значење се цените на примарните производи на светските берзи, зашто најголемиот дел од потрошувачката кошница отпаѓа на храната и енергијата.

„Оцените на Европската централна банка упатуваат дека факторите што придонесуваат за поголема варијабилност на стапката на инфлација годинава главно се од привремена природа и за наредната година се проектира намалена стапка на инфлација. Ние ги следиме движењата и доколку има потреба од интервенција за задржување на ценовната стабилност, ќе ги преземеме сите неопходни мерки.“ – кажа Ангеловска-Бежоска.

Во емисијата, гувернерката се осврна и на прашања за банкарскиот сектор, при што говореше и за првичните показатели за првиот квартал од оваа година, коишто укажуваат на неговата стабилност.

Во однос на пропаѓањето на „Еуростандард банка“, гувернерката уште еднаш истакна дека дозволата за работа ѝ беше одземена откако биле исцрпени сите можности што централната банка ги има на располагање.

„За кој било гувернер или за централна банка нема потешка одлука од одлуката за затворање банка. Таква одлука се носи откако ќе бидат вложени максимални напори и ќе бидат исцрпени сите можности за поповолно решение за банката, особено имајќи ги предвид интересите на депонентите. Таков беше и овој случај.“ – истакна Ангеловска-Бежоска.

Истовремено, таа напомена и дека деловните банки се приватни институции коишто самите одлучуваат за секој кредит.

„Централните банки не даваат кредити, не одлучуваат, ниту, пак, тие кредити подлежат на согласност од страна на централните банки. Оваа банка беше под засилени контроли и се проверуваше степенот на ризик на којшто се изложува. Одлуките за кредит ги носеле кредитните одбори, а ако износот на кредитот е поголем, одлуката ја носел Надзорниот одбор.“ – рече Ангеловска-Бежоска во интервју за Телевизија 24.

Во емисијата, гувернерката се осврна и на податоците за кредитната активност и депозитите, како и на очекувањата за нивен натамошен раст во следниот период.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

технологии / компании35 минути ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика36 минути ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион36 минути ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија36 минути ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија36 минути ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија37 минути ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија37 минути ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки38 минути ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија38 минути ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија38 минути ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија7 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион7 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија3 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија4 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија2 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки39 минути ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

регион40 минути ago

Европа ќе ја обновува природата со закон, земјоделците бесни