Connect with us

Uncategorized

Ангеловска-Бежоска: Приоритет на монетарната политика и натаму е одржувањето на стабилноста

објавено

на

На пократок рок, преку фискалните мерки може на подиректен начин да се ублажи трансмисијата од глобалниот пораст на цените на енергијата врз цените на стоките за потрошувачка, како и во одредена мера да се надомести загубата во доходот кај најранливите категории. Од друга страна, монетарната политика треба да се насочи кон одржување на ценовната и на макроекономската стабилност.

Во центарот на вниманието на монетарната политика мора да е одржувањето на ценовната стабилност, а со тоа и на вкупната макроекономска стабилност, коишто се најдобриот придонес што таа може да го даде за економијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата „Задржување на домашниот раст сред постпандемично врамнотежување, ценовни притисоци и војна во Украина“ во рамките на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“.

Зборувајќи за тоа како да се поддржи економскиот раст, а во исто време да се стабилизира инфлацијата, предизвикана од воениот конфликт во Украина, гувернерката посочува дека особено е значајна координацијата на фискалната и на монетарната политика. На пократок рок, преку фискалните мерки може на подиректен начин да се ублажи трансмисијата од глобалниот пораст на цените на енергијата врз цените на стоките за потрошувачка, како и во одредена мера да се надомести загубата во доходот кај најранливите категории. Од друга страна, монетарната политика треба да се насочи кон одржување на ценовната и на макроекономската стабилност.

На среден рок, по стабилизирањето на состојбите, потребна е постепена фискална консолидација, а поголемо внимание на структурните реформи коишто треба да ја намалат ранливоста на економијата, да ја зголемат нејзината отпорност и потенцијал за раст.

„Општо познато е дека макроекономските политики, а особено монетарната политика, не можат да бидат замена за темелни структурни реформи. Само со структурни реформи може да се откријат точките на ранливост на економиите, да се унапредат основите и да се зголеми потенцијалот за раст, а со тоа и заштитата од идни можни шокови“, посочи гувернерката.

На панел-дискусијата, покрај гувернерката на Народната банка, учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас