Connect with us

македонија

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на девизниот курс – сидро на ценовната и финансиската стабилност

објавено

на

Стратегијата на фиксен девизен курс спречи поголеми инфлациски притисоци, а придонесува и кон одржување на финансиската стабилност со оглед на релативно високата евроизација во кредитното портфолио на банкарскиот систем, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во рамките на Регионалниот состанок на гувернери, којшто се одржува во Опатија, Хрватска.

„Стабилноста на курсот на денарот и во текот на последната криза се покажа како сидро на стабилноста во домашната економија. Стратегијата на фиксен девизен курс спречи поголеми инфлациски притисоци, а придонесува и кон одржување на финансиската стабилност со оглед на релативно високата евроизација во кредитното портфолио на банкарскиот систем.“ Ова беа дел од пораките на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Тркалезната маса на гувернери, во рамките на Регионалниот состанок на гувернери, којшто се одржува во Опатија, Хрватска.

На тркалезната маса на гувернери на тема „Фатени во виорот: монетарните политики и малите отворени економии во услови на висока инфлација 2.0“, покрај гувернерката на Народната банка, учествуваа Борис Вујчиќ, гувернер на централната банка на Хрватска, Боштјан Васле, гувернер на централната банка на Словенија, Сенад Софтиќ, гувернер на централната банка на БиХ, Радоје Жугиќ, гувернер на централната банка на Црна Гора, како и универзитетскиот професор Саша Дрезгиќ, декан на Економскиот факултет во Риека. Гувернерите врз основа на своите искуства зборуваа за монетарните политики во услови на инфлациски раст, како и за просторот за делување на централните банки на помалите отворени економии во услови на  глобални инфлациски шокови. По излагањата на панел-дискусијата, гувернерите одговараа и на прашања од студентите кои присуствуваа на настанот.

Во контекст на одржувањето на фиксниот девизен курс на денарот, а со тоа и макроекономската и финансиска стабилност во земјата, гувернерката посочи на соодветното ниво на девизните резерви, коишто според последните податоци изнесуваат 4,2 милијарди евра. Ова е историски високо ниво и е клучен показател на капацитетот за успешно спроведување на монетарната стратегија. Таа посочи и дека од почетокот на енергетската криза, поради високите увозни притисоци, за одржување на стабилноста, Народната банка интервенира на девизниот пазар со што овозможи задоволување на повисоката побарувачка на девизна ликвидност. Веќе од јули минатата година, на девизниот пазар дојде до значително стабилизирање, а Народната банка интервенира со откуп на девизи, што заедно со надворешното финансирање, обезбеди дополнителна поддршка на девизните резерви. 

За годинава се очекува намалување на трговскиот дефицит при постепено стабилизирање на берзанските цени (особено на енергентите), што ќе придонесе за помали притисоци врз увозот, но и при поповолна конјунктура за дел од извозниот сектор. Ова, заедно со  дополнителните текови преку финансиската сметка, и натаму би ги јакнело девизните резерви како основа за одржување на стабилноста на девизниот курс.

македонија2 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија3 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија