Connect with us

македонија

Ангеловска: Работиме со полна пареа, најавувам одлична Годишна конференција за е-трговија, четврта по ред

објавено

на

Ова е четвртото издание на годишната конференција за е-трговија која секоја година ги носи сите засегнати страни на едно место, обезбедува квалитетна програма и говорници и всушност претставува настан на годината за е-трговијата.

Разговаравме со д-р Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, околу подготовките за претстојната четврта по ред Годишна конференција за е-трговија и за тоа што се’ ќе може да се слушне и научи на настанот.

Г-ѓа Ангеловска, како течат подготовките за претстојната Годишна конференција за е-трговија? Кои се најголемите предизвици со коишто се соочувате при организацијата?

Подготовките се во полна пареа, ни следат уште три недели исполнети со “организиран хаос” кој e составен дел од организацијата на ваков настан. Секоја година се трудиме да биде подобра од претходната, да направиме повеќе, да ги надминеме очекувањата и себе си со организацијата. Целиот циклус е многу напорен  и бара добро лидерство и комуникација, беспрекорна тимска соработка како на клучниот тим во организација така и со сите соработници кои се вклучени во организација, а тоа се над 100-тина луѓе.

 Ако организацијата на конференцијата ја споредиме со сложувалка, потребни се многу делчиња – секој треба да го испорача својот дел, а ако едно потфрли резултатот нема да биде целината која сте ја замислиле – ова е еден од клучните предизвици, односно секоја работа не зависи директно од вас, затоа внимателно ги одбираме говорниците, соработниците и сите вклучени страни.

Предизвик е да се креира квалитетна програма и секако да се обезбедат врвни говорници согласно замислата, темите и нивото. Важен е секако личниот контакт, а покрај конференцијата за привлекување иницијален интерес со потенцијалните говорници споделуваме на некој начин и “sales pitch” со причини зошто да ја посетат Македонија со оглед дека речиси сите говорници кои ги носиме секоја година не биле претходно. По иницијалниот интерес следи интензивна комуникација за утврдување на темата, што ќе опфатат во нивната презентација, логистички аспекти и сл.

Посветуваме многу внимание на грижа за говорниците и комуникацијата со нив пред доаѓањето, за време на нивниот престој и по завршување на конференцијата. Истото се однесува и за спонзорите и партнерите на конференцијата без чија поддршка конференцијата не била тоа што е. Благодарни сме за довербата која ни ја даваат а тоа што голем дел од нив се наши партнери секоја година не радува-  Mastercard е главен партнер на конференцијата од самите почетоци, А1 Македонија е дигитален партнер веќе трета година, Касис златен партнер втора, а оваа година златни партнери се и Скопска Пивара и Кара5.   

-Најавивте интересни говорници од компании како Viber, Alibaba, Spotify, итн. Може ли да издвоите нешто од содржините што се спремаат за конференцијата? Што ќе имаат посетителите да слушнат и научат годинава?

Да се надоврзам на компарацијата со “сложувалка” – квалитетната програма е едно од клучните делчиња од истата (едно од оние во средината на сложувалката). Секоја година посветуваме многу внимание на програмата и изборот на говорниците – согласно потребите на пазарот, очекувањата на учесниците и актуелните трендови. Така оваа година агендата тргнува со темата “Дигитализација и дигитална нација” – бидејќи тоа е предуслов за развој на е-трговијата. Потоа во вториот дел насловен “COVID-19 поттикот врз е-трговијата” ќе опфати презентација на состојбата кај нас и прогресот и во Европа, а ќе имаме прилика да слушнеме и примери за влијанието и стратегиите кои ги преземале водечката холандска маркетплјес платформа (Bol.mk) и Coca Cola.

Безбедноста и довербата се клучни за е-трговијата па третиот дел е посветен на “Безбедни и иновативни е-плаќања” кој вклучува две презентации и една панел сесија која ќе го обработува “триаголникот” на довербата, регулативата и технологијата. Инклузивноста и еднаквоста се потребни за раст и развој на секое поле, па така четвртиот дел вклучува една панел дискусија насловена “Повеќе жени за подобри перформанси: Како и зошто поголема вклученост на жените?”. И петтиот дел кој всушност претставува речиси половина од целата програма е посветен на “Дигиталниот маркетинг и новите трендови”.

Во денешниот свет на брзи промени потребно е постојно учење, менување и примена на нови алатки и тактики. Овој дел се состои од шест презентации  од главните говорниците кои ги споменавте,  а тоа се Alibaba Group, Viber, Spotify како и Air Serbia, A1 Македонија и Kara5. Темите на говорниците се внимателно одбрани во соработка со говорниците со цел учесниците да може да слушнат корисни тактики и совети кои може да ги применат во нивните компании за раст на бизнисот. Овој дел вклучува и панел дискусија со регионалните водечки маркетплејс платформи кои ќе зборуваат од нивно искуство за што функционира, а што не на пазарот на кој работат.

На крајот секако конференцијата традиционално ќе ја завршиме со гејмификација, односно квиз-натпревар со вредни награди за победниците кој е спонзориран од A1 како дигитален партнер на конференцијата.

-Во каков формат ќе биде организирана конференцијата годинава, со оглед на пандемијата којашто се уште не дозволува целосно враќање кон физичко присуство?

Ова е четвртото издание на годишната конференција за е-трговија која секоја година ги носи сите засегнати страни на едно место, обезбедува квалитетна програма и говорници и всушност претставува настан на годината за е-трговијата. По успешното прво издание во 2018 година на кое присуствуваа над 350 учесници, второто привлече околу 500 учесници и секако имајќи го предвид интересот и задоволството на учесниците нашата визија беше да продолжиме да растеме како во квантитет така и во квалитет. Добро е кога за конкуренција се сметате самите себе од претходната година и стремеж ви е да се надминувате секоја година, односно во случајот секое наше претходно издание ни беше репер за да направиме уште подобро следната година.

Но, се случи COVID-19 па моравме како и сите да се адаптираме и така третото издание кое беше посветено на Е-трговијата & COVID-19 го организиравме виртуелно во присуство на 350 учесници. Оваа година согласно можностите за прв пат организираме хибридно и тоа со физичко присуство во хотел Хилтон за ограничен број на учесници согласно протоколите, а дополнително и онлајн издание за сите учесници кои сакаат виртуелно да ја следат конференцијата од нивниот дом, канцеларија или каде и да се. Иако енергијата е поинаку може да се пренесе кога сте присутни во салата, ќе се потрудиме максимално да направиме да се чувствуваат како да е таму и оние кои ќе не следат преку платформата.

-Кои се клучните поенти што ќе ги истакнете во презентацијата на состојбата со е – трговијата во Македонија?

Во презентацијата ќе ги истакнам клучните согледувања од Анализата на е-трговијата 2021 година која е во фаза на финализација и ќе биде наскоро публикувана. По сеопфатните публикувани анализи во 2018 и 2020 година ова е трета анализа која дава преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и прави споредба со регионот и европските земји.

Несомнено е дека COVID-19 значајно го забрза растот на е-трговијата, македонската е-трговија забележа троцифрени стапки на раст. Во презентацијата ќе го погледнеме поттикот на е-трговијата предизвикан од пандемијата и ќе дадам одговор на едно од главните прашања а тоа  е- “Колку од овој раст е задржан после една година од започнување на пандемијата и како се движи развојот?”.

Потоа ќе зборувам за профилот на македонскиот е-корисник и е-купувач (што купува, колку, од каде, за што користи интернет и сл.) и негова споредба со балканскиот и европскиот?  Ќе бидат споделени и некои “fun facts” како на пример тоа дека Македонците се први во Европа по користење на интернетот за споделување слики и текст на апликации и веб страни, што значи далеку повеќе од европејците  и другите соседни земји сакаме да споделуваме содржини на социјални медиуми 🙂

Исто преку релевантните индикатори ќе го разгледаме напредокот  и потенцијалот или колку е Северна Македонија подготвена за е-трговија.

свет17 часа ago

Русија касни со плаќање на долгот кон странство. Министерот за финансии: тоа е фарса

економија4 дена ago

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Рекоа за…продуктивноста

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Зошто предолгото работење од дома може да е штетно за вашата кариера?

менаџмент / маркетинг4 дена ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

технологии / компании4 дена ago

Инженер на Google откри дека компанијата поседува вештачка интелигенција што станала свесна, па го пратија дома

свет4 дена ago

Ако пукне балонот со недвижности во Кина, ќе се оствари кошмарот на сите економисти

македонија4 дена ago

Виталиа е единствениот производител  со оцена А на престижниот BRC сертификат за квалитет

start up4 дена ago

Запознајте ги „ангел – инвеститорите“ што ги поддржаа наградените стартапи

македонија5 дена ago

За македонските граѓани најсигурна инвестиција е во станови, нивната цена пораснала за 20% за 3 години и нема да се намалува

start up6 дена ago

Македонскиот стартап Qpick започнува интернационална експанзија!

интервју4 дена ago

Роза Балфур: Условот за добрососедство мора да важи и за членки  – не може со вето да решаваат билатерални проблеми

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

македонија5 дена ago

Ковачевски во Брисел го отрфли францускиот предлог

свет4 дена ago

Ако пукне балонот со недвижности во Кина, ќе се оствари кошмарот на сите економисти

економија4 дена ago

Акциските фондови со пораст од 57% и покрај хаосот на светските берзи

економија4 дена ago

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

економија4 дена ago

Од висока инфлација и економска стагнација добиваме стагфлација

македонија4 дена ago

Една третина од македонските компании се дигитално зрели