менаџмент / маркетинг
Анонимни процени на колегите и шефовите
Критичка метода “360 степени”
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Според некои истражувања, со методот на оценување на вработените, наречен “360 степени”, се служат една третина од компаниите во САД, но сè попопуларен е и во останатите делови од светот. Се смета дека анонимната процена на колегите и шефовите е прилично доверлив извор на информации, но методот има и многу лоши страни
Постои метод за оценување на вработените со кои што работната средина толку се протресува што се чини дека 50% од луѓето добиле отказ, а сите имаат чувство дека се случуваат историски промени. Но, како последица, оваа иста техника може толку да ја убие волјата и психата на оценетиот вработен, па тој никогаш да не се опорави сосема. Се работи за методот на оценување наречен “360 степени” затоа што секој вработен анонимно го оценува не само неговиот шеф, туку и колегите во разни видови на работен однос – дури до десетина соработници. Секако, тоа значи дека повратната информација за работата и успешноста мора да се сфати прилично сериозно. Кога оцената е позитивна, се поттикнува еланот, креативноста и работната дисциплина, и се развиваат подобри односи со клиентите и поуспешен развој на кариерата. Но, ако е лоша, компанијата може да има повеќе проблеми отколку пред оценувањето.
Колеги или непријатели
Повратните информации од “360 степени” му овозможуваат на секој поединец да разбере како другите го гледаат како вработен, колега или член на персоналот. Критиките се најефективни затоа што се одраз на односите, силите и маните што само другите колеги или клиенти може да ги видат. Корените на овој метод досегаат до времето на Втората светска војна: во тоа време, имено, германската полиција на непопуларен начин прибирала мислења за своите членови. Во педесеттите методот почнал почесто да се употребува, за да во деведесеттите ја прифатат многу организации и професионалци од одделите за човечки ресурси. Проблемот бил во тоа што податоците се прибирале и споредувале на хартија, заради што процесот бил бавен и скап. Денес таквите анкети заради употребата на интернет се с$ попопуларни; според некои истражувања со нив се служат дури една третина од компаниите во САД или речиси 90% од компаниите од Форчновата листа на 500 најголеми. Очигледно, методот може на фирмата да & донесе многу корист.
Меѓутоа, ако негативното мислење за нечија работа одекнува на неколку управни нивоа, потребно е крајно позитивно стојалиште и цврста глава за да искуството се пренасочи во поттикнувачко и позитивно, и дотогашните колеги параноично да не ги претвори во непријатели.
“Освестување за своите мани и менување во склад со она што се дознава од таква полифонична критика многу е поимпресивно отколку некој да се развива само врз основа на пофалби. Негативната критика може да биде прилика човек да покаже дека може да слуша и да учи”, вели проф. Лариса Тајденс од бизнис училиштето на Стенфорд универзитетот.
Не ги барајте “кодошите”
Што да се стори кога ќе се добие негативна критика? Харвард Бизнис Ривју дава неколку корисни совети за совладување на лутината, разочарувањето, па и желбата за одмазда. Прво, не треба панично да се реагира да се истресете на првиот (најверојатно сосема невин) колега и да се заземе одбранбена позиција. Треба малку да се причека да слегнат впечатоците, а себеси да си кажете дека критиката е прилика да се видите во ново, поинакво светло. Треба да се прашате дали промената на однесувањето што критиката ја имплицира е вредна за вашето време и енергија. Треба исто така со тимот и надредените да поделите некои идеи околу промените што е решено да се направат.
Никако не треба да ги барате “кодошите”. Не треба ниту да се обидувате да го промените секое негативно оценето однесување; фокусирање само на некои проблеми е подобра стратегија. Исто така, немојте интуитивно да се фокусирате на негативното – повеќето критики содржат и позитивни и негативни повратни информации.
Прочитај Уште...



Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава
