Connect with us

економија

Антикризните мерки го прекроија буџетот

Министерството за финансии по втор пат го прекрoи државниот буџет, во услови кога економската криза почна да се заострува поради напливот на нов поголем бран на ширење на коронавирусот.

објавено

на

Министерството за финансии по втор пат го прекрoи државниот буџет, во услови кога економската криза почна да се заострува поради напливот на нов поголем бран на ширење на коронавирусот. Откако меѓународните финансиски институции објавија дека песимистичките сценарија стануваат реалност и прогнозите за македонската економија ги сведоа на длабока рецесија и пад на бруто домашниот производ до 5,5%, властите имајќи ги предвид новите околности исто така ја ревидираа сопствената проценка за намалување на економската активност на 4,4%. Меѓутоа, со ребалансот не се менува приходната страна, односно властите не стравуваат дека подлабоката рецесија ќе ги намали планираните приходи во државната каса, туку се зголемуваат трошењата коишто ќе се финансираат со ново задолжување на домашниот пазар. Па така, со ребалансот на буџетот останува планот да се приберат 3,2 милијарди евра, но да се потрошат 4,11 милијарди евра, што е дури 164 милиони евра повеќе споредено со претходниот усвоен буџет. Со тоа, минусот, односно буџетскиот дефицит се очекува да достигне 8,4% од БДП или дури 920 милиони евра.

Власта не стравува дека подлабоката рецесија може да ги намали планираните приходи, туку со ребаланс на буџетот го менува планот на трошење на јавните пари. Па така, со ребалансот на буџетот останува планот да се приберат 3,2 милијарди евра, но да се потрошат 4,11 милијарди евра, што е дури 164 милиони евра повеќе споредено со претходниот усвоен буџета тоа да се финансира со задолжувања на домашниот пазар. Со тоа, минусот, односно буџетскиот дефицит се очекува да достигне 8,4% од БДП или дури 920 милиони евра.

Од Министерството за финансии објаснија дека вториот ребаланс на буџетот е се прави за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија од кризата.

Но иако не се очекува намалување на приходите, властите со вториот ребаланс ја ревидираат својата прогноза за падот на економијата, од 3,5% на 4,4%. Но велат, доколку не се преземеа пакетите мерки, падот веројатно ќе беше повисок.

Од Министерството за финансии велат дека промените на расходната страна вклучуваат 470 милиони евра за четвртиот пакет антикризни мерки.

„Овие средства се распределени во буџетите на соодветните министерства и институции надлежни за имплементација на владините мерки преку посебна владина Потпрограма П1- Мерки за справување со Ковид – 19 кризата. За финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор се предвидени 70 милиони евра, за домашна платежна картичка за ранливи категории 27 милиони евра, за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња 6,7 милиони евра, за македонски викенд шопинг без ДДВ 17 милиони евра, за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка 13 милиони евра и за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби 5,5 милиони евра“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој објаснува дека сите земји посегнуваат по вбризгување пари во економиите како мерки за справување со кризата.
„Има зголемување на расходната страна со цел да го поддржи четвртиот пакет на мерки. Дефицитот кореспондира со најголемата економска криза која се случува на нашата економија – повисок пад на БДП од 12,7% на квартално ниво немало во нашата економија и 6,5% пад во првото полугодие. Но тоа не е само кај нас. Тоа го имате на ниво на светската економија и на Европската унија. Тоа е глобален проблем, глобална криза. Со вториот ребаланс, проширен е буџетскиот дефицит, но средствата се насочуваат кон четвртиот пакет мерки кој е во насока на помош на граѓаните и стопанството за надминување на кризата“, вели Бесими.

Ново задолжување кон странство нема да има

Скоро сите економии во текот на годината го проширија буџетскиот дефицит, додека просекот на Еврозоната е 8,4%. Следниот период со стабилизирање на состојбата и прудентно менаџирање, буџетскиот дефицит ќе се консолидира.
Кратења има кај расходите за стоки и услуги, од околу 16 милиони евра и уште околу 20 милиони евра од капиталните расходи.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, објасни дека на сметка на четвртиот пакет на економски мерки како помош за надминување на корона – кризата со најавуваниот ребаланс на буџетот ќе се скратат средствата за железничкото поврзување со Бугарија во Коридорот 8. Ќе се намалат и парите за изградбата на пругата и од Бељаковце – Крива Паланка и од Крива Паланка до бугарската граница.
„Во проектот за железницата Коридор 8 е намалена сумата на средства поради тоа што во првата фаза фирмата-изведувач се повлече од делницата, така што сега ние правиме план за тоа како преку одлука на Влада да продолжиме. Првата и втората делница од источниот крак планираме да влезе како еден заеднички проект и наскоро да распишеме еден нов повик за нов изведувач кој ќе продолжи со градење“, рече Бочварски.
За истата цел, тој вели дека ќе има и помало кратење во делот на изградбата на магистралните гасоводи каде што има застои со инфраструктурните проекти и изместувањето на трасата.

„Сепак ќе продолжиме со изведувањето и Велес ќе го врземе со кракот Штип – Свети Николе, а се проектира и западниот крак од Охрид кон Кичево и Гостивар и ќе го затвориме енергетскиот прстен“, додаде Бочварски.
Засега, процентот на реализирани капитални инвестиции е многу мал и се движи околу 40% од планираната сума.
Во однос на финансирањето на дефицитот, ново задолжување кон странство нема да има. Проширувањето на дефицитот ќе се финансира во одреден дел од депозитите на државата и дел преку државни хартии од вредност.
Во исто време, Министерството за финансии информираше и дека реализацијата на буџетот заклучно со септември, на приходната страна изнесува 2,2 милијарди евра или 69,1% во однос на планираните приходи за 2020 година со ребалансот од мај, што е за 4,9% помалку во однос на истиот период од лани.

Во истиот период, потрошени се 2,8 милијарди евра што претставува 70,5% во однос на годишно планираниот износ со првиот ребаланс, или за 10,7% повеќе во однос на лани.
„Согласно ова во периодот до септември остварен е дефицит на буџетот во висина од 582 милиони евра или 5,3% од БДП. Според овие податоци, реализацијата на буџетот одеше согласно планот, но со носење на четвртиот пакет на мерки кој е во насока на поттикнување на економската активност и поддршка на фирмите и на граѓаните се јави потреба за финансирање на истите, а со тоа и преструктуирање на позициите во буџетот и обезбедување на дополнителни финансии“, посочи министерот за финансии.

Скоро сите економии во текот на годината го проширија буџетскиот дефицит, додека просекот на Еврозоната е 8,4%. Следниот период со стабилизирање на состојбата и прудентно менаџирање, буџетскиот дефицит ќе се консолидира.

Четврт пакет мерки од 470 милиони евра

Вкупно 470 милиони евра се подготвени за четвртиот пакет антикризни мерки што премиерот Зоран Заев ги претстави пред македонската јавност деновиве. Пакетот се состои од 31 мерка, а парите се наменети за помош на бизнисите и граѓаните со цел ублажување на последиците од економската криза предизвикана од Ковид пандемијата.
„Нашето внимание е целосно насочено кон поддршка за работните места, кон невработените лица, социјално ранливите категории како што се пензионерите и граѓаните од други категории, самохрани родители итн. Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст“, рече премиерот Зоран Заев.

Како прва од четвртиот пакет мерки, Заев ја издвои мерката Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.
Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари.
Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал.
„Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра и за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година“, рече Заев.
cover-3Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги.

Од Стопанската комора на Македонија, рекоа дека со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.
„Тргнувајќи од досега преземените мерки, но и овие од четвртиот сет, а имајќи ги предвид состојбите и укажувањата на компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија за очекуваното продолжено негативно влијание врз стопанството предизвикано од корона кризата, позитивен е пресвртот дека во дел од мерките поддршката нема да се однесува само на краткорочни мерки за санирање на последиците од кризата, туку се предвидуваат и системски реформи кои би се однесувале на целото стопанство.“, веднаш по донесувањето на мерките коментираше Билјана Пеева – Ѓуриќ, в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

Од Сојузот на стопански комори, кој силно се залагаше да се даде поддршка за малите и микро фирми, велат дека носењето на последните економски мерки, за разлика од претходните три, се одвивало во еден поинклузивен процес, во кој се согледа значењето на предлозите што ги дале и тие беа прифатени. Сега следува фазата на имплементација, која е еднакво важна за да може да дадат резултат прифатените мерки, велат од ССК.
„Потенцираме дека економските мерки за спас треба да бидат изготвени во формат во кој ќе се поедностават критериумите за нивно користење, со цел да бидат подостапни за претпријатијата на кои им се најмногу потребни. Еднакво е важно, неодложно, со највисок степен на итност да се преточат во реалност, затоа што оваа помош е важна за претпријатијата“, велат од ССК.

Кризата се разгорува

Додека неколку европски земји деновиве воведуваат нов локдаун со цел да го запрат есенскиот бран на ширење на коронавирусот, здравствените власти кај нас не ја исклучуваат таа опција доколку бројот на заразени продолжи да се зголемува експоненцијално. А токму рестрикциите во движењата се покажаа дека носат катастрофални последици врз економијата.
Бизнис секторот алармира дека економската состојба исто така се влошува, а меѓународните финансиски институции веќе почнаа да ги ревидираат своите прогнози со поголема доза на песимизам. Па така, ММФ сега очекува рецесијата кај нас годинава да се продлабочи од првичните 4% на 5,5%. Својата прогноза за намалувањето на економската активност годинава ја ревидираше и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од 3,5% на 5%, додека пак Светска банка сега очекува пад на БДП од 4,2%.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг5 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг5 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг5 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании5 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија5 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија5 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија5 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија5 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет5 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија5 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија4 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија1 ден ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија2 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки3 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија4 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

банки1 ден ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up1 ден ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!