Connect with us

економија

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

Феро Инвест и Брако прославија 20-годишен јубилеј

објавено

на

На корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел Александар Палас деновиве, беа присутни преку 800 гости за да го прослават големиот јубилеј – 20 години од работењето на Феро Инвест и Брако.

Со 800 гости и прием на кој присуствуваа видни личности од сите сфери на општеството, групацијата Феро Инвест и фабриката Брако го одбележаа своето 20 годишно постоење и успешно работење на македонскиот и на меѓународните пазари.

На корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел Александар Палас деновиве, беа присутни првите луѓе на најголемите македонски компании, министри, високи претставници на политички партии, поранешни функционери, поглаварот на Македонската православна црква, амбасадори, членови на дипломатските мисии во земјата, странски партнери од 20 држави, новинари, професори и соработници.

На приемот беше емитуван документарен филм за 20-те години работа на компанијата, од нејзиното основање до денес, како и компаниската визија за иднина. Свое обраќање имаше претседателот на Стопанската комора, Бранко Азевски, кој порача дека фирмите кои се моторот на економијата се тие кои ја влечат државата напред и дека општеството треба да гради такви двигатели на развојот.

На настанот се обрати сопственикот и извршен директор Кочо Анѓушев кој зборуваше за идните планови за развој, пред се во енергетиката и за новите модели во светот кои и Македонија треба да ги услови. На настанот се обрати  и Благој Шалев, еден од партнерите во БРАКО, како и Ангел Анѓушев, директор на Грин Машинс.

Компаниите да се обединат и да инвестираат во голем батериски систем

„Во Македонија треба да научиме дека обединувањето на добрите страни во општеството е тоа што може да направи иднина во земјата, изјави Анѓушев.  

Тој  пред присутните предложи најголемите македонски компании да се обединат и да формираат акционерско друштво кое ќе инвестира во изградба на голем батериски систем од 200 мегават часа, за да овозможат енергетската транзиција на земјата да успее.

„Енергетската транзиција е одлична идеја, но мораме да знаеме дека тој процес е скап и има многу предизвици. Ние во нашата фирма веќе две години работиме на развој на батериски системи за складирање на електрична енергија, и последната фотоволтаична електрана што ја изградивме во Ранковце, е електраната каде ќе се постави батериски систем. Токму енергетската транзиција е можност за обединување, ние мора да најдеме начини за да во иднина се справуваме со вишоците и кусоците на енергија, затоа ни треба голем систем за балансирање. Давам предлог до сите најголемите стопанственици, до сите кои сакаат да инвестираат, да формираме заедничко акционерско друштво и да изградиме голем батериски систем од 100-200 MWh, кој ќе биде гаранција дека енергетската транзиција ќе успее“, повика Анѓушев на обединување на стопанството за да се помогне енергетската транзиција на земјата.

Успех кој се должи на силните партнерства

Анѓушев во обраќањето зборуваше дека успехот на Феро Инвест и на Брако се должи на силните партнерства.

„Ако ме прашате што стои позади успехот на Феро Инвест и на Брако, ќе ви одговорам дека тоа се силните партнерства, кај нас во Македонија постои мислење дека луѓето се караат и партнерствата брзо се распаѓаат, но кај нас во Феро Инвест и во Брако тоа не е така, ние немаме ниедно лошо искуство за овие две децении“ – потенцираше Анѓушев.

Анѓушев нагласи дека во индустријата, а особено во енергетиката, потребно е да се има план за најмалку 10 години.

Во наредните 10 години групацијата планира инвестиции во нов концепт наречен земјоделско енергетски комбинат, инвестиции во автоматизација и роботизација на производството во Брако, како и нови модели на еколошки возила за одржување на хигиена во урбани средини.

„Во минатото, во социјализмот, постоеше еден концепт кој се нарекуваше земјоделско индустриски комбинат – ЗИК, а тоа сега се менува и создаваме нов концепт – ЗЕК, земјоделско енергетски комбинат, кој ќе претставува класичен пример на циркуларна економија и би требало да се усвои во цела држава. Заедно со компаниите Агриа и АСП ПАК работиме на тоа да во Овчеполието направиме земјоделско енергетски комбинат кој на 2600 хектари ќе поддржува две био-гасни електрани со капацитет од 3 MW, кои освен електрична енергија, ќе произведуваат и топлинска енергија, со која ќе може да се затоплуваат оранжерии, ќе се отвори и фабрика за производство на хумус, како и фарми со крави. Ние ќе го работиме тоа што го знаеме, енергетскиот дел, а бараме партнери во делот на земјоделието и сточарството кои знаат тоа да го работат, при што ќе им овозможиме простор, а ќе се осигурат и дека органскиот отпад ќе биде секогаш собран и ќе се употребува во производството на енергија. На овој начин со ЗЕК добиваме електрична енергија, раноградинарски култури, млеко и млечни производи, хумус и што е многу важно нула отпад, што е најдобар пример за циркуларна економија“, објасни директорот на Феро Инвест и Брако.

Иднината на групацијата е во сигурни раце

На настанот беше промовиран нов модел на електрично возило за одржување на хигиена во урбани средини GM 720 ZE, двокубично компактно градско возило, со најмодерни електрични хаб мотори, развиено од идеја до целосна реализација од инженерите во БРАКО, во соработка со Машинскиот факултет во Скопје.

Во своето излагање извршниот директор на Феро Инвест и БРАКО истакна дека иднината на групацијата останува во сигурни раце, дека се вложува во развој на млади кадри кои ќе бидат носители на бизнисот во наредните години и дека растот ќе продолжи.

Групацијата Феро Инвест е лидер во областа на обновливите извори на енергија со реализирани над 100 проекти за мали хидро електрани, фотоволтаици, биогасни централи и трафостаници, додека БРАКО е компанија која произведува најсовремени електрични и водородни возила за одржување на хигиена во урбани услови, автоматизирани машини, метални конструкции, медицински помагала, опрема и мебел, како и цела палета на жичани производи, а своите производи ги пласира во над 60 земји во светот.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?