Connect with us

интервју

Анѓушев: РЕС е најдобар снабдувач со електрична енергија на слободниот пазар во Македонија

Една година Renewable Energy Supply

објавено

на

 „За една година РЕС го презеде снабдувањето на над 270 компании од македонското стопанство, а во следниот период најавуваме најповолни понуди и за јавниот сектор.“

Renewable Energy Supply – РЕС е компанија која се занимава со снабдување со електрична енергија и за само една година успеа да се етаблира како лидер во секторот и компанија со најголема балансна група во Република Северна Македонија.  Разговаравме со сопственикот и извршен директор на компанијата, Кочо Анѓушев, за тоа кој е рецептот за успехот и како ја добија професионалната доверба од компаниите да ги снабдуваат со електрична енергија во тешките услови на енергетската криза.

РЕС во март одбележа една година постоење, во овој кус период успеавте да се етаблирате како стабилна компанија и една од трите најважни компании во секторот за трговија со електрична енергија. Кој е моделот кој го применува РЕС и успева за толку кус период да стане важен „играч“ во овој многу важен сектор?

РЕС започна да работи во март 2022 година и за само една година го презедовме снабдувањето со електрична енергија на преку 270 квалитетни и стабилни македонски компании, носители на економската активност во земјата, кои се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар. Од мала компанија, во овој кус временски период, станавме снабдувач со најголема балансна група, а тоа значи дека сме снабдувач кој на дневна основа прави најголем квантитет на снабдување со електрична енергија. Изминатата година испорачавме над 250 GWh, што значително ги надмина нашите првични планови при основањето.

Успеавме затоа што имаме соодветна понуда за секој клиент поединечно.

Нашите понуди се уникатни за секој клиент, со неколку различни комбинации кои се прилагодуваат на потребите на секоја фирма и секоја организација. Единствени сме на македонскиот пазар кои гарантираат дека дел од енергијата која се испорачува е од обновливи извори. Во услови на најголема енергетска криза имавме најповолни понуди и успеавме да помогнеме на македонското стопанство да преброди големи предизвици кои се појавија со ценовните шокови на енергетските берзи HUPX и IBEX, кои имаат и најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија во Северна Македонија.

Кочо Анѓушев, сопственикот и извршен директор на РЕС заедно со својот тим успеаја од компанијата да создадат снабдувач со најголема балансна група, а тоа значи дека се снабдувач кој на дневна основа прави најголем квантитет на снабдување со електрична енергија. Изминатата година испорачале над 250 GWh, со што значително се надминати првични планови при основањето на РЕС.

Што конкретно значи тоа дека договорите се по потребите на клиентите?

Секоја компанија знае колку енергија троши месечно, какви се трошоците на дневно ниво, па така на компаниите им нудиме повеќе варијации на договори: договори со целосно фиксна цена, со голем удел на енергија од обновливи извори, договори кои се делумно со фиксна цена, а делумно се врзани со индексирани цени од берзите, при што процентот на учество на одредена енергија го одредува самиот клиент или пак договори кои се врзани со берзанските цени. Тоа што располагаме со енергија од обновливи извори ни е огромна предност, а самите компании во нас гледаат општествено одговорна фирма, бидејќи голем фокус ставаме на зелена енергија, со што се заштитува животната средина, а зелените сертификати за енергија им се  важни на фирмите да ги имаат.

РЕС има сериозна предност во однос на останатите трговци бидејќи тргува со енергијата од обновливи извори кои се во сопственост на самите основачи на компанијата. Тоа се македонските компании Феро Инвест и Централ Инвест, кои се  во моја сопственост, а кои имаат сопствени хидроелектрани, фотоволтаични електрани и биогасна електрана, и од КерТоки, компанија од Бугарија, чиј сопственик е Иво Прокопиев, која исто така во своја сопственост има големо портфолио на централи од обновливи извори.

Всушност, РЕС е само една од компаниите во групацијата каде имам сопственост и тие како група претставуваат вертикално интегрирано мало електростопанство со сите сегменти: обновливи извори на енергија, одржување на истите, управување преку диспечерски центар и снабдување токму преку РЕС. Како такви сме единствени на пазарот и тоа ја гарантира сигурноста на клиентите.

Дополнително, ние сме компанија која дава најконкурентни цени за откуп на електрична енергија од обновливи извори од другите приватни македонски производители и затоа над 90% од нив ја даваат енергијата на РЕС.

Обновливите извори се главна тема во последниот период, се чини дека енергетската иднина на нашата земја ќе се базира на обновливи извори, а што значи тоа за компаниите кои се ваши клиенти.

„Во услови на најголема енергетска криза имавме најповолни понуди и успеавме да помогнеме на македонското стопанство да преброди големи предизвици кои се појавија со ценовните шокови на енергетските берзи HUPX и IBEX, кои имаат и најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија во Северна Македонија.“

Да, дефинитивно обновливите извори се иднината на нашето општество, но не само. Верувам дека се иднината на Европа и светот. Ние сме и овластена компанија која може да издаде зелени сертификати за нашите клиенти, да имаат верификувана потврда дека во нивниот процес на производство се користи зелена енергија, од незагадувачки извори, што многу влијае на нивната конкурентност на меѓународните пазари.

Трендот во Македонија, регионот, Европа и светот е да се намалуваат конвенционалните загадувачки технологии на производство на електрична енергија и да се зголемува учеството на енергија од обновливи извори, за почиста и поздрава животна околина. Тоа многу се цени на европскиот пазар, а нашите клиенти се главно извозно ориентирани компании. Сигурни сме дека кај нас ќе се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори и дека од ден во ден ќе можеме да понудиме се поголемо количество на зелена енергија на клиентите.

Просечно, некаде околу 50% од енергијата со која тргуваме е од обновливи извори, а тој удел, како се градат нови електрани од обновливи извори ќе продолжи да расте.

Кога зборуваме за електрична енергија, сите знаеме дека постои и дека е потребна, но за голем дел од граѓаните станува збор за апстрактна категорија. Да ве замолам, за граѓаните кои не се многу упатени, колку енергија испорачува РЕС кон своите клиенти во моментите на најголема потрошувачка и пластично да ни илустрирате на пример колку домаќинства би можела да снабди таа енергија?

На слободниот пазар, каде се компаниите со над 50 вработени и над 2 милиони евра промет, кои се всушност наши клиенти, се тргува часовно, затоа што и потрошувачката се менува од час во час, за време на викендите исто така. Еве, како за илустрација во часовите на најголема потрошувачка, имаме потрошувачка од 80 мегават часови на час, што одговара на просечна часовна потрошувачка на околу 105 илјади домаќинства.

Ако земеме во предвид дека во нашата земја има околу 600 илјади домаќинства, практично ние во часовите на најголема потрошувачка обезбедуваме количина на електрична енергија која што е  еквивалент на 1/6 од енергијата што ја трошат сите домаќинства во Македонија. Тоа е и очекувано, затоа што во нашата балансна група има навистина големи компании кај кои електричната енергија зафаќа голем дел од трошоците за производство. Токму заради ова, ние сме фокусирани да обезбедиме стабилно, доверливо и ценовно најповолно снабдување со електрична енергија.

Понудите на РЕС се уникатни за секој клиент, со неколку различни комбинации кои се прилагодуваат на потребите на секоја фирма и секоја организација. Единствени се на македонскиот пазар кои гарантираат дека дел од енергијата која се испорачува е од обновливи извори.

Цените на електричната енергија како да се стабилизираа во последниот период, вие како компанија која се занимава со трговија сигурно правите подолгорочни анализи. Како проценувате дека ќе се движат цените во наредниот период?

Ние секојдневно ги следиме европските берзи HUPX и IBEX, кои имаат најголемо влијание на формирањето на цената на електричната енергија кај нас. Моменталните цени се на ниво од 100-150 евра по мегават час, но како ќе се движат во иднина ќе зависи од многу фактори, кои не се само економски, и многу е неблагодарно да се прогнозира.

Она што ние би можеле да го гарантираме, дека нашата понуда секогаш ќе биде најконкурентна на пазарот и ќе им овозможи на нашите клиенти одличен квалитет и квантитет, најконкурентни цени и еколошка компонента во нивното работење.

Какви се идните планови на РЕС? Дали има дополнителен простор за напредок и развој?

РЕС се појави во моменти на најголемата енергетска криза, и со најинвентивна понуда и креативен пристап, со комбинација на електричната енергија од обновливи извори од нашата земја и увоз на енергија од Бугарија, успеавме да им помогнеме на македонските компании да ја одржат нивната конкурентност.

Досега бевме фокусирани исклучиво на приватниот сектор, скоро сите наши клиенти се приватни компании, најголемиот дел од нив се и носители на економските активности во државата.

Во периодот кој следи, ќе дадеме понуди и кон јавниот сектор, ќе понудиме поевтина и зелена енергија на државните институции, локални самоуправи, јавни претпријатија. Поради високите цени на струјата особено општините беа на удар, сите знаеме дека се финансиски лимитирани, па во одредени моменти мораа да прибегнуваат и кон рестриктивни мерки, особено за јавното осветлување на патишта и јавни површини.

Нашата конкурентска предност е тоа што можеме да го задоволиме јавниот интерес и интересот на стопанството.

Ќе продолжиме да создаваме понуди со кои ќе се прават заштеди за електрична енергија и ќе се одржува ликвидноста и конкурентноста на стопанството.

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија