Connect with us

македонија

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

објавено

на

Од скопските општини, после првиот круг, според ДИК од досега избројаните гласови, веќе избрани градоначалници се во Гази Баба – Бобан Стефковски од ВМРО – ДПМНЕ, во Бутел – Дарко Костовски од ВМРО – ДПМНЕ, во Сарај – Блерим Беџети од ДУИ, додека во Аеродром се очекува да победи во прв круг Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ, во Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски од ВМРО – ДПМНЕ и Александар Стојковски од ВМРО – ДПМНЕ во Ѓорче Петров. Во Центар во втор круг влегува Горан Герасимовски со предност пред Наташа Котлар – Трајкова од ВМРО – ДПМНЕ, додека во Карпош во втор круг влегува Душко Весковски од СДСМ, а за второто место се борат Оливер Зафировски од ВМРО – ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Данела Арсовска, независен кандидат поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ води со околу 4.000 гласови пред актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ во трката за градоначалник на Скопје, според резултатите од околу 80% од досега пребројаните гласови, објавени на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК). Арсовска има освоено 37,2% од гласовите, Шилегов 35%.

Од скопските општини, во Центар, после 72,3% пребројани гласови, води кандидатот на коалицијата на СДСМ, Горан Герасимовски со 6.537 гласови (41%), пред Наташа Котлар – Трајкова од ВМРО – ДПМНЕ со 5.279 гласови (33%).

Во Аеродром, после 60% преброени гласови, води Тимчо Муцински од ВМРО – ДПМНЕ со 11.735 гласови (56,7%), пред Александар Филиповски од СДСМ со 5.241 глас (25,3%). Ако остане овој сооднос до крај, Муцунски ќе биде избран за градоначалник на Аеродром уште во првиот круг.

Во општина Кисела Вода, после 77% од пребројаните гласови, води Орце Ѓорѓиевски од ВМРО – ДПМНЕ со 53% од гласовите, речиси двојно повеќе од кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник Филип Темелковски, кој има 27,3%. Ѓорѓиевски се очекува да биде избран уште во првиот круг.

Во општина Карпош, после 78% од пребројаните гласови, води Душко Весковски од СДСМ, со 33,8% од гласовите, а во мртва трка за второто место се Оливер Зафировски од ВМРО – ДПМНЕ со 24,2% од гласовите и Стевчо Јакимовски од ГРОМ, со 24,1%.

Во Ѓорче Петров, после 68% пребројани гласови, води Александар Стојкоски од ВМРО – ДПМНЕ со 49,8% од гласовите, пред Александар Наумоски од СДСМ, со 33,9%. Стојкоски се очекува да ја освои градоначалничката функција уште во првиот круг.

Во Гази Баба, после пребројани речиси сите гласови (98,9%), Бобан Стефковски од ВМРО – ДПМНЕ доби 60% од гласовите и ќе биде новиот градоначалник на општината, а Борис Георгиевски од СДСМ освои 29,5% од гласовите.

Во општина Бутел, Дарко Костовски од ВМРО – ДПМНЕ е избран за градоначалник во првиот круг, со 53% од гласовите, пред Велимир Смилевски од СДСМ, со 40%.

Во Чаир, после 88% од пребројаните гласови, води Висар Ганиу од ДУИ, со 48,7% освоени гласови, пред Беким Сали од Алијанса/Алтернатива, со 37,2%.

Во Шуто Оризари, после 96% пребројани гласови, значи дека во втор круг одат Ферат Асан од СДСМ со 37% од гласовите и Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 26%.

Во општина Сарај, убедливо во првиот круг победи Блерим Беџети од ДУИ, со 73% освоени гласови, пред Керим Мамути од АА/А, со 18%.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал