Connect with us

економија

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

Со АмЧам на тема…
Заштита на правата на интелектуална сопственост

објавено

на

Иако сите регионални земји имаат слична, и на хартија силна, правна рамка, сè уште се појавуваат проблеми кога станува збор за справување со фалсификуваните производи. Овие проблеми најчесто се резултат на недостиг на ресурси и недостиг на ефикасни механизми за спроведување на регулативите, како и ограничената стратегија за заштита на интелектуална сопственост на носителите на правата.

автор: Валентина Пргомет
Член на работната група за интелектуална сопственост при АмЧам и правник и менаџер за Балканските земји во Реакт Балкан

Многу иновации се резултат на години истражувања и значителни инвестиции на ресурси од различен вид, со крајна цел: нивна монетизација преку лиценци или продажба на одредени изуми. Креаторот на иновацијата, односно носителот на правото на интелектуална сопственост добива исклучиво право да го користи својот интелектуален имот самиот, но и да го пренесува правото за користење на лиценцата за авторски права на други лица. Токму затоа, правото на интелектуална сопственост има економска вредност како и секоја друга сопственост.

Со оглед на глобализацијата, зајакнувањето и основањето на солиден и безбеден глобален трговски систем ги поддржува локалните дистрибутери и потрошувачите. Всушност, една од основните идеи на правата на интелектуална сопственост е да се охрабрат носителите на правата да ги внесат своите идеи во различни пазари, со тоа поддржувајќи ги авторските права на креаторите. Затоа, силната заштита на правата на интелектуална сопственост им дава на бизнисите доверба да се приклучат кон странските пазари. Со цврсти  мерки, бизнисите полесно можат да избираат дестинации за инвестиции, очекувајќи квалитетна заштита на нивните права од интелектуална сопственост.

За жал, практиката покажува дека меѓународната трговија со фалсификувани производи е еден од најголемите предизвици во оваа област. За да разбереме подобро како функционира ваквиот вид трговија на нашиот терен, а со тоа, и да научиме зошто е важно истата да се превенира и санкционира, во овој текст одблизу ја анализираме Балканската рута на трговија со фалсификувани производи.

Движењето на фалсификуваните производи низ Балканот

Балканските земји се брзорастечки економии и нивните законодавства континуирано се менуваат за да се усогласат со законодавството на ЕУ. Иако сите регионални земји имаат слична, и на хартија силна, правна рамка, сè уште се појавуваат проблеми кога станува збор за справување со фалсификуваните производи. Овие проблеми најчесто се резултат на недостиг на ресурси и недостиг на ефикасни механизми за спроведување на регулативите, како и ограничената стратегија за заштита на интелектуална сопственост на носителите на правата.
Балканот е плодна почва за трговија преку морски и копнени дистрибутивни (и производствени) мрежи, покажуваат резултатите при истражувањето на Балканската транзитна зона.

Опфаќајќи голема територија, Балканот е поврзан со други континенти и региони, последователно создавајќи Проширена Балканска рута.

Случаите каде што се спроведени заплени на фалсификувани производи (извор React case management), кои ги прикажуваат земјите од регионот, го илустрираат обликот на оваа анализа на Балканската рута за фалсификувани производи.

Како транзитна земја, Република Северна Македонија има улога во движењето на производи, вклучително и фалсификувани производи. Компаниите дистрибуираат и продаваат свои производи во Република Северна Македонија преку трговци, со продажба на големо и малопродажба онлајн и офлајн. Малопродажниот сектор во Република Северна Македонија е доминиран од мали продавници, неколку трговски центри и присутни странски супермаркети.

Производите најчесто пристигнуваат преку копнени, но и преку воздушни канали. Помалку забележлив, но сепак присутен, е и транспортот преку пристанишните  канали во соседните земји.

Како појдовна точка, фалсификувани стоки се испраќаат од Кина или Турција. Потоа следува транспорт преку Грција, со дестинација Косово, Северна Македонија или Босна и Херцеговина (Arizona Market). Во повеќето случаи, грчките цариници ги задржуваат нелегалните стоки и обезбедуваат детали за рутата на транспортот.

Од јужната страна, стоките најчесто доаѓаат од Димитровград, Бугарија до Србија, каде се запираат пред да влезат на локалниот пазар во Србија. Покрај централниот Медитеран, Црна Гора создава основа за влез на фалсификувани стоки на пазарот, најчесто преку воздушен пат.

Според оваа анализа на случаи, Турција и Кина се најпознати по транспорт на фалсификувана стока на Балканот.

Регионална статистика (извор React case management)

Вкупно царински случаи по земја (во период) од 2018 до април 2024 година:

– Албанија: 24 случаи

– Босна и Херцеговина: 123 случаи

– Косово: 1029 случаи

– Македонија: 244 случаи

– Црна Гора: 243 случаи

– Србија: 1031 случаи

Синергијата помеѓу носителите на правата и органите е клучна за ефективна заштита на интелектуалната сопственост на границите

Мерките на граничните премини им овозможуваат на носителите на правата на интелектуална сопственост да обезбедат заштита за нивните трговски марки. Активното вклучување и поддршка од носителите на правата на права од интелектуална сопственост кон царинските органи е од суштинска важност. Така, соработката меѓу органите и носителите на правата на интелектуална сопственост е клучна за успех.

Заедно со органите на власта, вклучувањето и поддршката од носителите на правата на интелектуална сопственост се круцијални за посилна заштита на овие права. Двете страни (институциите и носителите на правата) креираат симбиоза што им покажува на прекршителите дека е воспоставено соодветно ниво на спроведување при повреда на правата од интелектуална сопственост. Носителите на правата треба да ги зајакнат своите политики против фалсификување за помали пазари и количини на производи во заплени, а органите треба да ги интензивираат напорите не само за јасни прекршоци, туку и да ги сменат политиките во однос на паралелни увози и онлајн продажби за поефективни резултати во заштитата на правата од интелектуална сопственост.

македонија6 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци