Connect with us

економија

Банките во централна и источна Европа сè почесто се фокусирани на одржливо (ESG) финансирање на комерцијални недвижности

Property Lending Barometer истражување на KPMG

објавено

на

Над 68% од анкетираните банкари рекле дека нивната институција веќе ги има вградено критериумите за ESG во проценувањето на заемите за недвижности, при што приближно ист број банкари споменуваат собирање на нови податоци и воведување на внатрешно известување и мониторинг поврзано со ова.

Банките стануваат сè повеќе фокусирани на одржливо (ESG) финансирање на комерцијални недвижности, две третини од анкетираните банки веќе имаат стратегија за ESG за овој сектор, додека сличен број банки ги оценуваат заемите од перспектива на одржливост. Речиси половина од учесниците во истражувањето работат на или веќе нудат специјални, одржливи производи за финансирање, при што некои банкари веќе согледуваат дека заемите се одбиваат поради неисполнување на критериуми за ESG. Ова се базира на овогодинешното 13-то истражување „Property Lending Barometer“ на КПМГ со учество на преку 40 банки од 10 земји од ЦИЕ.

Зголемената важност на одржливото финансирање беше потврдена од страна на банкарите од сите земји-учеснички, со имплементација на новото законодавство на ЕУ (вклучувајќи ја таксономијата) во стратегиите на матичните компании, а потоа поединечните банки стануваат клучниот двигател на трендот. „Барањата и чекорите што ги преземаат поединечните централни банки влегуваат во игра, а исто така значаен ефект има и тоа дали една земја е членка на еврозоната и е во рамките на овластувањата на ЕЦБ“, истакнува Павел Климент, Партнер одговорен за секторот на недвижности во КПМГ во Република Чешка.

Две третини од банките ги оценуваат заемите од перспектива на ESG

Над 68% од анкетираните банкари рекле дека нивната институција веќе ги има вградено критериумите за ESG во проценувањето на заемите за недвижности, при што приближно ист број банкари споменуваат собирање на нови податоци и воведување на внатрешно известување и мониторинг поврзано со ова. Според истражувањето, имплементацијата на новите мерки во секторот најбавно се одвива во Бугарија, Романија и Србија.

Повеќе од половина од анкетираните банкари потврдија дека нивните банки или создале или работат на воведување специјални производи насочени кон одржливо финансирање, овозможувајќи им да понудат пониски каматни маргини, подолг рок на доспевање или помала амортизација на проектите што ги исполнуваат критериумите за ESG. Сепак, постои ограничено практично искуство во однос на реално обезбедување на овие специјални производи.

65% од банкарите потврдуваат дека имаат ESG стратегија за финансирање на недвижен имот на ниво на банка, при што анкетираните чешки, унгарски и полски банки се над овој просек. Сепак, во Хрватска и Романија, повеќе од половина од анкетираните банки немаат стратегија за ESG за секторот.

Дополнителните ESG услуги што ги обезбедуваат банките, како што се консултантски услуги за субвенционирање или консултантски услуги за заштеда на енергија, се исто така многу ограничени, со исклучок на Чешка и Хрватска.

Надворешна сертификација како клучен фактор

Над 75% од анкетираните банки кои веќе имаат воспоставени критериуми за евалуација на ESG користат надворешни сертификати како BREEAM, LEED, WELL или GRESB за да ја проценат одржливоста на зградите, при што сличен број банки користат свој специјален прашалник за ESG. Се користат и енергетски ознаки, најчесто во Хрватска и Чешка.

Општо земено, анкетираните банки се потпираат на повеќе од една алатка кога ги оценуваат заемите од перспектива на ESG и одржливост.

Неисполнувањето на барањата за критериумите за ESG може да биде причина за одбивање на заемот – 7% од испитаниците од банките со постоечки внатрешни критериуми за ESG потврдиле дека забележале такви случаи, а дополнителни 26% забележале одбиени заеми поради неисполнување на неколку различни услови, меѓу кои и критериуми за ESG.

Ограничено искуство со производи фокусирани на одржливо финансирање

Повеќе од половина од анкетираните банкари потврдија дека нивните банки или создале или работат на воведување специјални производи насочени кон одржливо финансирање, овозможувајќи им да понудат пониски каматни маргини, подолг рок на доспевање или помала амортизација на проектите што ги исполнуваат критериумите за ESG. Сепак, постои ограничено практично искуство во однос на реално обезбедување на овие специјални производи.

„Повеќето од анкетираните чешки банкари засега не планираат да воведат слични специјални производи. Исполнувањето на критериумите за ESG обично се перцепира како еден од клучните услови што мора да се исполнат за воопшто да се добие заем. Слични размислувања изразија банкари од Полска и Србија“, објаснува Павел Долак, координатор на анкетата на КПМГ во Република Чешка.


За Property Lending Barometer 2022

Property Lending Barometer е истражување фокусирано на банкарско финансирање на проекти за комерцијални недвижности што го спроведува КПМГ веќе 13 години. Оваа година, податоците беа собрани во јуни и јули, при што учествуваа 41 банка од Чешка, Полска, Унгарија, Словачка, Србија, Хрватска, Бугарија, Романија, Северна Македонија и Албанија.

Посебна тема на истражувањето беше ESG и банкарското финансирање.

Целиот извештај ќе биде објавен во октомври 2022 година.

банки22 часа ago

Супер камати за супер брзите бизнис кредити од УНИБанка!

свет1 ден ago

Време е за купување на NUCOR!

свет1 недела ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки1 недела ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија1 недела ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании2 недели ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион2 недели ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју2 недели ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју2 недели ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи