македонија
Бахaми е најновата дестинација!
Македонската нано иновација Термостоп освојува нови светски пазари.

Металотехника од Прилеп успешно се носи со сите предизвици и извезува на нови светски пазари. Бахами е најновата дестинација! Со тоа уште повеќе се зголеми бројот на земји во светот каде оваа компанија ја извезува нано иновацијата „ТермоСтоп” која наоѓа примена во станбените објекти, но и во индустриските капацитети.
И во услови на здравствена пандемија, која предизвика и светска економска криза и застој на националните економии, иновативната македонска компанија Металотехника од Прилеп успешно се носи со сите предизвици и извезува на нови светски пазари. Бахами е најновата дестинација! Со тоа уште повеќе се зголеми бројот на земји во светот каде оваа компанија ја извезува нано иновацијата „ТермоСтоп” која наоѓа примена во станбените објекти, но и во индустриските капацитети.
„Кога ќе создадете иновативен производ кој е исклучително ефикасен нормално е тој да предизвика интерес и прифатеност. Иако настапуваме скромно и постои почетна мала недоверба по првите контакти со странските партнери, кога тие ќе го пробаат „ТермоСтоп” едноставно се воодушевени од неговите перформанси“, вели Јандре Здравески, еден од сопствениците и директор на Металотехника Прилеп.
„ТермоСтоп” е високо квалитетен термо – изолациски производ по нано технологија произведен од македонската компанија Металотехника Прилеп, а поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

Добиен по нано технологија, овој еколошки производ, овозможува заштеда најмалку 30 – 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години, што е драгоцена заштеда за семејниот буџет, како и за буџетот на една компанија.
Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн. Идеално за премачкување на резервоари за нафта и мазут. Се користи за фасадни ѕидови, но и за внатрешни ѕидови, како и за подови како основа пред нанесување подно греење.
Токму овие негови иновативни и пред се функционални карактеристики беа одлична препорака за негово пробивање на странските пазари, и за претходен извоз во земји како Италија, Франција, Украина, Русија…
Паметна инвестиција во енергетска ефикасност
“Вложените пари во енергетска ефикасност се паметна инвестиција идентична на купувањето акции на берза или на инвестирањето во образование за своите деца. Вградувањето на Термостоп термоизолацијата на надворешните ѕидови може да доведе до заштедување и до 50% од енергијата што ја плаќаме. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација.
Еколошка, водоотпорна, огноотпорна, еластична со лесна специфична тежина, погодна за нанесување на сите геометриски површини. Може да се нанесува и во период, до температура не помала од +5 степени, за да не замрзнува производот бидејќи е на водена основа. За само една до две грејни сезони по изведбата на новата термоизолација можете да си го повратите она што сте го вложиле. Токму овие негови карактеристики се причина зошто има интерес за овој производ, кој со малку подобра надворешна промоција, може да биде вистински хит“, објаснува Јандре Здравески.

Со оваа иновативна термо изолација се намалува ефектот на т.н. ладни ѕидови кои ја зголемуваат потрошувачката на енергија во домот, кога температурата на површината од надворешните ѕидови е значително пониска од онаа во просторијата, чија оптимална температура би требало да изнесува помеѓу 19 и 21 степени, што доведува до непријатно струење на воздухот околу ѕидот. Во летните месеци пак доаѓа до зголемување на потрошувачката на енергија која е потребна за ладење на објектите, токму поради невградената изолација на фасадата.
Со Термостоп ќе заборавите на тешкотии поврзани со површинската кондензација на водена пареа на ѕидовите, на појава на мувла на ѕидовите и други естетски проблеми, кои најчесто се обидуваме да ги решиме со едноставно премачкување со боја, порачуваат од компанијата.
Инаку, Металотехника е формирана во, сега веќе далечната 1987 год. , како мала семејна фирма и во изминатите 33 години успешно опстојува на македонскиот, регионалниот, но и светскиот пазар.
На почетокот примарна дејност била производство и трговија со материјали за водовод и канализација, а подоцна дејноста ја прошириле и во областа на завршните работи во градежништвото.
„Компанијата сега веќе подмладена со млади кадри, кои го продолжуваат бизнис-маратонот и новините што последните години се воведуваат во нашето производство. Компанијата во изминатите неколку години навлезе во повеќе иновативни проекти меѓу кои се производството на обоени минерали кои се користат во декорација и градежништво (изработка на камен тепих и камени ѕидни облоги – тапети како и камен фурнир).“