Connect with us

свет

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

Се разгорува трговската војна помеѓу САД и Кина

објавено

на

Овој потег следи по четиригодишен преглед на состојбата и се смета за превентивна мерка насочена кон спречување на евтините субвенционирани кинески стоки да го преплават американскиот пазар и да го задушат растот на американскиот сектор за зелена технологија.

Тензиите меѓу САД и Кина пополека се крчкаат секој ден. Без разлика дали се работи за Huawei, Tik Tok, полупроводници или електрични автомобили. Секој ден односите меѓу двете земји стануваат сè позатегнати, а последниот клип што САД го турна во тркалото на Кина е 100-процентната царина за електрични возила.

Кинеската автомобилска индустрија во последно време е трн во око и на европските и на американските производители на автомобили. Кинескиот BYD го престигна Tesla во однос на бројот на продадени модели, а силната поддршка за овој сектор од страна на кинеската влада им дава сè посилен ветер в грб на кинеските компании кои грабаат напред во индустријата на зелени технологии.

Секако, сето тоа не им одговара на производителите во Европа и САД, па затоа и двата табора се подготвуваат за борба против поевтиниот увоз од Кина. И како да се борат поинаку, освен со царини. Пред една недела беше објавена анализа на Rhodium Groupe, која покажа дека Европската унија ќе мора да воведе повисоки царини од очекуваните, до 55 отсто за кинеските електрични возила за да го ограничи нивниот увоз во Унијата.

Бајден: Ова е пропорционален одговор

Кинеската автомобилска индустрија во последно време е трн во око и на европските и на американските производители на автомобили. Кинескиот BYD го престигна Tesla во однос на бројот на продадени модели, а силната поддршка за овој сектор од страна на кинеската влада им дава сè посилен ветер в грб на кинеските компании кои грабаат напред во индустријата на зелени технологии.

Сепак, САД и администрацијата на претседателот Бајден отидоа чекор подалеку и го потврдија зголемувањето на царините за електричните автомобили од 25 на 100 отсто, што дополнително ќе ги разгори трговските тензии. Овој потег следи по четиригодишен преглед на состојбата и се смета за превентивна мерка насочена кон спречување на евтините субвенционирани кинески стоки да го преплават американскиот пазар и да го задушат растот на американскиот сектор за зелена технологија.

Заедно со зголемувањето на тарифите  од 25 на 100 отсто за електричните возила, царините ќе се зголемат од 7,5 на 25 отсто за литиумските батерии, од нула на 25 отсто за критичните минерали, од 25 на 50 отсто за соларните ќелии и од 25 на 50 отсто на полупроводниците. Тарифите за челик, алуминиум и лична заштитна опрема – кои се движат од нула до 7,5 проценти – ќе се зголемат на 25 проценти.

И покрај ризиците од одмазда од Пекинг, Бајден рече дека зголемените тарифи се пропорционален одговор на кинескиот прекумерен капацитет во секторот на електрични возила. Имено, Кина произведува 30 милиони електрични возила годишно, но може да продаде само 22-23 милиони на домашниот пазар.

Царините за автомобили на Бајден се претежно симболични бидејќи Доналд Трамп се погрижи за ова прашање за време на неговиот претседателски мандат. Со тогашните царини од 25 отсто, можеше да се увезуваат кинески автомобили на американскиот пазар, но регистрирањето на такво возило беше практично невозможно поради процесот на усогласување со американските прописи, особено во однос на безбедноста. Сепак, лоби групите сугерираа  дека претстои идна закана бидејќи Пекинг се обидува да го искористи извозот за да ја компензира слабоста на својата домашна економија.

Сојузот на американски производители на возила рече дека доаѓањето на кинески автомобили на американскиот пазар ќе биде „настан на ниво на изумирање“ за нивните производители на автомобили.

Белата куќа најавува и нови царини допрва

Во март, Трамп вети дека доколку биде избран за претседател подоцна оваа година, ќе воведе царини од 100 отсто на секој автомобил што доаѓа од производствени капацитети во Кина во сопственост на Кинези. Трамп, исто така, вети дека ќе ги зголеми давачките на целиот кинески увоз за 60 отсто, пристап што критичарите велат дека ќе ги зголеми цените за американските потрошувачи кои веќе се борат со високата инфлација. Меѓутоа, во април Бајден рече дека „не бара војна со Кина“, туку дека САД мора да се спротивстават на кинеските „нефер економски практики и индустриски прекумерен капацитет“.

Новите царини ќе стапат на сила 90 дена од денот на објавата, период што аналитичарите велат дека ќе биде внимателно следен за знаци на одмазда од страна на Кина. Извори од Белата куќа рекоа дека целта не е да ескалираат трговските тензии, туку да им се помогне на делови од американската економија кои доживеале циклус на дезинвестирање.

Покрај сите горенаведени царини, Белата куќа најавува и нови, кои првпат ги воведуваат и кои се однесуваат на  кинескиот увоз на медицински игли, шприцови, ракавици и маски за лице, но и на големи градежни кранови и дигалки.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија