Connect with us

свет

Бајден: Нема шанси Путин да искористи нуклеарно оружје, а тоа да не биде крај на светот

објавено

на

Путин не се шегува кога вели дека разгледува и користење на тактичко нуклеарно оружје за да го надомести неуспехот на својата војска. Нема начин тоа да се стори, а да не резултира со уништување на светот“, рече Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера одржа говор во којшто истакна дека ризикот од нуклеарен армагедон во моментов е на нивото на коешто бил последен пат во 1962 година за време на Кубанската ракетна криза. Бајден тврди дека причина за тоа е фактот што Русите после осум месеци од нападот врз Украина претрпеле огромни загуби и дека имаат се’ помалку воени опции.

„Ваква ситуација сме немале од времето на Кенеди и Кубанската криза. Путин не се шегува кога вели дека разгледува и користење на тактичко нуклеарно оружје за да го надомести неуспехот на својата војска. Нема начин тоа да се стори, а да не резултира со уништување на светот“, рече Бајден.

Воени аналитичари од САД веќе со месеци предупредуваат дека Русија би можела да искористи оружје за масовно уништување, но исто така неделава американските разузнавачки служби соопштија дека не виделе промена во руските нуклеарни сили поради што САД засега би требало да реагира.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера во својот говор истакна дека улогата на НАТО е да ја оневозможи Русија да користи нуклеарно оружје. Апелираше до меѓународната заедница „пред 24 февруари да изврши превентивни удари за да дознае што ќе ѝ се случи ако тоа го искористи, а не обратно, да чека нуклеарни удари од Русија“.

Официјална Москва веднаш го обвини Зеленски дека повикува на нуклеарна војна. Сергеј Никифоров, портпаролот на Зеленски, објасни дека претседателот мислел на превентивни санкции и уверуваше дека Украина никогаш нема да повикува на употреба на нуклеарно оружје, пишува Kyiv Independent.

Михајло Подољак, советник на Зеленски, рече дека Зеленски потсетил на руската нуклеарна уцена и му понудил на светот превентивно да ги прикаже последиците за Русија и да ги засили ударите на земјата вклучувајќи санкции и воена помош за Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно се закани со употреба на нуклеарно оружје „во случај да биде загрозен територијалниот интегритет на Русија“.

„Ако нејзиниот територијален интегритет биде загрозен, Русија ќе употреби се’ што може, ова не е блеф“, рече Путин на 21 септември.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија3 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

економија6 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет6 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?