Connect with us

технологии / компании

Безос, Маск и Бренсон: кој прв ќе понуди вселенски туризам

Трка на милијардерите

објавено

на

За оние кои го следат вселенскиот бизнис, веројатно никогаш немало повозбудлив период од оној што се одвива токму сега пред светската јавност, а тоа е трката меѓу милијардерите – Џеф Безос сопственикот на Blue Origin, Илон Маск на SpaceX и Ричард Бренсон на Virgin Galactic,  околу тоа кој ќе биде првиот патник што ќе лета комерцијално во вселената со свои летала.

Веројатно нема човек на планетата Земја кој барем еднаш во животот не гледал копнежливо во ѕвезденото небо навечер и не помислувал  какво е чувството  да се биде таму горе во бесконечниот простор исполнет со тишина и да се види синото- зелена топка од перспектива како што малкумина во светот имале  можност. Да бидеме  попрецизни, околу 550 луѓе.

Толкав  е бројот на среќници кои летале во вселената барем еднаш во животот, но повеќето од нив, се разбира, се астронаути, обучени професионалци кои биле дел од вселенските мисии на земји кои имаат свои вселенски програми, како што е САД, Русија поранешен СССР) и во последно време Кина.

Ова се трите земји кои досега имаат испратено  свои астронаути, а другите вселенски посетители се астронаути од други земји, како што се Јапонија, Германија, Франција, Канада, Италија итн., кои всушност биле  гости во вселенските мисии на овие три споменати вселенски велесили.

Првите вселенски туристи

Првиот човек што плати за неговото вселенско искуство беше американскиот бизнисмен Денис Тито, кој изброи 20 милиони долари за место во руското вселенско летало „Сојуз“, и така стана првиот вселенски турист во април 2001 година.

Но, меѓу сите овие професионални астронаути кои погледнале кон Земјата од далечина од повеќе од 100 километри длабоко во стратосферата, има неколку цивили, односно поединци кои всушност платиле да искусат како е да се биде астронаут.

Американската компанија  за вселенски туризам Space Adventures, основана од Ерик Андерсон во 1998 година, досега им овозможи  на седуммина  клиенти да престојуваат  во вселената, поточно на Меѓународната вселенска станица.

Првиот човек што плати  за неговото вселенско  искуство беше американскиот бизнисмен Денис Тито, кој изброи  20 милиони долари за место во руското вселенско летало „Сојуз“, и така  стана првиот вселенски турист во април 2001 година. Тој остана на Меѓународната вселенска станица  седум дена и во таа прилика рече дека искуството за него е како да е во рајот, односно во некаков паралелен живот.

Во април 2002 година, јужноафриканскиот бизнисмен Марк Шатлворт стана првиот Африканец во вселената.

Во октомври 2005 година, Грегори Олсен стана третата приватна личност која летала до  МВС , а ја следеше Анушех Ансари, првата жена вселенски турист, која го заврши своето 10-дневно орбитално патување во септември 2006 година.

Чарлс Симоњи, поранешен извршен директор на Мајкрософт (Microsoft), стана шестиот вселенски турист што ја  посетил МВС  во април 2007 година, а потоа повторно во март 2009 година. Тој е првиот приватен истражувач на вселената во светот, откако два пати всушност леташе во вселената.

 Во 2008 година, креаторот на игри Ричард Гариот, првиот американски астронаут од втора генерација, стана шести клиент што ја посети Меѓународната вселенска станица.

Гај Лалиберте, основач на атракцијата Cirque du Soleil, стана првиот канадски вселенски патник во октомври 2009 година.

НАСА долго време беше воздржана да ги пречекува вселенските туристи, затоа Русија – која бара нови извори на приход по Студената војна во 90-тите и 2000-тите – беше единствениот избор за луѓето кои бараат ваков вид екстремна авантура. Сепак, се чини дека појавата на комерцијални вселенски фирми ќе го направи поедноставно искуството на вселената за обичните луѓе.

Остварување на детските соништа

За оние кои го следат вселенскиот бизнис, веројатно никогаш немало повозбудлив период од оној што се одвива токму сега пред светската јавност, а тоа е трката меѓу милијардерите околу тоа кој ќе биде првиот патник што ќе лета комерцијално во вселената со свои летала. Џеф  Безос, основач на гигантот за електронска трговија Амазон (Amazon.com), но и на компанијата за вселенски бизнис  Блу Ориџин (Blue Origin) во 2020 година, објави дека 20 јули ќе биде „Денот Д“  за него, кога ќе го оствари детскиот сон – да лета во вселената.

Ричард Брансон, основачот на групацијата  Вирџин (Virgin), кој самиот не знае точно колку бизниси пробал во животот, работи на истиот сон што го има Безос,  веќе 15 години – да лета во орбита, но и да носи патници кои ќе платат солена цена за тоа задоволство и со тоа ќе направи одржлив бизнис на својата Вирџин Галактик (Virgin Galactic).

Компанијата неодамна направи чекор напред во намерата да овозможи вселенски туризам, со добивање лиценца од Федералната администрација за авијација на САД (ФАА) за спроведување комерцијални вселенски летови. Ова доаѓа како резултат на успешниот пробен лет што Вирџин Галактик го направи со своето летало на 22 мај, а веднаш по добивањето на лиценцата, акцијата  на компанијата во петокот, на 25 јуни, се зголеми за 40% за само еден ден.

Првично, Вирџин Галактик објави дека претстојат уште три пробни лета, со еден на кој треба да биде и самиот Бренсон, но ненадејната објава на Безос дека ќе лета со неговиот брат Марк и друг анонимен (досега) приватен летач кој плати 30 милиони на јавна лицитација заради тоа задоволство, се чини дека ги менуваат плановите на Брансон, а некои познавачи на неговата вселенска компанија шпекулираат дека тој се подготвува да полета пред 20 јули, само за да биде пред Брансон во тој подвиг.

Трет голем учесник  во  оваа трка е, се разбира, луцидниот основач и шеф на Тесла (Tesla Inc.), Илон Маск, кој исто така преку својата компанија СпејсЕкс (SpaceX) има намера да гризне дел од колачот на бизнисот наречен вселенски туризам, иако, за волја на вистината, неговите намери со вселенскиот бизнис се протегаат многу  подалеку од орбитата на Земјата, дури до Марс, каде што Маск сонува еден ден да се основаат  човечки колонии.

„Blue Origin“ на Џеф Безос, „SpaceX“ на Илон Маск и „Virgin Galactic“  на Ричард Бренсон се трите актуелни учесници во трката за комерцијално освојување на вселената. Засега, води Безос , којшто на 20 јули годинава треба да полета во орбитата на леталото New Shepard, заедно со брат му Марк Безос и анонимниот (се уште) патник што плати речиси 30 милиони долари за задоволството од десетина минути во вселената.

Кој ќе биде прв

Но, во моментот, кога сè ќе се стави на маса, излегува дека SpaceX е веројатно единствената опција за некој што сака да лета во вселената, односно да кружи околу земјата многу наскоро. Во моментов планира две лансирања на  туристи. Првото е закажано за септември 2021 година и го спонзорира богатиот бизнисмен Џеред  Ајзакман. Аксиом Спејс (Axiom Space) го организира второто  патување, кое е закажано за 2022 година. Овие мисии ќе бидат скапи, затоа што патувањето и престојот на Меѓународната вселенска станица чини 55 милиони долари. Поради преголемите трошоци, некои предупредуваат дека вселенскиот туризам – и, пошироко, приватниот пристап до вселената – може само да ја зголеми  разликата меѓу богатите и сиромашните.

Суборбиталните летови на „Блу Ориџин“ и „Вирџин галактик“ се многу подостапни, а секој чини меѓу 200 и 250 илјади  американски долари. Блу Ориџин на Безос  се чини дека е најблиску до овозможување  на клиенти да платат за лет, со објавата по  неодамнешното лансирање дека мисиите со туристи  ќе се одржат „наскоро“. Вирџин Галактик сè уште го тестира својот брод SpaceShipTwo, но не е објавен прецизен временски рок за туристички летови.

Иако овие цени се високи, вреди да се спомне дека билетот на Денис Тито од 20 милиони долари во 2001 година наскоро би можел да покрие 100 летови на Блу Ориџин,  на пример.  Искуството за гледање на Земјата од вселената, од друга страна, може да се покаже како непроценливо за новата генерација истражувачи на вселената.

Се разбира, летовите кон вселената, како што е на Денис Тито, се скапи поради добра  причина. За да лета доволно високо и брзо за да влезе во орбитата на Земјата, ракетата мора да потроши голема количина скапо гориво. Друга помалку скапа опција е суборбиталното лансирање, во кое ракетата патува доволно високо за да се приближи до работ на вселената и потоа да се врати на Земјата. Додека суборбиталните патници уживаат во бестежинска состојба и спектакуларни глетки, овие лансирања секако ќе бидат подостапни.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

свет15 часа ago

Америка на НАТО самитот утре ќе најави “долгорочен воен ангажман“ во Европа

економија16 часа ago

Македонските индустриски производи за домашен пазар за една година поскапеле 22% во просек

економија20 часа ago

Новата фабрика на „Гересхајмер“ во Македонија од 126 милиони евра – ќе биде најголемата инвестиција во ТИРЗ досега

свет2 дена ago

Русија касни со плаќање на долгот кон странство. Министерот за финансии: тоа е фарса

економија5 дена ago

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Рекоа за…продуктивноста

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Зошто предолгото работење од дома може да е штетно за вашата кариера?

менаџмент / маркетинг5 дена ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

технологии / компании5 дена ago

Инженер на Google откри дека компанијата поседува вештачка интелигенција што станала свесна, па го пратија дома

македонија6 дена ago

За македонските граѓани најсигурна инвестиција е во станови, нивната цена пораснала за 20% за 3 години и нема да се намалува

start up7 дена ago

Македонскиот стартап Qpick започнува интернационална експанзија!

економија16 часа ago

Македонските индустриски производи за домашен пазар за една година поскапеле 22% во просек

свет5 дена ago

Ако пукне балонот со недвижности во Кина, ќе се оствари кошмарот на сите економисти

интервју5 дена ago

Роза Балфур: Условот за добрососедство мора да важи и за членки  – не може со вето да решаваат билатерални проблеми

економија5 дена ago

Од висока инфлација и економска стагнација добиваме стагфлација

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

македонија6 дена ago

Ковачевски во Брисел го отрфли францускиот предлог

економија5 дена ago

Акциските фондови со пораст од 57% и покрај хаосот на светските берзи

економија5 дена ago

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија