Connect with us

македонија

„Бекутан“, брендот икона на „Алкалоид“, прослави 45 години

објавено

на

Високо позициониран во корпоративната визија, еден од главните приоритети на АЛКАЛОИД е грижата за децата и за здравјето пред сѐ. Водејќи грижа за нив, нивните верни корисници, во изминатите 45 години компанијата и брендот Becutan стекнаа доверба и лојалност обезбедувајќи производи со супериорен квалитет.

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ деновиве одбележа 45 години на еден од своите најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца „Бекутан“.

Генералниот директор и претседател на УО на компанијата Живко Мукаетов рече дека е голема чест да се прослави ваков јубилеј, а тоа е 45 години од постоењето на брендот „Бекутан“.

„Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најодговорните работи кои можат да му се случат на еден човек. Тоа е грижа и посветеност за некој кој живее покрај вас, расте и се развива и треба да порасне во здрава личност. Од многу непроспиени ноќи, па преку изборот на храната, па се до изборот на козметиката која едно бебе ќе ја добие. Моите родители го користеа Бекутан, јас и мојата сестра го користиме Бекутан, јас и мојата сопруга го користиме овој производ. Од 1978 година, откако постои кремчето Бекутан, досега се произведени повеќе од 60 милиони теглички, што е уште еден доказ за квалитетот и традицијата. Уште еден доказ дека тоа е производ на кој може апсолутно да му се верува“, истакна Мукаетов.

Тој посочи дека со „Бекутан“ растеа и растат генерации кај нас, но и во регионот и тој е бренд на кој треба да бидеме благодарни и горди.

„Ние сме многу среќни, што може да се пофалиме, дека брендот континуирано расте“, потенцира Мукаетов.

Силвија Брајовиќ од СОС Детското село нагласи дека „Бекутан“ е водечки бренд за нега и грижа на малите деца и оти тоа веќе 45 години го прави најдобро.

„Токму таа грижа за децата не спои заедно со СОС Детското село. Бекутан најдобро и најквалитетно се грижи за нашите најмили. А СОС Детското село веќе 22 години гради семејства за да може секое дете да расте во грижа, љубов и припадност на одредено семејство. Од голема важност за нас е потрошувачите на Бекутан да имаат свесност за оваа наша поврзаност којашто резултира во додадена хуманитарна вредност на брендот Бекутан. Со оваа кампања, по повод 45 години, и самите потрошувачи се дел од нашата заедничка мисија – Сите деца се наша грижа“, истакна Брајовиќ.

Прим. д-р Марина Поп-Лазарова нагласи дека брендот „Бекутан“ асоцира на традиција, на квалитет, на безбедност, на сигурност, на ефикасност, на иновативност.

„Грижата за децата е наш заеднички фокус. И тоа грижата која почнува од најраната возраст. Секогаш кога говориме за одредени ситуации кај детето, портфолиото и производите на Бекутан, апсолутно ефикасно и безбедно, ни користат во надминување на разните заеднички проблеми. Заедничка цел ние е здраво дете. Здраво дете е среќно дете“, рече Поп-Лазарова.

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест