Connect with us

свет

Берзите во црвено, доларот порасна, а инвеститорите бегаат кон безбедни инструменти

Галопирањето на пандемијата ги вознемири финансиските пазари

објавено

на

„На меѓународните финансиски пазари преовладуваше помала склоност на инвеститорите кон вложување во повисоко приносни инструменти, главно под влијание на неизвесноста за идниот економски раст предизвикана од натамошниот раст на бројот на новозаразени лица од корона – вирусот на глобално ниво, особено во еврозоната и САД и воведувањето мерки за ограничување на ширењето на вирусот од страна на повеќето влади во ЕУ. Во такви услови, дојде до зајакнување на вредноста на американскиот  долар, беше забележан пад на берзанските индекси во Европа и САД и зголемена побарувачка за безбедни инструменти. Во такви услови, во еврозоната приносите на државните обврзници имаа пад речиси низ целата крива на принос, што главно се должеше на брзиот пораст на бројот на новозаразени од вирусот во Европа, воведените мерки за спречување на ширењето на вирусот и олабавувачкиот тон на состанокот на ЕЦБ.“, се вели во анализата на Народната банка за случувањата на светските финансиски пазари.


Во фокусот на меѓународните пазари минатата недела  беше состанокот за монетарна политика на Европската централна банка. Согласно со пазарните очекувања, ЕЦБ ја задржа истата поставеност на монетарната политика, односно референтните каматни стапки се на истото ниво и потврди дека новата програма за откуп на хартии од вредност воведена поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 (PEPP) ќе се задржи на нивото од 1.350 илјади милијарди евра. Покрај тоа, беше соопштено дека ЕЦБ и натаму ќе откупува хартии од вредност во рамките на PEPP, сѐ додека не оцени дека е надмината корона – кризата, најмалку до крајот на јуни 2021 година

Трендот на рекорден раст на бројот на новозаболени лица во светски рамки продолжи и изминатата  недела. На последниот ден од октомври, дневниот раст на новозаразени лица на глобално ниво надмина 545.000, што воедно претставува најголем број на новозаразени од почетокот на пандемијата наваму. Во такви услови, вкупниот број заразени лица го надмина нивото од 46 милиони, а бројот на починати лица достигна 1.205.342., се вели во почетокот на неделниот преглед на светските економски движења што го изготви аналитичкиот оддел на Народната банка на Северна Македонија.  

Во услови на значително зголемување на бројот на заразени и на хоспитализации, Германија и Франција воведоа делумно затворање на економските дејности, односно соопштија дека ќе ги затворат рестораните и т.н. дејности во услужниот сектор коишто не се од суштинско економско значење и најавија ограничувања и за јавните собири.

Истовремено, вкупниот број новозаболени лица во САД надмина 546 илјади, поради што оваа земја и понатаму има најголем број случаи во светски рамки, а по неа следи Индија со 319.354 новозаразени лица. Француската компанија „Санофи“ и британската компанија „ГСК“ соопштија дека планираат да произведуваат 200 милиони дози од нивната потенцијална вакцина против корона-вирусот за глобалниот механизам КОВАКС, којшто е направен за да обезбеди праведен пристап до вакцините.

„Можеме да очекуваме нагло влошување на економиите во развиениот свет, бидејќи гледаме дека компаниите сè повеќе го привлекуваат вниманието со најави за многу тешка зима и пролет. Времетраењето на ограничувањата е сè уште непознато, но само еден квартал може да одземе повеќе од 5% од БДП на годишно ниво. Услужниот сектор повторно е најсилно погоден, каде што можеме да очекуваме многу слаби бројки и каде државната помош повторно ќе треба да биде насочена. Може да очекуваме барем иста количина на стимулативна поддршка како и пролетта.“, сметаат аналитичарите на инвестициската куќа Генерали Инвестментс.

Во нивната редовна седмична анализа на светските финансиски случувања, тие коментираат дека доколку Европа и САД ги преземат најновите мерки за брзо ограничување на бројот на новозаразени и со тоа се успее да се спаси исклучително важниот месец декември, закрепнувањето сепак може да биде побрзо од очекуваното.

Анализата, пак, на Народната банка на Северна Македонија се осврнува на  фокусот на меѓународните пазари минатата недела, а тоа  беше состанокот за монетарна политика на ЕЦБ.

„Согласно со пазарните очекувања, ЕЦБ ја задржа истата поставеност на монетарната политика, односно референтните каматни стапки се на истото ниво и потврди дека новата програма за откуп на хартии од вредност воведена поради пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 (PEPP) ќе се задржи на нивото од 1.350 илјади милијарди евра. Покрај тоа, беше соопштено дека ЕЦБ и натаму ќе откупува хартии од вредност во рамките на PEPP, сѐ додека не оцени дека е надмината корона – кризата, најмалку до крајот на јуни 2021 година. “, објаснуваат во анализата на Народната банка.

Во рамките на програмата за откуп на хартии од вредност (Аsset Purchase Programme – APP), ќе биде задржан истиот износ на нето – откуп од 20 милијарди евра заедно со дополнителниот откуп на хартии од вредност од 120 милијарди евра до крајот на годината. Воедно, ЕЦБ и натаму ќе обезбедува ликвидносна поддршка и преку целните долгорочни операции за рефинансирање (TLTRO III). ЕЦБ посочи дека ќе изврши преиспитување на сите инструменти на монетарната политика и на евентуалната потреба од дополнителен стимул по макроекономските проекции во декември. Објавените податоци за БДП укажаа на економско закрепнување во еврозоната и САД.

Франција, Шпанија и Италија двигатели на економскиот раст во еврозоната

Во САД, во третото тримесечје економската активност го забележа најголемиот раст, откако фискалниот стимул поволно се одрази врз потрошувачката и отворањето на бизнисите, и покрај натамошното ширење на корона – вирусот во земјата. Имено, растот на БДП во третото тримесечје од годината, според првичниот податок, изнесуваше 33,1% на квартална ануализирана основа и беше повисок во споредба со пазарните очекувања (од 32%). Притоа, анализирано по компоненти, најголем позитивен придонес во растот имаа личната потрошувачка, инвестициите и извозот.

Во еврозоната, според првичниот податок, БДП во третото тримесечје се зголеми за 12,7% на квартална основа, што претставува најголем историски пораст (пазарите очекуваа дека растот на БДП ќе изнесува 9,4%). Анализирано по земји, двигател на економскиот раст во еврозоната беше зголемената економска активност во Франција, Шпанија и Италија, коишто забележаа економски раст од 18,2%, 16,7% и 16,1% на квартална основа, соодветно.

Слично на ова, во третото тримесечје, и БДП на најголемата економија, Германија, се зголеми за 8,2% на квартална основа (пазарите очекуваа раст од 7,3%), главно како резултат на значителниот раст на личната потрошувачка и извозот. Ценовните притисоци во еврозоната и натаму се слаби, главно под влијание пониските цени на енергијата, намалувањето на стапката на ДДВ во Германија и промена на периодот на летните попусти на облека.

Имено, стапката на инфлација во октомври согласно со пазарните очекувања остана иста, односно -0,3%. И базичната инфлација се задржа на нивото од 0,2% на годишна основа. По одделни земји, стапката на инфлација во Германија и Шпанија се намали од -0,4% на -0,5% и од -0,6% на -1%, соодветно, додека во Франција остана 0% на годишна основа. Од друга страна, стапката на инфлација во Италија се зголеми од -1% на -0,6% на годишна основа.

На пазарот на труд, стапката на невработеност остана иста, односно 8,3% во септември, што според аналитичарите покажува дека пазарот на труд во еврозоната се стабилизира. Показателот за економските очекувања за еврозоната, ESI (economic sentiment indicator), и во октомври остана 90,9 поени (пазарите очекуваа намалување на показателот на 89,5 поени), со што се прекина 5-месечниот раст, бидејќи потрошувачите и услужниот сектор станаа попретпазливи во однос на вториот бран на ширење на корона-вирусот во Европа.

Според конечниот податок, довербата на потрошувачите во еврозоната во истиот месец, како што и се очекуваше, изнесуваше -15,5 поени, и понатаму укажувајќи на слабо закрепнување на побарувачката во еврозоната. Деловните очекувања во Германија, мерени преку показателот ifo (ifo Business Climate Index), во октомври се намалија од 93,2 на 92,7 поени, главно како одраз на зголемената загриженост од вториот бран на ширење на коронавирусот во земјата. Годишниот раст на кредитирањето на домаќинствата во еврозоната во септември забрза и од 3% се искачи на 3,1%, додека годишниот раст на кредитирањето на корпоративниот сектор се задржа на 7,1%. Анкетата за кредитната активност на ЕЦБ покажа дека во третиот квартал од годината банките во еврозоната ги заостриле стандардите за сите категории кредити. Според Анкетата се очекува дека условите за кредитирање на фирмите ќе се затегнуваат и во четвртото тримесечје, што се поврзува со загриженоста околу економското закрепнување, како и неизвесноста за продолжувањето на мерките за фискална поддршка.

Минатата недела, кинеските компании од технолошкиот сектор на пазарот исто така се претставија добро. Во завршна фаза е новата најголема продажба на акции на гигантот за финансиска технологија Alibaba – Ant Group, поранешна Alipay. Се очекува да се соберат 30 милијарди евра преку примарната емисија, а со пазарна капитализација од околу 300 милијарди евра, таа ќе стане 4-та по големина финансиска групација во светот. Акциите ќе бидат котирани во Кина и Хонг Конг.

Фискалниот стимул во САД ги даде резултатите

Кварталната анкета на ЕЦБ, којашто беше спроведена на почетокот на октомври кога сè уште не беа воведени рестриктивните мерки за справување со пандемијата, упати на тоа дека економскиот пад во еврозоната во 2020 година може да биде помал во споредба со првичните очекувања (-7,8%, наспроти – 8,3%), но и економското закрепнување во 2021 година исто така би било послабо (5,3%, наспроти 5,7%).

Покрај тоа, се очекува дека стапката на инфлација во текот на оваа година ќе изнесува 0,3% (во јули очекувањата изнесуваа 0,4%) и ќе се зголеми на 0,9% следната година (во јули очекувањата беа 1%). Во САД, во третото тримесечје економската активност го забележа најголемиот раст, откако фискалниот стимул поволно се одрази врз потрошувачката и отворањето на бизнисите, и покрај натамошното ширење на корона – вирусот во земјата.

Имено, растот на БДП во третото тримесечје од годината, според првичниот податок, изнесуваше 33,1% на квартална ануализирана основа и беше повисок во споредба со пазарните очекувања (од 32%). Притоа, анализирано по компоненти, најголем позитивен придонес во растот имаа личната потрошувачка, инвестициите и извозот. Во септември, нарачките за трајни производи се зголемија за 1,9%, по растот од 0,4% во претходниот месец (пазарите очекуваа месечен раст од 0,5%), во услови на забрзување на растот на нарачките за транспортна опрема и основни метали. На пазарот на недвижности, продажбите на нови објекти за домување неочекувано се намалија за 3,5% на месечна основа (наспроти пазарните очекувања за раст од 2,8%), по растот од 4,8% во текот на претходниот месец.

Високофреквентните показатели за личната потрошувачка и личниот доход се движеа во иста насока во септември. Имено, растот на личната потрошувачка и на личниот доход се зголеми од 0,7% на 1,2% и од -2,5% на 0,9% на месечна основа, соодветно. Според високофреквентните податоци за пазарот на труд, првичните барања за социјална помош во неделата до 24 октомври се намалија од 791.000 на 751.000 (пазарните очекувања изнесуваа 775.000), но ваквите податоци упатуваат на тоа дека пазарот на труд сѐ уште е слаб, во услови на понатамошен раст на бројот на новозаразени лица во САД. На крајот на неделата, ФЕД изврши значително приспособување на една од програмите за кредитирање (Main Street Lending Program), со цел да го олесни пристапот за бизнисите до програмата. Конкретно, ФЕД го намали минималниот износ на заемите од 250.000 на 100.000 американски долари.

Кина со нов петгодишен економски план

Довербата на потрошувачите во еврозоната во истиот месец, како што и се очекуваше, изнесуваше -15,5 поени, и понатаму укажувајќи на слабо закрепнување на побарувачката во еврозоната. Деловните очекувања во Германија, мерени преку показателот ifo (ifo Business Climate Index), во октомври се намалија од 93,2 на 92,7 поени, главно како одраз на зголемената загриженост од вториот бран на ширење на коронавирусот во земјата.

Во Јапонија, растот на индустриското производство во септември забрза и од 1% се искачи на 4% на месечна основа. Од друга страна, во текот на истиот месец, трговијата на мало се намали за 8,7% на годишна основа, при што ваквиот пад беше поизразен во споредба со претходниот месец (од 1,9%). Во однос на пазарот на труд, стапката на невработеност во септември остана на нивото од 3%, но ваквата стапка е сè уште значително пониска во споредба со останатите развиени земји во светот.

Во текот на неделата беа одржани состаноците за монетарна политика на централните банки на Јапонија и на Канада. Како што се очекуваше, на редовниот состанок на Банката на Јапонија не беше направена промена во поставеноста на монетарната политика, односно референтната каматна стапка изнесуваше -0,1%. Притоа, централната банка надолно ги ревидира проекциите за економски раст и инфлација за фискалната година којашто завршува во март 2021 година. На редовниот состанок, централната банка на Канада ја задржа референтната каматна стапка на нивото од 0,25%, но беше пренесено дека откупот на обврзници постепено ќе се намали на 4 милијарди канадски долари на неделна основа.

Во соопштението за јавност беше наведено дека се очекува дека каматните стапки ќе останат на тековното рекордно ниско ниво до 2023 година и дека програмата за откуп на обврзници ќе се фокусира кон инвестирање во подолгорочни обврзници, што би имало подиректно влијание врз трошоците за позајмување за домаќинствата и деловните субјекти. Кина го претстави новиот петгодишен економски план, 14-ти по ред. Во планот не беше наведено целното ниво на економски раст, но главно беше нагласена намерата да се постигне здрав економски развој, како и важноста на квалитетот на произведените стоки и солидниот домашен пазар.

Акциите на компаниите од технолошкиот сектор како и оние во сегментот на купување преку интернет, работа од дома, продолжуваат да бидат попривлечни за инвеститорите. Минатата недела, кинеските компании од гореспоменатите сегменти на пазарот исто така се претставија добро. Во завршна фаза е новата најголема продажба на акции на гигантот за финансиска технологија Alibaba – Ant Group, поранешна Alipay. Се очекува да се соберат 30 милијарди евра преку примарната емисија, а со пазарна капитализација од околу 300 милијарди евра, таа ќе стане 4-та по големина финансиска групација во светот. Акциите ќе бидат котирани во Кина и Хонг Конг.

На меѓународните финансиски пазари преовладуваше помала склоност на инвеститорите кон вложување во повисоко приносни инструменти, главно под влијание на неизвесноста за идниот економски раст предизвикана од натамошниот раст на бројот на новозаразени лица од корона-вирусот на глобално ниво, особено во еврозоната и САД и воведувањето мерки за ограничување на ширењето на вирусот од страна на повеќето влади во ЕУ.

Во такви услови, дојде до зајакнување на вредноста на американскиот  долар, беше забележан пад на берзанските индекси во Европа и САД и зголемена побарувачка за безбедни инструменти. Во такви услови, во еврозоната приносите на државните обврзници имаа пад речиси низ целата крива на принос, што главно се должеше на брзиот пораст на бројот на новозаразени од вирусот во Европа, воведените мерки за спречување на ширењето на вирусот и олабавувачкиот тон на состанокот на ЕЦБ, при што приносите на 10- годишните германски државни обврзници се сведоа на најниско ниво од март наваму.

Во САД, на неделна основа дојде до умерено искосување на кривата на принос, по растот на приносите на 10-годишниот сегмент на кривата на принос. При засилена неизвесност за идниот економски раст, како одраз на вториот бран на корона-вирусот, мерките воведени повторно од страна на владите за спречување на ширење на вирусот и зголемените залихи во САД, цената на нафтата се сведе на најниско ниво од мај наваму.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“