Connect with us

свет

Берзите продолжуваат да растат бавно

Пазари на капитал

објавено

на

„Пазарите продолжуваат да растат бавно. Видовме големи поместувања кај одделните акции, особено во секторите кои беа најголеми жртви на пандемијата. Некои акции пораснаа и за повеќе од триесет проценти. Но, бидејќи овие компании имаат мала тежина во глобалните индекси, во кои доминираат технолошки гиганти кои забавуваат во последно време, промените кај најголемите светски индекси се мали. Можеме да кажеме дека ротацијата во поризични, циклични инвестиции продолжува.“, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својот редовен седмичен извештај за глобалните финансиски пазари.

Генерали Инвестментс
(редакциска опрема Капитал)

Земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Како резултат, расте задолженоста и јавниот фискален дефицит. Но, пазарите гледаат на ова како краткорочен мост кон времето по пандемијата.

Бројката на новозаразени и смртни случаи, од една страна, и подобрените информации за вакцините, од друга страна, продолжуваат да ги кројат движењата на пазарот. Бројот на новозаразените и повеќе од 10.000 дневни смртни случаи на глобално ниво го доведоа светот до ново затворање, слично на пролетта и следствено, повторно во остра контракција на економијата. Земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Како резултат, расте задолженоста и јавниот фискален дефицит. Но, пазарите гледаат на ова како краткорочен мост кон времето по пандемијата. Три водечки вакцини (AstraZenеca оваа недела им се придружи на Moderna I Pfizer) ветуваат крај на пандемијата. Можеби оптимизмот е малку пребрз бидејќи нормализацијата може да се очекува во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефективни, но ротацијата помеѓу индустриите и компаниите продолжува.

Претходно најпогодените индустрии и акции можеа да се пофалат со највисоки стапки на раст во последните две недели. Расплетот на изборите во САД продолжува да биде од помош, а администрацијата на Трамп полека се подготвува да ја предаде власта.

Помалите пазари остануваат многу непредвидливи. Видовме силен скок во Турција, бидејќи политиката го смени правецот и ги зголеми каматните стапки. Во Кина видовме корекција кај најголемите технолошки гиганти на кои партијата им рече на малку потежок начин дека тие се во служба на партијата и на државата, а не само на приватните интереси.

Инаугурацијата се очекува во средината на јануари, а претпоставките за новата администрација не се променети. Збирот на претпоставки, инвеститорите го сметаат за позитивен за пазарот, а реториката на централните банки дава дополнителен импулс. Сè очекува дека ова е светло на крајот од тунелот, така што сегашното затворање на фирмите и како последица на тоа лошите економски податоци од крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година се практично лански снег, за кој веќе никој не е заинтересиран. Аналитичарите зборуваат за втората половина на 2021 и 2022 година, кога веќе нема да има пандемии, а се очекува значителен раст на БДП, профитите и деловната активност. Светот се гледа низ розови очила. Но, ова е карактеристика на буквално сите периоди веднаш по изборите во САД. Сè додека ликвидноста е неограничена, веселото расположение на сите пазари ќе продолжи.

Помалите пазари остануваат многу непредвидливи

Три водечки вакцини (AstraZenеca оваа недела им се придружи на Moderna I Pfizer) ветуваат крај на пандемијата. Можеби оптимизмот е малку пребрз бидејќи нормализацијата може да се очекува во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефективни, но ротацијата помеѓу индустриите и компаниите продолжува. Претходно најпогодените индустрии и акции можеа да се пофалат со највисоки стапки на раст во последните две недели.

Пазарите продолжуваат да растат бавно. Видовме големи поместувања кај одделните акции, особено во секторите кои беа најголеми жртви на пандемијата. Некои акции пораснаа и за повеќе од триесет проценти. Но, бидејќи овие компании имаат мала тежина во глобалните индекси, во кои доминираат технолошки гиганти кои забавуваат во последно време, промените кај најголемите светски индекси се мали. Можеме да кажеме дека ротацијата во поризични, циклични инвестиции продолжува. Последните недели парите беа привлечени главно од индустријата, но исто така и од биотехнологијата, услугите (туризам, угостителство, итн.), автомобили, финансии, како и сè што е поврзано со заштитата на животната средина и зелената енергија. Од друга страна, гледаме помал интерес за технолошки гиганти, компании кои служат работејќи од дома и вршат е – трговија, како и компании од прехранбената индустрија и некои фармацевтски гиганти.

Помалите пазари остануваат многу непредвидливи. Видовме силен скок во Турција, бидејќи политиката го смени правецот и ги зголеми каматните стапки. Во Кина видовме корекција кај најголемите технолошки гиганти на кои партијата им рече на малку потежок начин дека тие се во служба на партијата и на државата, а не само на приватните интереси. Сепак, растот е резултат на бавното движење на пазарите на Европа, каде што оптимизмот расте во последните неколку недели и покрај силниот застој во јавниот живот, а договорот за Брегзит никогаш не бил толку близу до целта. Договорот ќе отстрани голема пречка или ризик за европскиот пазар, особено од гледна точка на САД или глобалните инвеститори.


Совети за инвеститорите

Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања

„Трендот на раст на пазарите исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е носители на раст на индексите да не бидат најголемите технолошки компании, туку други помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани.“

Информациите за вакцините и ликвидноста овозможена од централната банка ќе продолжат да ги кројат берзите. На краток рок технолошките гиганти веројатно достигнаа врв со најавите за можна вакцина, а вниманието е насочено и кон другите сегменти на пазарот. На долг рок акциите од технолошките компании и компаниите кои вршат е – трговија и работа од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но остануваат скапи, така што инвеститорите ќе бидат повнимателни и воздржани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите на инвестиции во акции, а поради очекуваните вакцини и состојбата во политиката на САД, инвестирањето во акции денес е нешто полесно.

Остануваме посветени на општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции, а интересот на инвеститорот за технолошки акции ќе продолжи да биде силен, но како што видовме со високи процени, претпазливоста не е излишна. Можностите надвор од технолошкиот сектор се привлечни, главно како резултат на значително пониските процени и промените во очекуваното идно работење на компаниите, предизвикани од очекувањата за вакцината. Најновите деловни резултати во некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од корен и ротацијата помеѓу индустриите ќе добие силна поддршка. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија.

Трендот на раст на пазарите исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е носители на раст на индексот да не бидат најголемите технолошки компании, туку други помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Ова вклучува главно здравство, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии.  Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период.

Continue Reading
економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија2 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија2 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

свет2 days ago

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

менаџмент / маркетинг2 days ago

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

менаџмент / маркетинг2 days ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија5 days ago

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

економија4 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

економија3 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

здравје6 days ago

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

економија6 days ago

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

lifestyle2 days ago

Јан Коум: Правете една работа и правете ја добро