Connect with us

свет

Бернар Арно му „избега“ на Илон Маск за 20-тина милијарди долари

Кој влегува како најбогат во светот во 2023?

објавено

на

Oсновачот и директор на Tesla, а од неодамна сопственик и на Twitter, Илон Маск неколку пати годинава си го менуваше местото “најбогат на светот“ со францускиот милијардер Бернар Арно, којшто ја управува империјата LVMH, под чија капа се еден куп луксузни брендови. Па, така и во моментот на пишување на овој текст, 24 декември, Арно е на првото место на листата најбогати на светот што ја прави Bloomberg, со богатство од 159 милијарди долари.

„Ако не најдеш начин како да правиш пари и додека спиеш, ќе работиш се’ до смрт“, е познат цитат од легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе на планетава. Гледајќи ги износите на личните богатства на најбогатите во светот, би рекле дека тие може да си спијат и по цели денови без да се грижат за нешто. Но, многумина од нив неретко работат и по 15-16 часа на ден, фокусирани на повеќе проекти одеднаш, како што е Илон Маск, на пример. Затоа што основачот и директор на Tesla, а од неодамна сопственик и на Twitter,  има речено, дека “никој не го променил светот со 40-часа работа неделно“.

Кога сме кај Маск, тој неколку пати годинава си го менуваше местото “најбогат на светот“ со францускиот милијардер Бернар Арно, којшто ја управува империјата LVMH, под чија капа се еден куп луксузни брендови. Па, така и во моментот на пишување на овој текст, 24 декември, Арно е на првото место на листата најбогати на светот што ја прави Bloomberg, со богатство од 159 милијарди долари.

Како ја прави Bloomberg оваа листа? Според вредноста на акциите што милијардерите ги поседуваат во компаниите што ги предводат, но и удели во други компании. Затоа и вредноста на нивните богатства се менува секој ден, секој час, како што растат или паѓаат акциите на нивните компании. На пример, Илон Маск “загубил“ дури 132 милијарди оваа година, затоа што акциите на Tesla, каде што е најголем акционер, паднале за цели 70% од први јануари досега.

Или да звучи уште поспектакуларно, десетте најбогати луѓе на светот годинава загубиле речиси 395 милијарди долари. Добро, не ги загубиле буквално, туку нивното портфолио на акции сега вреди за толку помалку. Победник годинава е само индискиот милијардер Гаутам Адани, чиешто богатство се зголемило за скоро 40 милијарди долари годинава, и затоа не случајно во 2023 влегува како третиот најбогат човек на планетава.

Падот на светските берзи што се случи годинава како последица на постпандемиските нарушувања на пазарите и војната во Украина, ги погоди речиси сите милијардери, особено оние од технолошките бизниси.

Па, така, освен Маск, големи губитници годинава се и Џеф Безос (Amazon) со минус 84 милијарди долари, Лери Пејџ и Сергеј Брин (Google) со по околу 44 милијарди секој,  Бил Гејтс (Microsoft) со 28,7 милијарди, Стив Балмер (Microsof) со 20,2 милијарди, итн.

Според Forbes пак, бројот на милијардерите во светот ќе биде 2.668 на крајот од оваа 2022 година. Голем дел од нив се основачи на технолошки гиганти, со значителен удел од нивното богатство сè уште инвестирано во тие фирми. Некои пак, се едноставно ултра-богати наследници на бизнис империи, имоти и сл., уживајќи ги до максимум плодовите на она што го создале нивните предци.

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор