Connect with us

интервју

Бернд Шефер: Нашата цел е одржливо снабдување на Европа со суровини

Бернд Шефер, главен извршен директор на Европскиот институт за суровини – EIT RawMaterials

објавено

на

Само преку силна база на снабдување со минерали и метали од одговорен и одржлив рударски сектор, којшто ги почитува биодиверзитетот, социјалните и трудовите стандарди, експоненцијалната побарувачка на суровини може да биде задоволена, а пристапот на циркуларната економија, преку иновации во рециклирањето, преработката и ископувањето, да биде воспоставен. Целта на EIT RawMaterials е да обезбеди одржливо снабдување со суровини на Европа, преку поддршка и поврзување на образованието, иновациите, технолошкиот развој и претприемништвото.

Имавме ексклузивна можност, со помош на раководителот на Бизнис Акцелераторот УКИМ, Александар Стамболиев, да разговараме со Бернд Шефер, првиот човек на Институтот за суровини (EIT RawMaterials), најголемата иновациска заедница во областа на суровините во Европа, којшто е дел од Европскиот институт за иновации, формиран од Европската унија.

Г-дин Шефер е човек со огромно меѓународно искуство во секторот за металургија и суровини (ќе ги споменеме само високите менаџерски позиции во водечките компании од овој сектор, apt Group и Alcoa) и на чело на EIT RawMaterials доаѓа во април 2020 година. Институтот што го предводи има за цел да се обезбеди одржливо снабдување со суровини на Европа, преку поддршка и поврзување на образованието, иновациите, технолошкиот развој и претприемништвото.

EIT RawMaterials има активности и со засегнати страни во Северна Македонија, за што подетално разговаравме во ова интервју.

Г-дин Шефер, објаснете за нашите читатели Ве молам, каква институција е EIT RawMaterials  и кои се нејзините цели?

EIT RawMaterials е Иновациска Заедница (Innovation Community) во рамки на Институтот за иновации и технологија основан од Европската унија (European Institute of Innovation and Technology), познат како EIT, со мисија да работи на развој на суровините како една од главните предности на Европа. Минералите, металите и напредните материјали се клучни фактори за постигнување на целите од Европскиот Зелен Договор (European Green Deal).

Меѓутоа, денес ние се соочуваме со голем предизвик, а тоа е дека само мал дел од најрелевантните суровини се произведува во Европа, додека очекуваниот развој поврзан со електрификацијата и мобилноста ќе има огромно влијание врз побарувачката на суровини во блиска иднина.

Исто така, ние треба да сфатиме дека за критичните суровини особено, постои ризик за проблеми во ланецот на набавки. Овие материјали се клучни за индустријата и тие се произведуваат во само неколку земји во светот. Постои несомнен ризик предизвикан од пандемијата, еколошки предизвици, како и  геополитичките тензии, коишто може да водат до недостиг на суровините и прекин во ланците на набавка. Во овој контекст, сеопфатна цел на EIT RawMaterials е да го осигури снабдувањето на Европа со суровини.

EIT RawMaterials е назначен од Европската комисија да ја предводи и менаџира Европската алијанса за суровини  (European Raw Materials Alliance – ERMA)  – индустриска алијанса посветена на сигурното снабдување на Европа со суровини, којашто сега има преку 600 членки. Нашата организација дава поддршка и се залага за инвестиции во европскиот рударски сектор како основна база за функционална  циркуларната економија и успешна трансформација кон економија со нула емисии на јаглерод. Суровините се незаменливи фактори во овозможувањето на обновлива енергија и намалување на стакленичките гасови, што е потребно за да се трансформираме во економии со нула емисија на јаглерод и да успееме во остварување на целите на Зелениот договор.

Само преку силна база на снабдување со минерали и метали од одговорен и одржлив рударски сектор, којшто ги почитува биодиверзитетот, социјалните и трудовите стандарди, експоненцијалната побарувачка на суровини може да биде задоволена, а пристапот на циркуларната економија, преку иновации во рециклирањето, преработката и ископувањето, да биде воспоставен.
Целта на EIT RawMaterials е да обезбеди одржливо снабдување со суровини на Европа, преку поддршка и поврзување на образованието, иновациите, технолошкиот развој и претприемништвото. Целисходноста  на нашите активности е поддршка на нашите три стратешки цели: сигурно снабдување со суровини; дизајнирање на решенија за материјали; и постигнување на заокружени процеси на рециклирање на материјалите.

EIT RawMaterials е посветен во поддршката на транзицијата на Европа кон циркуларна, зелена и дигитална економија, истовремено зајакнувајќи ја глобалната конкурентност на континентот и обезбедувајќи вработувања.

На кој начин EIT RawMaterials ги поврзува иновациите, образованието и претприемништвото со цел да предизвика промени?

Нашите активности се базирани околу т.н. “триаголник на знаењето“ – успешен партнерски модел, којшто ги поврзува партнерите во рамки на заедницата на EIT RawMaterials, првенствено високообразовните институции, индустријата и истражувачките организации. Преку заедничка соработка нашите партнери реализираат иновациски проекти со цел да применат нови технологии и да ги донесат иновациите на пазарот. Ние поддржуваме образовни проекти за да стимулираме  поголема побарувачка за вештини од доменот на суровините, како и да се осигуриме дека ќе има доволно индивидуалци со технички, иновациски и претприемачки способности.

Преку соодветни програми за креирање бизниси и поддршка на активности, ние привлекуваме претприемачи во областа на суровините и ги поврзуваме со потенцијалните клиенти и инвеститори. Поврзана со сето ова е уште една битна сфера на активности: спојување (matchmaking, н.з.) и вмрежување, при што го поврзуваме секторот на суровини преку дигитални и офлајн платформи и настани – ова е клучно за да се случат иновации и да се зголеми квалитетот.

Во моментов се подготвуваме за Самитот за суровини 2022 (Raw Materials Summit 2022), најважниот настан во Европа на полето на суровините којшто на едно место го собира целиот сектор, од индустрија до академија, од претприемачи до инвеститори. Овој долго очекуван самит со физичко присуство, ќе се одржи во Берлин од 23 до 25 мај следната година  и секој што е заинтересиран за иднината на суровините во Европа е добредојден да ни се придружи.

Активностите што ги поддржуваме и имплементираме во Северна Македонија со нашите партнери се поврзани со иновациски проекти, едукација, креирање на бизниси и поддршка, како и спојување на ентитети од повеќе засегнати страни во процесот и градење на заедница од секторот суровини во земјата.

Кои се активностите на EIT RawMaterials заедницата во Северна Македонија?

Активностите што ги поддржуваме и имплементираме во Северна Македонија со нашите партнери се поврзани со иновациски проекти, едукација, креирање на бизниси и поддршка, како и спојување на ентитети од повеќе засегнати страни во процесот и градење на заедница од секторот суровини во земјата.

Иновациски проекти
Организациите од Северна Македонија (првенствено универзитети и големи индустриски компании, но и мали и средни бизниси) се вклучени во иновациски проекти фокусирани на мапирање на изворите на примарни и секундарни суровини  и валоризација на пост – продукциските остатоци од суровините. Најпознати од овие проекти се:

а) „RESEERVE”:Преку овој проект креиравме онлајн база, односно “Регистер на Западен Балкан за примарни и секундарни суровини“, вклучувајќи повеќе од 450 локации на примарни минерални ресурси и 1.461 локации на секундарни суровини (со се’ информациите за локации со рударски и металуршки отпад). Со овој проект постигнавме битно ниво на транспарентност, врз чијашто основа мапирањето на суровините достигна досега невидено ниво. Тоа ни овозможува класификација на потенцијалните проекти и го забрзува дефинирањето на приоритетите.

б) „RIS – AliCE“: Овој проект ги валоризира остатоците (отпадот) богати со алуминиум со производство на еколошки прифатливи високо – алуминиумски минерални врзива, коишто понатаму може да се користат како еколошки градежен материјал и да помогнат во декарбонизацијата на производството на полуготови алуминиумски продукти.

в) „RIS-CuRE“: Проект што воспостави квалификувана мрежа на учесници во ланецот  на додадена вредност при индустријата за бакар во Источна и Југоисточна Европа. Целта е да се промовира иновативен сервис за екстракција на метали со нула отпад (бакар, сребро, злато и ретки елементи) од отпадот на бакарна руда, генериран со рударските активности во минатото.

г) „MineService“: Во случајов воспоставивме сервисна платформа, којашто го усогласува постојниот  оперативен јавен систем на информации за суровините со цел поддршка на властите при менаџментот со минерални ресурси на национално ниво и којашто ќе ги олесни процесите на одлучување на индустриските играчи за влегување на нови пазари.
Системот за менаџмент со минералните ресурси беше усогласен со постојната регулатива во Северна Македонија и беше креирана онлајн апликација „Mining Registry Book” со цел поддршка на донесувачите на одлуки и останатите засегнати страни во секторот на суровини.

Образовни активности
EIT RawMaterials преку програмата EIT Western Balkans HEI Capacity Building on Circular Economy организираше тренинг семинари за градење на капацитет со помош на алатките HEInnovate. HEInnovate е алатка за само-евалуација наменета за високообразовните институции коишто се стремат да го подобрат својот иновациски потенцијал. HEInnovate исто така помага да се испитаат областите на предности и слабости. Истовремено е и платформа за експертски дискусии и размена на знаења поврзани со претприемачката/иновативната природа на секоја високообразовна институција.  Особена вредност на програмата е инкорпорираната опција за квалитет, што им овозможува на корисниците да го мерат напредокот со тек на време.

HEInnovate тренингот базиран на концептот на циркуларна економија беше спроведуван онлајн од страна на искусни тренери  и овозможи меѓународно вмрежување на луѓе со слични размислувања. Учеството беше бесплатно за претставниците од селектираните универзитети што аплицираа преку отворен повик. Обуката ја посетија околу 20 учесници од два универзитети од Северна Македонија. Програмата исто така им помага на универзитетите да се подготват за аплицирање за Иницијативата за високо образование (Higher Education Initiative) којашто е лансирана годинава.

Спојување и градење на заедница
EIT RawMaterials беше ко-организатор со партнер од Северна Македонија на настанот за циркуларна економија, на 2 декември годинава, одржан онлајн. Настанот беше посетен од 60-тина учесници од Северна Македонија и пошироко. Целта беше да се претстават најдобрите практики  и да се засили дијалогот меѓу засегнатите страни што имаат еднаков интерес во циркуларната економија и нејзиниот иден развој во регионот. Имаше говори и презентации од меѓународни експерти што прикажаа најдобри практики околу концептот на циркуларна економија за коишто учесниците отворено дискутираа, во контекст на националните предизвици и идните можности на циркуларната економија во регионот.

Бизнис креација и поддршка
EIT RawMaterials вклучува инкубатори од Западен Балкан да ја прошират нашата мрежа и да се поврзат со локалните екосистеми. Целта е да се привлечат повеќе апликанти од земјите од Западен Балкан за нашите програми за Бизнис креација и поддршка (Business Creation and Support), како што се Jumpstarter, Accelerator and Booster програмата.
EIT RawMaterials заедно со локалниот соработник Бизнис Акцелераторот УКИМ од Скопје организираше пред-акцелераторски воркшоп со намера да пронајде талентирани поединци од земјата и да ги подучи на претприемачки вештини. Работилницата се одржа онлајн на 14 април 2021 и беше посетена од преку 60 учесници.

Инвестиции
EIT RawMaterials има добиено мандат од Европската комисија да ја координира Европската алијанса за суровини (ERMA). ERMA работи на тоа да осигури стабилен, безбеден и одржлив пристап до суровините како клучни фактори за постигнување на глобално конкурентна, зелена и дигитална Европа. Алијансата се фокусира на најитните потреби за суровини: зголемувањето на отпорноста на ЕУ во вредносните ланци на ретките земјени метали, витални за клучните европски индустриски екосистеми, како автомобилската индустрија, обновливата енергија и авионската индустрија. Алијансата ќе се посвети и на останатите критични и стратешки потреби за суровини, вклучувајќи ги оние поврзани со материјалите за складирање на енергија и конверзија (батерии и ќелии за гориво).

Многу стратешки важни индустриски екосистеми во ЕУ зависат од стабилната испорака на одржливи суровини. Суровини и напредни материјали во контекст на циркуларната економија се витални за европската конкурентност и иновациски капацитет.
ERMA е отворена и инклузивна алијанса што обезбедува отворен и независен форум за дискусија и анализи, како и механизам за претворање на потенцијалните проекти во вистински активности и инфраструктури што ќе придонесат за креирање на долгорочна додадена вредност и работни места во Европа.
ERMA ќе ги идентификува бариерите, можностите и инвестициските проекти што ќе изградат капацитет за сите фази на вредносниот ланец на суровините, од ископувањето руда до складирање и рециклирање на отпадот. Сето ова во согласност со регулативите на ЕУ за конкуренција и меѓународните трговски договори што Унијата ги има потпишано.
EIT RawMaterials има воспоставено агилен и брз процес за внесување на проектите поврзани со суровини во инвестициска фаза, нивно оценување и одобрување со цел да се обезбедат најсоодветни опции за финансирање.
Како да ѝ се приклучите на ERMA? ЕRMA е отворена за сите индустриски и неиндустриски чинители, вклучувајќи невладини организации, синдикати, национални влади, региони, европски и неевропски, коишто се посветени на развој на одржливи вредносни ланци на суровини за Европа, како и на градење на отпорност, конкурентност и вештини.
За да се приклучите на алијансата, ве молам посетете ја www.erma.eu   поднесете онлајн апликација. Учеството е отворено за сите чинители и е бесплатно. Услугите се наплаќаат за секој посебно.
Како да поднесете предлог за инвестиција? Инвестициските предлози може да се поднесат во било кое време преку соодветна онлајн форма. За повеќе информации, ве молам пишете на erma@eitrawmaterials.eu Сета кореспонденција и интеракција со EIT RawMaterials е строго доверлива.

Како можат македонските организации, иноватори, стартапи и компании да се вклучат, односно секој потенцијален партнер да се пронајде себеси во рамки на активностите на EIT RawMaterials  и да ја започне својата приказна?

Северна Македонија со неколкуте значајни рударски проекти околу базните и скапоцените метали исто така има висок потенцијал за развој на нови наоѓалишта, на пример на никел, железо, молибден, итн. Ова отвора многу можности за соработка во рамки на активностите на EIT RawMaterials. Исто така, има големи можности за развој и на други сектори во земјата коишто се поддршка на рударските и преработувачките активности, како што е набавката на машини и опрема, консултантски компании, капацитети за истражување и развој, итн.
За да се обезбеди развој на високо иновативно ниво во секторот на суровини и целиот негов вредносен ланец, важно е сите категории на чинители да ги здружат силите, како што се индустријата, универзитетите, акцелераторите и инкубаторите, невладините организации, властите, студентите и креаторите на идеи. EIT RawMaterials  нуди совршена платформа за вакво градење на заедница околу темите на суровини и циркуларна економија.
Секој заинтересиран поединец или организација можат да дознаат повеќе околу финансирањето на иновативни проекти, претприемништво, можности за едукација и околу нашите партнери, ако го посетат нашиот вебсајт, конкретно на делот Opportunities (https://eitrawmaterials.eu/category/opportunities/) или директно да го контактираат нашиот Innovation Hub East (https://eitrawmaterials.eu/about-us/contact-us/)  Ние сме секогаш отворени за дискутирање на идеи или одговор на прашања. Може и едноставно да ни пратите ваш мејл контакт за да ве додадеме во нашата информативна мејлинг листа, со што ќе може да добивате редовно информации за локалните и меѓународните настани. https://www.linkedin.com/company/eit-raw-materials/mycompany/

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал