Connect with us

регион

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

На големите туристички пазари расте побарувачката за Хрватска

објавено

на

Хрватските туристички работници тријат раце – на туристичките пазари на Скандинавија и Балтикот, Германија, Франција, Чешка и Словачка, како и Кина, побарувачката за Хрватска е поголема од лани, а може да се очекува и поголем туристички сообраќај од лани.

На туристичките пазари на Скандинавија и Балтикот, Германија, Франција, Чешка и Словачка, како и Кина, побарувачката за Хрватска е поголема од лани, а може да се очекува и поголем туристички сообраќај од лани, изјавија за Хина од Хрватската туристичка заедница деновиве.

Во Скандинавија, а особено во Шведска, перцепцијата за Хрватска и побарувачката веќе се рефлектираат со успешниот настап на Бејби Лазања на Евровизија, којашто се одржа во таа земја минатиот викенд, како и многу написи во шведските медиуми, меѓу кои имаше и пораки „да побрзаме да бараме сместување во Загреб и во Хрватска бидејќи ќе има голема побарувачка“, вели директорот на ХТЗ одговорен за Скандинавија и балтичките држави,  Ведран Сушиќ.

Тој раскажува и дека заедно со амбасадата во Шведска ги засилиле промотивните активности на тој пазар поради настапот на Евросонгот  во Малме и смета дека тоа заедно со другите активности, како и поголем број летови ќе го зголеми туристичкиот сообраќај од тој пазар, како и од другите нордиски и балтички земји.

Меѓу сите скандинавски земји, Шведска има најголем туристички промет кон Хрватска, а од балтичките земји, каде што се најавуваат и нови сезонски авиолинии за оваа сезона, поединечно тоа се сѐ уште мали бројки, но, како што додава, „кога ќе ги соберете и  не е толку малку“, а како што ќе им се зголемува стандардот, ќе ги има повеќе.

Најголеми конкуренти на Хрватска на скандинавскиот пазар се Шпанија, Грција и Турција, но имаат сличен раст како и во Хрватска, со тоа што во 2023 година таа имала поголем пораст и посета во проценти  од Грција, на што додава дека Хрватска не е сепак елитна дестинација за нив како Италија и Франција, но подеднакво ги  посетуваат туристи од средна и малку повисока класа.

„За прв пат оваа година стотици млади луѓе од Стокхолм летово во јули ќе дојдат во Сплит, за нивната т.н. Стокхолмската недела, која ја поминуваат надвор од земјата, и авионските билети за Сплит веќе се купуваат во голем број, а тоа е моментално најголемиот тренд, летување во Хрватска, меѓу нивните млади туристи“,  најавува Сушиќ.

Во Скандинавија, а особено во Шведска, перцепцијата за Хрватска и побарувачката за патувања таму веќе се рефлектираат со успешниот настап на Бејби Лазања на Евровизија, којашто се одржа во таа земја минатиот викенд.

На растот во Германија делумно влијае и фудбалското ЕУРО

Исто како и Евросонгот  во Шведска, и во Германија се гледа одредено влијание на фудбалското ЕУРО врз туристичката побарувачка за Хрватска, што може да зависи и од евентуалниот пласман  на „коцкестите“, но без разлика на тоа, за јуни и јули, според сегашните показатели, има пораст на побарувачката на германските туристи, вели директорот на ХТЗ  одговорен за  Германија,  Ромео Драгичио.

Потсетува дека ЕУРО не го намали доаѓањето на Германците во Хрватска ниту претходните првенства, така што тоа не се очекува ниту сега, но нормално дека ќе дојдат Германци и во јуни, а вкупно повеќе од лани.

„Добро сме консолидирани на тој пазар и може да очекуваме добар резултат и оваа година, што е веќе видливo од почетокот на годинава, а во моментов Хрватска е меѓу првите четири странски земји за германски летни одмори. Долги години интензивно работиме на имиџот и промоцијата на туризмот, годинава има повеќе летови од лани, па и за Берлин, што секако ќе влијае на повеќе пристигнувања од северот на Германија, покрај веќе традиционално добриот одѕив од Баварија и другите германски покраини“,  нагласува Драгичио.

За важни ги смета и различните маркетиншки активности на ХТЗ на тој пазар за поддршка на спортот и другите атракции, а дел од нив е и отворањето на хрватскиот павилјон во најпознатиот германски забавен парк Еуропапарк, кој е важен и за Хрватска и за привлекување гости на други профили од досега.

Олимпијадата во Париз ќе  „ги избрка“ Французите во Хрватска

„Многу поголема побарувачка за Хрватска од лани е забележлива во Франција и мислам дека оваа година може да очекуваме рекордни бројки, што е веќе прикажано во првите четири месеци и со над 30 отсто повеќе пристигнувања и ноќевања од лани“,  вели директорката на претставништвото на ХТЗ во таа земја, Данијела Михалиќ Ѓурица.

Таа вели дека Французите сè повеќе ја откриваат Хрватска, дека сè повеќе доаѓаат во претсезоната, главната и постсезоната и во сите видови транспорт, индивидуално и организирано, и млади и стари, како и семејства , за што придонесуваат и повеќе летови во последниве години, но и тоа што патуваат неколку пати годишно бидејќи имаат многу годишни и слободни денови поврзани со празници.

„Оваа година цела Франција е покриена со летови за Хрватска, а освен Дубровник кој традиционално го сакаат, сѐ повеќе доаѓаат и во Сплит, регионите на Истра и Кварнер, Загреб, Славонија и на други места.  Ги интересира природата и морето, но и континентот, уште повеќе културата и наследството, како и гастрономијата и разбрале и дека за нив сме релативно блиска и сигурна дестинација и затоа се многу добри гости за продолжување на сезоната“,  вели Михалиќ Ѓурица.

На прашањето за Олимпијадата во Париз, таа смета дека тоа е и плус за нив, бидејќи и Париз има проблеми со сообраќајот, а веќе е познато дека многу парижани во јули поради ова ќе бараат одмор надвор од градот или државата,  а Хрватска е „дефинитивно на листата на најпопуларни дестинации“.

Враќање на Кинезите

Директорката на ХТЗ  во Кина, Франка Гулин, вели дека по годините на пандемијата може повторно да се работи нормално на кинескиот пазар, кој што сѐ повеќе сака да го прошета светот.

„Цело време работевме и одржувавме работилници и други активности за одржување на видливоста и туристичката побарувачка за Хрватска, а тоа сега се вреднува во конкретни договори и се надеваме на повеќе посети на кинески туристи во Хрватска. Малку е веројатно дека брзо ќе стигнеме до 2019 година, кога Кинезите, како и туристите од Индонезија, Малезија и слични ‘потентни’ пазари дојдоа во рекорден број, но трендот е многу позитивен“, додава Гулин.

Таа вели дека забележливо е дека туристите од Кина се враќаат во Европа, а исто така и во Хрватска, има сѐ повеќе поединци кои бараат специјални понуди, остануваат подолго и трошат повеќе, но има и многу интерес за големи групи, најмногу за Дубровник, Загреб и Плитвички езера, но расте интересот и за други дестинации.

„Хрватска нуди многу во однос на природното, културното и историското наследство, разновидна кујна и севкупна понуда, која секогаш најмногу ги привлекува Кинезите, а сакаат и да откриваат нови работи. Иако се пишува за пад на нивната економија, тие се во добра финансиска состојба и можат да си дозволат патување, а наше е да продолжиме што подобро да се позиционираме на тој пазар“, вели Гулин.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години