Connect with us

македонија

Бизнисмени градежници: Становите нема да поевтинат, побарувачката е голема, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

објавено

на

Големата побарувачка тие ја објаснуваат со традиционалната навика на македонските граѓани да ја чуваат вредноста на своите пари купувајќи недвижнини.

Становите во Скопје, како најатрактивна локација, но и во другите македонски градови нема да поевтинат, или евентуално може да има само мала корекција на цената, велат македонските бизнисмени што градат станбени згради.

„Побарувачката за станови не се намалува, иако цените отидоа нагоре последниве година и половина. Ние продадовме 500 станови во комплексот Порта Супериум, уште толку да ги имавме ќе ги продадевме“, рече сопственикот на Порта Инженеринг Груп, Александар Ивановски, на вчерашната Конференција за комерцијални недвижности во Скопје.

Големата побарувачка тој ја објаснува со традиционалната навика на македонските граѓани да ја чуваат вредноста на своите пари купувајќи недвижнини.

„Ако имаме предвид што се случува во светот во последно време, инфлација, економска несигурност, итн., нашиот народ не гледа друг избор кај да ги пласира парите со коишто располага. Македонецот не знае за друго, знае две работи – или во банка или во недвижнини. Бидејќи каматните стапки за депозити  во банките сега се пониски од стапката на инфлација, единствено гледа дека на долг рок може да ја зголеми вредноста на своите пари само преку купување станови. Затоа е толкава побарувачката. А, ако имаш притисок од побарувачката и цената ќе расте. Плус, додадете го и големото поскапување не сите градежни материјали во последно време, сето тоа придонесе цената да оди нагоре.“, рече Ивановски.

За 20-тина години квадратот поскапел само стотина евра, сега фаќаме чекор со регионот

Сашо Цветковски од Фортонмка, консултантската компанија за недвижнини што ја организираше Конференцијата, рече дека и покрај зголемувањето на цените на становите за околу 20% изминатиов период, не е забележано попуштање на побарувачката за станови.

На првата Конференција за комерцијални недвижности во Скопје организирана од Фортонмка, имаше посебен панел и за станбен простор.

„Некои анализи ни покажуваат дека веројатно, поради затегнувањето на монетарната политика може на среден рок да се очекува благо намалување на побарувачката, но не ништо драстично“, рече тој.

Ивановски од Порта Инженеринг се надоврза околу цената на становите со свое видување.

„Најголемото покачување  на цените на становите  се случи во 2000 година кога се смени марката во евро. Тогаш квадратот во Скопје беше 950 марки, па наеднаш стана 950 евра. Во 2018 година кога ја градевме Порта Аеродром, квадратот го продававме по 1.050 евра. Значи за 18 години, пораст на цената од само стотина евра. А знаете ли колку поскапи квадратот во Белград, Софија, Загреб, за тоа време?!“

Политиката исто така влијае врз цените на становите

Фатмир Етеми, сопственик на ЗСФ КОМ, компанија што има градено на повеќе локации низ Скопје, смета дека цените на становите се оптоварени и со други фактори  кои немаат врска со пазарот.

„Овде се случуваат работи кои ги нема никаде во светот. Постапки за градежни одобренија се развлекуваат со години, не се носат ДУП-ови, па имавме едно време сосема погрешна политика на носење мораториуми на градба  во општините. Па имаме ситуации каде што ДУП е на сила, а луѓето не добиваат одобрение за градба. Не може со политика да прекинуваш еден процес, пазарот бара станови.“, рече Етеми.

Тој ја истакна и, како што ја нарече, вештачката хистерија што се создаде во јавноста кон градежниците, што доведе до поништување на многу ДУП-ови, па пролонгирање  со години.

„И знаете кој го плаќа цехот на крај? Граѓаните. Ако се одолжи постапката, трошоците растат, становите поскапуваат. Апелирам да се освестат донесувачите на одлуки, да престанат да мразат успешни луѓе. Градежништвото мобилизира многу други гранки во економијата. Ние остануваме тука со нашиот капитал, не го носиме надвор, продолжуваме да инвестираме во својата земја, вработуваме луѓе, индиректно храниме уште многу вработени поврзани со оваа дејност. “

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%