Connect with us

економија

Бизнисот бара нова финансиска вакцина од државата за да ја преживее пандемијата

Владата подготвува четврт пакет антикризни мерки

објавено

на

Неколку изјави на високи владини претставници како вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, и министерот за финансии Фатмир Бесими, упатуваат на заклучок дека веќе се финализираат мерките од четвртиот пакет за помош на компаниите, но се уште нема детали на кој начин државата ќе помага да се премости кризата. Засега е извесно дека ќе се продолжи со издавање на платежни картички и тоа за пензионери со минимална пензија, за невработени што ги изгубиле работните места во екот на кризата, самохрани родители. Едно од главните барања на бизнис заедницата е да се врати мерката за исплаќање по 14.500 денари за вработен во дејностите што беа најмногу погодени од кризата. Од Стопанската комора на северозападна Македонија изјавија дека освен помош за плати, неопходно е да продолжи и поддршката со евтини кредити за оние фирми кои може да придонесат за развој на економијата.

Првиот голем предизвик на новите министри во економскиот ресор на Владата не е воопшто лесен и во услови на пандемија која што се заканува веќе за еден месец да зададе втор силен удар и под притисок на бизнис заедницата, мора брзо да го решава – а тоа е да инјектираат нови свежи пари во стопанството што ќе им помогнат на компаниите да ја преживеат корона – кризата.

Предлогот на Finance Think е да се доделат 14.500 денари месечно по вработен за компании кои во третиот квартал, периодот јули – септември имале пад на приходите во однос на претходниот квартал, периодот април – јуни. Компаниите ќе треба да се обврзат на 1 октомври да имаат најмалку ист број вработени како на 30 јуни и да го задржат истиот број вработени во рок од три месеци по завршување на мерката, односно до март следната година. Очекувањата се дека со оваа мерка би биле опфатени 68.568 работници. Месечниот трошок за реализација на мерката би бил 16,6 милиони евра, а вкупниот трошок 100 милиони евра. На работа би се вратиле 11 илјади работници што, според процените на Институтот, е една четвртина од нововработените.

Неколку изјави на високи владини претставници како вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, и министерот за финансии Фатмир Бесими, упатуваат на заклучок дека веќе се финализираат мерките од четвртиот пакет за помош на компаниите, но се’ уште нема детали на кој начин државата ќе помага да се премости кризата. Засега е извесно дека ќе се продолжи со издавање на платежни картички и тоа за пензионери со минимална пензија, за невработени што ги изгубиле работните места во екот на кризата, самохрани родители.

Едно од главните барања на бизнис заедницата е да се врати мерката за исплаќање по 14.500 денари за вработен во дејностите што беа најмногу погодени од кризата.

Институтот за економски истражувања и политики Finance Think кој веќе направи анализа на ефектите од оваа мерка што траеше три месеци, во април, мај и јуни, исто така и сугерира на Владата да продолжи да ја применува од октомври.

Предлогот на Finance Think е да се доделат 14.500 денари месечно по вработен за компании кои во третиот квартал, периодот јули – септември имале пад на приходите во однос на претходниот квартал, периодот април – јуни. Компаниите ќе треба да се обврзат на 1 октомври да имаат најмалку ист број вработени како на 30 јуни и да го задржат истиот број вработени во рок од три месеци по завршување на мерката, односно до март следната година.

Очекувањата се дека со оваа мерка би биле опфатени 68.568 работници. Месечниот трошок за реализација на мерката би бил 16,6 милиони евра, а вкупниот трошок 100 милиони евра. На работа би се вратиле 11 илјади работници што, според процените на Институтот, е една четвртина од нововработените.

Со реализација на мерката би имало и дополнителен приход во Буџетот врз основа на данок на личен доход и придонеси од најмалку 7,2 милиони евра.

Не само помош за плати, туку и евтини кредити

Од Стопанската комора на северозападна Македонија изјавија дека освен помош за плати, неопходно е да продолжи и поддршката со евтини кредити за оние фирми кои може да придонесат за развој на економијата.

„Стопанската комора на северозападна Македонија, базирајќи се врз анализите од терен, ѝ предлага на новата влада да продолжи со субвенционирање на платите до крајот на октомври, а ако пандемијата продолжи и до крај на годината. Исто така, многу е битна финансиската поддршка за компаниите за да се одржи финансиската ликвидност на микро, малите и средни компании. Од друга страна, кредитите со минимална каматна стапка од Банката за развој бараме да продолжат за компаниите кои може да придонесат до развој на економијата“, велат од оваа стопанска комора.

Колку вкупно ќе чини овој четврт пакет антикризни мерки засега не се знае, но министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека има простор во Буџетот да се одвои за сериозна поддршка на стопанството, дел преку пренамена на некои ставки што не се искористени, и дел со дополнително задолжување на домашниот пазар, ограничено до околу 60 милиони евра.

„Ќе одиме со репрограмирање на средства од проектите за кои со голема веројатност се знае дека нема да се реализираат до крајот на годината со цел да има ефикасно и оптимално алоцирани средства што се планираат. Соодветно од големината на пакетот ќе видиме колку ќе влијае на јавниот долг за кој имаме јасно дефинирана позиција да биде во рамките на стабилно финансирање на нашата економија“, рече Бесими и додаде дека доколку се носи одлука за ребаланс тоа ќе биде до крајот на месецот.

Прецизира дека во рамките на постојниот  Буџет со планираните приходи и расходи се предвидува до крајот на годината да нема јавен долг над 60% од БДП.

„Првенствено за финансирање на четвртиот сет мерки ќе гледаме каде има можност за репрограмирање во постојниот Буџет од проекти за кои знаеме дека нема можност да се реализираат до крајот на годината. Доколку тоа не е доволно за реализација на целиот пакет во Буџетот и во рамките на сегашното планирање има простор за дополнителни задолжувања од 60 милиони евра на домашен пазар што нема да предизвикаат зголемување на буџетскиот  дефицит. Но, за тоа јавноста ќе биде информирана откако ќе се дефинира сетот на мерки“, потенцира Бесими.

Поддршка на домашни, а не на увезени производи

Стопанската комора на северозападна Македонија, базирајќи се врз анализите од терен, ѝ предлага на новата влада да продолжи со субвенционирање на платите до крајот на октомври, а ако пандемијата продолжи и до крај на годината. Исто така, многу е битна финансиската поддршка за компаниите за да се одржи финансиската ликвидност на микро, малите и средни компании. Од друга страна, кредитите со минимална каматна стапка од Банката за развој се бара да продолжат за компаниите кои може да придонесат до развој на економијата.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, исто така неодамна посочи дека во случај на пролонгирање на пандемијата, опфатот и времетраењето на досегашните политики би требало да се прошири, а во исто време би требало да се размислува и за нов добро таргетиран сет на мерки за економска поддршка кој би се применил при едно неповолно сценарио.

„Инвестициите во јавната здравствена инфраструктура треба да продолжат, а во услови на ограничени финансиски ресурси потребно е однапред да се изврши приоретизирање на јавните расходи со цел зголемување на нивната ефикасност. Во исто време,  треба да се води сметка да не се загрози одржливоста на јавниот долг и квалитетот на јавните финансии на среден рок. Во овој контекст, многу значајна ќе биде и поддршката од меѓународните финансиски институции, кои и согласно со својот мандат треба да имаат многу активна улога токму во вакви кризни ситуации“, истакна гувернерката Ангеловска Бежоска додавајќи дека мерките треба да имаат голем мултипликативен ефект врз БДП, односно да се насочени кон: поддршка на домашните, а не увезени производи; да се насочени кон поранливите сегменти на населението со цел заштита на животниот стандард; и поддршка на вложување во инфраструктурата со што ќе се вложува долгорочниот потенцијал и конкурентноста на економијата.

Инаку, македонските власти од почетокот на март досега, донесоа три пакети антикризни мерки.

Првиот сет мерки за прва помош на стопанството се донесе на средината на март заедно со здравствените мерки, а ги таргетираше трите најпогодени сектори во прво време, туризам, угостителство и транспорт, и сите коишто имаа запрена економска активност поради мерките на Владата со коишто најголем дел од бизнисите присилно се затворија.

По прогласувањето на вонредната состојба, по десетина дена се донесе и вториот пакет мерки со кој Владата го прошири опсегот и одлучи да финансира исплата на минимална плата за работниците што работат во фирми коишто имаат над 30% намалување на приходите без оглед во кој сектор делуваат.

Во мај се донесе третиот пакет на мерки главно фокусиран на поддршка на поранливите категории на граѓани, со директна финансиска исплата за луѓето што имаат помали примања од минималната плата во земјата.

Според податоците од Министерството за финансии, досега се исплатени околу 165 милиони евра врз основа на сите мерки, од кои околу 40 милиони евра поддршка за граѓаните и околу 125 милиони евра за фирмите. Сепак, тоа е само третина од проценетата вредност на овие мерки од околу 500 милиони евра.

Економската состојба е сериозна

ОД НБРМ сметаат дека мерките треба да имаат голем мултипликативен ефект врз БДП, односно да се насочени кон: поддршка на домашните, а не увезени производи; да се насочени кон поранливите сегменти на населението со цел заштита на животниот стандард; и поддршка на вложување во инфраструктурата со што ќе се вложува долгорочниот потенцијал и конкурентноста на економијата.

Прогнозата за следните месеци е сосема неизвесна и зависна во голема мера од ширењето на заразата, но изгледите се негативни.

Македонските менаџери се песимисти во поглед на очекувањата за следниот период, па така во Анкетата за деловните тенденции спроведена во јуни од Државниот завод за статистика, истакнале дека обемот на производство дополнително ќе се намали во следните три месеци. Како најголем фактор за ограничувањето на производството ја навеле недоволната побарувачка од странство.

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, кој ги сумира нарачките за производство, обемот на работа и состојбата на залихите, во јуни изнесува 12,2 и во споредба со истиот период лани е намален за дури 9,1 процентен поен.

Народната банка уште во април направи сценарио според кое доколку пандемијата се пролонгира, продолжено дејство ќе имаат и негативните економски последици. Се чини, ова сценарио кое предвидува падот на БДП да биде подлабок за 2,3 процентни поени, односно од 3,5% според првината прогноза на оваа институција, да достигне 5,8%, станува се пореално.

„Состојбата е многу сериозна особено што е голема неизвесноста поради здравствената криза. Во првата половина од годината има реален пад на економската активност од 6,4%. Согласно ребалансот кој е направен во мај приходите се скратени за 11,5% во однос на иницијалниот буџет. Државниот долг на крајот на вториот квартал годинава изнесуваше 50,7% од БДП. Зависно од проширувањето на здравствената криза можно е да има соодветна корекција на проектираниот економски раст во периодот што следи, но најважно е да ги заштитиме ранливите сегменти кај граѓаните и стопанството“, истакна министерот за финансии Бесими потенцирајќи дека е свесен дека нема да у биде воопшто лесно во овој мандат.

Тој информираше дека приходите и расходите се реализираат во рамки на планираното. Заклучно со 15 септември реализација на расходната страна во Буџетот е 68,9% и 65,5% на приходната страна, а реализацијата на капиталните инвестиции е 41,2%.

НБРМ: Нема потреба од понатамошно олабавување на монетарната политика

Народната банка исто така ја информираше јавноста дека неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија.

„Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на монетарната политика, доколку тоа е потребно“, истакнаа од централната банка.

„Најновите макроекономски показатели покажуваат пад на бруто домашниот производ во вториот квартал од 12,7%, што во целост е во согласност со проекцијата на Народната банка според која очекуваното намалување изнесуваше 12%. По минималниот раст на економијата во првиот квартал од само 0,2%, во вториот квартал, економијата очекувано забележа досега најдлабок годишен пад, одразувајќи ги ефектите предизвикани од пандемијата на ковид-19. Тековно расположливите високофреквентни податоци за третиот квартал од 2020 година, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност. Ова е видливо преку забавувањето на годишните стапки на пад на индустријата и трговијата во јули, додека на месечна основа се забележува раст и во двата сектора“, велат од Народната банка.

Инаку, централната банка во својот дел на делување, во три наврати ја намали каматната стапка на благајничките записи од почетокот на годината, со што сега е задржана на нивото од 1,5%.

„Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка во април и мај е соодветна, при што се одлучи на последната аукција да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари“, истакнаа од НБМ.

Понатаму се наведува дека просечната годишна стапка на инфлација и натаму се одржува на релативно ниско и стабилно ниво, и за првите осум месеци од годината изнесува 0,8%, за што главно придонесуваат повисоките цени на храната. Во однос на проекцијата, ваквите остварувања се над очекувањата за 0% стапка на инфлација во 2020 година. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и нивна голема променливост посебно изразена во услови на глобалната пандемија, неизвесноста околу остварувањето на проекцијата на инфлацијата за 2020 година е зголемена.

НБМ информира дека девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурна зона.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за август покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, кој е повисок во однос на проекцијата за третиот квартал од годината.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал