Connect with us

интервју

Билал Суџубаши: Покрај сите шокови предизвикани со пандемијата, Халкбанк е стабилна и бележи високи стапки на ликвидност и раст на депозитите

Покрај сите шокови предизвикани со пандемијата, Халкбанк е стабилна и бележи високи стапки на ликвидност и раст на депозитите

објавено

на

Глобалната економија во 2020 година ќе оствари силен пад, што се проценува како најдлабок по периодот на глобалната депресија, а со тоа значително се влошија и перспективите за домашната економија. Сепак, како што објави Народна банка, нашиот банкарски сектор е здрав, стабилен и со зајакната отпорност на шокови, споредено со глобалната економска криза од пред десетина години, па со тоа и добро подготвен да се справи со предизвиците на корона – кризата. За влијанието на кризата, помошта за клиентите, новите производи кои ќе помогнат во консолидација на граѓаните, случајот „Еуростандард банка“ и исплата на „заробените“ штедни влогови, зборуваме со г-дин Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Кон крајот на минатата годината светот го погоди здравствена криза, што од почетокот на 2020 година прерасна во глобална пандемија, со сериозни предизвици не само за здравствените системи и здравјето на луѓето туку и за севкупниот економски и финансиски поредок. Колку домашниот банкарски сектор е подготвен да се справи со вакви предизвици?

Она што е извесно е дека глобалната економија во 2020 година ќе оствари силен пад, што се проценува како најдлабок по периодот на глобалната депресија, а со тоа значително се влошија и перспективите за домашната економија. Банките, нивните клиенти и, генерално, сите економски субјекти и институции во нашата земја се соочуваат со бројни предизвици од оваа криза, чиишто последици ќе зависат од времетраењето и интензитетот на негативните ефекти од глобалната здравствена, и последователно економска криза.

Народна банка веќе објави дека анализите покажуваат дека домашниот финансиски сектор е добро подготвен да се справи со предизвиците на корона-кризата. Банкарскиот сектор е здрав, стабилен и со зајакната отпорност на шокови, споредено со глобалната економска криза од пред десетина години. Впрочем, тоа го потврди и најновиот извештај на агенцијата „Стандард и Пурс“ во кој е нагласено дека поставеноста на монетарната политика и мерките на Народната банка придонесуваат за неутрализирање на ефектите од пандемијата со КОВИД-19 врз македонската економија, како и дека банкарскиот систем останува стабилен. 

„Со сите активности кои во изминатиов период ги преземавме, покажавме дека секогаш сме во тесна комуникација со клиентите, посветени на понудување на соодветни решенија и производи прилагодени на потребите на граѓаните со цел генерирање на задоволни клиенти, а водени од начелото ‘Важни се луѓето’. Оваа пандемија драстично ги промени животите на сите. Затоа, задоволството на луѓето, нивната безбедност, економска стабилност и доверба беа силно ставени во преден план. Халкбанк е горда што може да им помогне на клиентите полесно да го поминат овој период и кога ќе заврши пандемијата, повторно ќе се радуваме на убавите моменти.“

Сепак, банките може да се на удар пред сѐ поради неможноста на дел од клиентите навремено да ги намируваат своите обврски, со што се нагласуваат ризиците од кредитни загуби во билансите и од можно забавување на кредитниот раст, што може неповолно да се одрази врз самите банки. Но, треба да се потенцира дека за разлика од периодот пред глобалната криза, кој беше проследен со силен кредитен раст и последователно остварување на кредитниот ризик, тековните состојби не упатуваат на присутни нерамнотежи на кредитниот пазар. Во годините пред појавата на пандемијата, домашниот банкарски сектор остваруваше здрав и одржлив кредитен раст што се согледува и преку падот на стапката на нефункционални кредити, што потврдува дека добрата поставеност на банкарскиот сектор значи и негова подготвеност за справување со предизвиците кои ќе следат.

Иако засега стапката на нефункционални кредити и натаму е релативно ниска, сепак, со оглед дека истече периодот во кој имавме одлагање на отплата на кредитите што беше прифатено од огромен број граѓани, а и компании, дали во наредниот период може да се очекува пораст на нефункционалните кредити, особено кај корпоративниот сектор. И како целава ситуација ќе се одрази на банкарскиот сектор?

Пандемијата во земјава, како впрочем и секаде во светот, силно удри врз економиите. Многу извозници престанаа со своите производни и извозни активности, одделни сектори беа целосно замрени, многу вработени останаа без работа или имаа минимални приходи. И сосем е нормално дека ваквата ситуација се одразува на сите економски субјекти, па соодветно и врз банкарскиот сектор.

Сепак, согласно јавно достапните информации за банките, како и согласно сите сигнали од монетарните власти, уверени сме дека банкарскиот сектор е стабилен и ќе остане стабилен. НБРСМ веќе објави дека нефункционалните кредити се одржуваат на историски ниско ниво од 4,7%, при што кај најголем дел од банките има нивно намалување. Банкарскиот сектор во првата половина од оваа година работеа со добивка и ликвидноста ја одржуваат согласно супервизорските стандарди (околу 30% учество на ликвидна актива во вкупна актива на банкарскиот систем). Истовремено, кај банкарскиот систем во поглед на финансиските резултати во целина се забележува подобрување за речиси 21%.

Банкарскиот сектор изминатите години помина две поголеми кризи, светската финансиска кризата во 2008 година и кризата со која денес се соочуваме, и во овој период се покажа дека довербата во банкарскиот сектор е на највисоко ниво и сѐ уште расте, како и дека банкарскиот систем е флексибилен на непредвидени шокови и спремен да одговори со брзи исправни и ефикасни решенија. Вкупните депозити на физичките и правните лица особено пораснаа во текот на вториот квартал на годината во кој рестриктивните мерки беа најизразени, а кај граѓаните владееше голема неизвесност во поглед на иднината и работните места.

Дали имате веќе процени за одразот на кризата врз работењето на Халкбанк?

Ние како банка слободно можам да кажам дека подготвено ја пречекавме состојбата, што се должи секако на стабилноста која ја има Халкбанк, која е четврта најголема банка на пазарот според активата од 935 милиони евра и четврта банка по големина на профит. Ланската година за нас беше исклучително успешна, односно рекордна бидејќи постигнавме профит од 11.4 милиони евра, забележавме пораст на активата за повеќе од 10 отсто, го зголемивме пазарното учество и во кредитирањето, а истата растечка тенденција е регистрирана и во делот депозити.

Дополнително, нашата матична банка Халкбанк АШ Турција е постојано тука да даде поддршка, па така, со стартот на кризата, таа веднаш донесе одлука да изврши докапитализација на Халкбанк АД Скопје со 20 милиони евра. Токму затоа и бевме во можност да одговориме на дадената состојба со итно донесени мерки поврзани со државата и граѓаните. Ние, на пример, први излеговме со понуда за одложување на кредитните обврски и на граѓаните и на компаниите, кои се наши клиенти. Кај населението речиси 70% од граѓаните ја имаат прифатено мерката. Односно, 36.500 клиенти со кредитна изложеност по основ на кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување во висина од околу 190 милиони евра.

Истовремено и над 600 компании клиенти на Халкбанк, со над 9.600 вработени и со кредитна изложеност во банката во висина од 140 милиони евра, заклучно со месец март, ја прифатија понудата за одложено плаќање на тековните кредитни обврски за период до 6 месеци и пролонгирање на доспевањата на краткорочните кредити, во зависност од индивидуалната потреба на компаниите засегнати од кризата.

Со подготвените мерки им овозможивме на фирмите да ја зачуваат ликвидноста и да ја искористат за нивните најнеопходни потреби во наредниот период на намалена или, пак, стопирана бизнис активност. Ова индиректно значеше поддршка на стопанството во одложување на плаќањата на фирмите по основ на кредитни задолженија во износ од околу 30 милиони евра.

Покрај сите шокови, банката е стабилна и бележи високи стапки на ликвидност, високи стапки на раст на депозитите.

Очекуваме дека мерките и на Централната банка и на Владата ќе овозможат закрепнување на стопанството, а со тоа и на населението, што пак, позитивно ќе се одрази и на банкарскиот сектор. Но, останува да видиме како ќе се одвива состојбата со пандемијата, од што впрочем зависи сè. Сепак, најважни се луѓето и нивното здравје.

Неодамна НБРСМ донесе мерки со кои се овозможи и второ пролонгирање на кредитните обврски на физичките лица. Опфатот веројатно ќе биде многу помал со оглед дека треба да се исполнат одредени услови за да се добие ново пролонгирање на обврските. Дали имате проценка колку ваши клиенти ќе ја искористат втората понуда? 

„Банкарскиот сектор изминатите години помина две поголеми кризи, светската финансиска кризата во 2008 година и кризата со која денес се соочуваме, и во овој период се покажа дека довербата во банкарскиот сектор е на највисоко ниво и сѐ уште расте, како и дека банкарскиот систем е флексибилен на непредвидени шокови и спремен да одговори со брзи исправни и ефикасни решенија. Вкупните депозити на физичките и правните лица особено пораснаа во текот на вториот квартал на годината во кој рестриктивните мерки беа најизразени, а кај граѓаните владееше голема неизвесност во поглед на иднината и работните места.“

Халкбанк, водејќи се според одлуките на НБРСМ за измена и дополнување на одлуката за управување со кредитен ризик, како и уредбата со законска сила за начинот на промена на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците донесе одлука за второ одложување на кредитните обврски на физичките лица.

Одлуката се состои од цврсто издржани и оправдани критериуми и ги опфаќа физичките лица кои навистина имаа негативен ефект како резултат на кризата во вид на намалување на месечни приходи за 10% или губење на работно место на клиентот, брачен другар или ко – кредитобарател, зголемени трошоци за лекување на клиентот, брачен другар или ко – кредитобарател, а сето тоа предизвикано од пандемијата.

Според нашата анализа, бројот на клиенти кои го исполнуваа критериумот за намалени месечни примања изнесуваше околу 8.000 клиенти. Од нив 799 клиенти – физички лица, со вкупно 2037 кредитни производи, во моментов ја користат втората мерка за шестмесечно одложување на кредитните обврски. Овој број презентира драстично намалување од првично одложените. Останатите клиенти кои сметаат дека ги задоволуваат критериумите за одложување, потребно е за истото да достават адекватна документација, бидејќи во спротивно нема да имаме основ за понатамошно одложување на нивните изложености.

Останатите корисници кои ја искористија првата понуда, а не ги исполнуваат условите од втората, од октомври ќе треба да продолжат со отплата на долговите. Како ќе се плаќа каматата и дали можеби се планирани некои други понуди, како можност за рефинансирање или репрограмирање на кредитните обврски?

Првата рата на доспевање на месечните ануитети по кредитите започнува со 30.09.2020 година. Начинот на плаќање останува ист како и пред одложувањето, на месечно ниво, согласно новите амортизациони планови кои клиентите ќе ги имаат на располагање, со плаќање на ануитети кои ќе содржат главница, камата и мал дел од пресметаната камата за периодот на одложување. Пресметаната камата за периодот на одложување ќе биде рамномерно распоредена на остатокот на рокот на кредитот кој ќе биде зголемен за дополнителни 6 месеци, со цел да се избегне наметнување на поголем товар на клиентот, а во согласност со објавата на банката за првото одложување на обврските во текот на март 2020 година.

Истовремено, банката веќе нуди нов производ – потрошувачки кредит со грејс период од 6 месеци, кој ќе им даде можност за дополнителна консолидација и олеснување во поглед на финансиските обврски на клиентите кои не ги исполнуваат условите за ново пролонгирање на отплатата. Промотивниот период за овој нов производ е до 30 ноември и кај него сите што ќе решат да земат кредит или можеби да рефинансираат постоечки кредит земен од Халкбанк или од некоја друга банка, ќе добијат можност за грејс период во отплатата од 6 месеци. Кај овој производ каматната стапка е 5% фиксна во првите две години, односно 5,5% варијабилна за останатиот период, рокот на отплата е до 120 месеци и истиот е без надомест за обработка.

Исто така, за нашите здравствени работници, кои се наши херои, подготвивме посебен производ – потрошувачки кредит кој е со уште пониска каматна стапка од 4% фиксна за првите две години, односно 5% варијабилна за останатиот период, рок на отплата до 120 месеци и без трошоци за обработка. Сите здравствени работници за овој наш нов производ ќе можат да аплицираат до крајот на годинава.

Што се однесува до корпоративниот сектор, водејќи се од сигналите – раст на кредитирањето, како и поголемата флексибилност на мерките од страна на Владата, наша оценка е дека нормалното функционирање ќе се врати повторно и дека оние кои не биле зафатени со негативни ефекти нема да имаат дополнителни влошувања во периодот кој следи.

Секако ние будно ќе го следиме развојот на ситуацијата во одделни бизнис сектори, особено секторите кои беа најмногу погодени, ситуацијата на пазарот на труд, владините мерки и политики, макроекономските параметри итн., за да може навремено да реагираме и да понудиме соодветни решенија како комплементарна интервенција со сите чинители.

Со сите активности кои во изминатиов период ги преземавме, покажавме дека секогаш сме во тесна комуникација со клиентите, посветени на понудување на соодветни решенија и производи прилагодени на потребите на граѓаните со цел генерирање на задоволни клиенти, а водени од начелото „Важни се луѓето”. Оваа пандемија драстично ги промени животите на сите. Затоа, задоволството на луѓето, нивната безбедност, економска стабилност и доверба беа силно ставени во преден план. Халкбанк е горда што може да им помогне на клиентите полесно да го поминат овој период и кога ќе заврши пандемијата, повторно ќе се радуваме на убавите моменти.

Дали и за корпоративниот сектор планирате да понудите нови мерки, со оглед дека е очигледно, а на што укажува и пораст на нефункционални кредити во овој сектор, дека голем дел од стопанските субјекти се во тешка состојба?

Халкбанк ја продолжува поддршката на корпоративниот сектор преку изготвување на понуда за користење на втор период на одложување на кредитните обврски, што е во согласност нашите главни принципи и вредности кои се состојат од обезбедување на одлична услуга преку понуда на најдобрите решенија за нивните потреби. Вториот период се состои од продолжување на рокот за подмирување на кредитните обврски за дополнителни шест месеци на своите клиенти – правни лица кои веќе користат финансиска поддршка. Притоа, компаниите ќе имаат можност и за:

– Дополнително финансирање за потребите за обртни средства;

– Овозможување на прилагодливи услови за отплата согласно природата на бизнисот;

– Можност за реструктурирање на бизнис кредитите во неколку сектори.

Имајќи ги предвид импликациите што COVID-19 ги предизвика на домашната економија и тешкотиите со кои се соочуваат нашите корпоративни и МСП клиенти, ние искрено веруваме дека со нашата поддршка и понуда на решенија ќе придонесеме истите во наредниот период да бидат надминати и заедно со своите клиенти успешно ќе продолжиме да чекориме кон остварување на заедничките цели.

Иако постојано се потенцира дека нашиот банкарски систем е стабилен, сепак се случи пропаѓање на Еуростандард банка, односно одземање на дозволата за работа на банката од страна на НБРСМ. Како ова ќе се одрази на стабилноста, но и довербата на граѓаните во банкарскиот сектор?

О: Иако одземањето на дозвола за работа на некоја банка не е убава вест, сепак, кога зборуваме за целокупниот банкарски систем, сметам дека истото нема да има негативен ефект врз банкарскиот сектор. Пред сѐ, малото пазарно учество на Еуростандард банка АД Скопје во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем воопшто не ја доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Банкарскиот систем е и останува стабилен и добро капитализиран, со висока ликвидност. Стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем забележа натамошен раст и е во рамки на историскиот максимум, достигнувајќи 17%, што е стапка двојно повисока од законскиот минимум. Истата, како што објави Централната банка, се движи во распон од околу 14% до 22%, односно кај најголем дел е двојно повисока од минималното законско барање, што е од клучно значење за стабилноста и на одделните банки и на банкарскиот систем во целина.

Со оглед дека депозитите во износ до 30.000 евра се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, а како што е објавено, над 99% од депозитите кај физичките лица се до тој износ, најголем дел од граѓаните ќе ги добијат своите средства.

Централната банка реши исплатата на физичките лица, досегашни коминтенти на Еуростандард банка да се одвива преку четирите големи банки во државава, кои влегуваат и во категоријата системски важни банки, меѓу кои е и Халкбанк АД Скопје. Колку штедачи и во колкав износ треба да бидат обесштетени преку Вашата банка?

Во претстојниот период, Халкбанк АД Скопје ќе обесштети 34.201 штедачи во вкупен износ од 1.122.730.790 МКД. Како што знаете, штедачите се распределени меѓу четирите банки според првата буква од нивното презиме. Процесот на исплата веќе започна и поминува непречено. Филијалите во најголема можна мера се прилагодени на потребите, од аспект на број на вработени и број на шалтери, а ангажирани се и лица за одржување на редот и почитување на мерките за заштита, сè во насока за зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените, но и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

Граѓаните кои ќе си ги подигнат заштедите секако не треба да ги чуваат своите пари дома, бидејќи тоа е најлоша опција, туку треба да изберат банка која ќе биде нивен сигурен партнер.

Халкбанк во овој „период на пандемија“ е особено активна во поддршката на низа проекти кои претставуваат помош за заедницата. Притоа, приоритет доби платформата HalkEco.

Платформата HalkEco, која започна со промоција на истоимената апликација со која граѓаните се поттикнуваат на здрави животни навики, а соодветно на користењето на апликацијата и нашата обврска за засадување дрвја таму каде што е потребно, постепено ја проширивме со низа други активности, дел врзани за спортување и физички активности, а дел за заштита на природата и помош на заедницата. Па така, по успешното организирање на трката „HalkEco хронометар 10км“ каде Халкбанк беше генерален покровител, решивме да организираме и хронометар велосипедска трка Halk Velo Green која се одржа на почетокот на септември во Маврово и имаше навистина голем одѕив.

Исто така, по помошта која ја дадовме на Град Скопје со која ги реновираме сите мостови во вториот дел од Градскиот парк, сега поддршка дадовме и на општина Карпош и нивните заложби  за почист и зелен Карпош. Во ТЦ Лептокарија уредивме катче за најмладите, со повеќе зеленило, урбана опрема, систем за наводнување и содржини за дечињата кое ќе биде пријатно место за сите кои го посетуваат овој трговски центар. А тоа можеби ќе доведе и до поголема економска активност и бенефит за многуте трговски објекти кои делуваат токму овде.

Во рамките на платформата HalkEco неодамна ја поставивме и првата еко автобуска постојка во општина Аеродром, која е опремена со зелен и воедно одржлив покрив и е прва и засега единствена од ваков вид во земјава.

Меѓутоа, освен платформата HalkEco, во фокусот на нашите активности беше и поддршката на граѓаните и на компаниите кои се наши клиенти, од кои голем број сериозно беа погодени од пандемијата и беа принудени да ги затворат своите врати поради карантинот. Токму затоа преку медиумите организиравме доделување ваучери за производи и услуги на голем број мали бизниси – угостителски објекти, цвеќари, салони за убавина, спортски центри и други. На овој начин помош добија како бизнисите, така и граѓаните, но и медиумите преку кои беше организирано доделувањето ваучери.

Дополнително, заедно со Mastercard креиравме и кампања која ја нарековме на „Наша сметка“, која започна на 4 август и трае до крајот на овој месец и со која сите физички лица, нови или постоечки клиенти на Халкбанк, доколку станат корисници на некој нов продукт на банката, како: нов кредит, нов депозит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка, нова Mastercard кредитна картичка или пак трансакциска сметка со плата во Халкбанк, добиваат Mastercard дебитна картичка и вредносен ваучер од 500 денари кој може да го искористат во еден од локалите кои се клиенти на филијалата од каде го подигнале ваучерот. На овој начин, со инвестиција од над 25.000 евра, дадовме директна поддршка на локалните бизниси, на нашите клиенти, но и на филијалите со кои тие работат. Директна помош всушност добија вкупно 133 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата.

Ваквите активности секако ќе продолжат и во иднина бидејќи Халкбанк е општествено одговорна компанија која е посветена кон зачувување на животната средина, подобрување на условите во културата и спортот и воопшто кон зголемување на општото добро за луѓето. И токму затоа, несебично помагаме во реализација на најразлични проекти од овие сфери.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок