Connect with us

свет

Битката за Донбас: три причини зошто Русија ја префрли војната во источна Украина

објавено

на

Главно повлекувајќи од северните делови на Украина, долго очекуваната руска офанзива на исток се чини дека сериозно започна вчера, 18 април, со нејзините воени сили кои извршија напади врз голем број области во Донбас.

„Битката за Донбас“ се чини дека е во тек во Украина, бидејќи Русија ја концентрира својата воена машинерија на источниот регион – главна стратешка, политичка и економска цел за Кремљ.

Главно повлекувајќи од северните делови на Украина, долго очекуваната руска офанзива на исток се чини дека сериозно започна вчера, 18 април, со нејзините воени сили кои извршија напади врз голем број области во Донбас.

„Сега може да се каже дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време“, рече вчера, 18 април,  украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека „многу голем дел од целата руска армија сега е фокусирана во оваа офанзива“.

CNBC ги разгледува трите главни причини зошто Русија сега се фокусира на источна Украина:

1. На Русија ѝ треба „победа“

Долгогодишен фокус на Русија, регионот Донбас вклучува две сепаратистички „републики“ поддржани од Русија во Луганск и Доњецк. Тие со години се борат против украинските сили.

Сега, очигледното повторно фокусирање на Русија на областа доаѓа по само мал број  воени успеси во остатокот од Украина и покрај речиси двомесечните борби.

„Рускиот претседател Владимир Путин целосно се откажа од своите поамбициозни цели“, коментира поранешниот американски амбасадор во Русија, Мајкл Мекфол, на Твитер денеска, велејќи дека беше  „многу зачудувачки како тие го сменија името на нивната војна во ‘специјална воена операција за одбрана на Донбас’“.

Се чини дека руските сили биле недоволно подготвени и опремени да се справат со суровите борбени услови во Украина и силниот отпор што го дава земјата. И покрај тоа што предизвика многу деструкција, Москва постигна релативно малку – и не успеа да доведе до брз пад на главниот град Киев и смена на прозападната влада на Зеленски.

Поради тоа, аналитичарите веруваат дека ова ја поттикна Русија повторно да ги фокусира своите напори на целосно преземање на клучните стратешки градови во јужна Украина и на Црното Море, на пример пристанишните градови Миколаев, Мариупол и Херсон. Последните два се речиси целосно под руска контрола, и покрај остатоците  на жесток отпор од украинските борци.

Се смета дека Русија, исто така, сака да ја преземе Одеса што се наоѓа понатаму на брегот на запад, иако тоа се смета за многу потешка задача.

Се смета дека Кремљ се стреми да прогласи некаква победа во Украина до 9 мај – ден познат како „Ден на победата“ кој има големо национално значење за Русија бидејќи ја одбележува победата  на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Весникот „Киев Индипендент“  во март објави дека на руските војници им било кажано дека војната мора да заврши до 9 мај, повикувајќи се на разузнавачки информации од Генералштабот на вооружените сили на Украина. Руското Министерство за одбрана не било  достапно да го коментира ова кога го контактирале од  CNBC.

Украинскиот претседател  Зеленски  вчера  истакна дека зголемен број напади се регистрирани во Донбас, во близина на градовите Изиум во областа Харков и Славјанск во областа Доњецк, како и околу Северодоњецк и Попасна во областа Луганск, поисточно.

2. Русија сака копнен мост

„Победата“ во источна Украина не е клучна само за Русија во однос на нејзината воена стратегија; има и значајна економска вредност.

Прво, самиот Донбас е силно индустријализиран регион познат по својата индустрија за ископување јаглен и големите резерви на јаглен до кои Русија потенцијално би можела да пристапи доколку го анектира целиот регион.

И второ, контролата на регионот, исто така, ќе ѝ овозможи на Русија да создаде „копнен мост“ кон Крим, кој го анектираше од Украина во 2014 година, и кој е витален воен и трговски центар за Москва на Црното Море.

Овој притисок да може да се пристапи до Крим по копно е клучна причина што јужниот пристанишен град Мариупол – кој е директно на патот на можниот копнен мост – беше во фокусот на руските напади и украинскиот отпор: победата или загубата има големи последици за двете страни.

Основачот на аналитичка куќа  Eurasia Group  Јан  Бремер истакнува  дека Русија сега е во „втора фаза“ од нејзината инвазија, со различни стратешки цели.

Ова вклучува „заземање на целиот Донбас“, вклучувајќи ги провинциите Доњецк и Луганск, вели тој, како  и обезбедување на копнен мост од регионот до Крим.

Тој рече дека другите цели на Русија вклучуваат целосна контрола на градот Херсон – од клучно значење за обезбедување на водените конекции по копно до  Крим,  што Украинците ги отсекоа – и да заземе „некоја тампон територија за сето тоа комотно  да се одржи“.

3. Руската политика на идентитет

Регионот Донбас е исто така важен за Русија кога станува збор за нејзиниот национален идентитет и нејзиното влијание врз поранешните советски територии – и луѓето во нив кои сè уште се идентификуваат како Руси.

Навистина, самопрогласената руска „одбрана“ на етничките Руси во регионите Луганск и Доњецк  формираше голем дел од нејзиното оправдување за инвазијата на Украина.

На областа не ѝ се  непознати  конфликти; самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск се место на борби меѓу сепаратистите поддржани од Русија и украинските сили уште откако Русија го анектираше Крим од Украина. Бројките варираат, но се верува дека околу 14.000 луѓе биле убиени за време на продолжениот, но на пониско ниво конфликт во областа.

Настрана од конфликтот, во последните осум години аналитичарите велат дека Русија го сеела семето што ќе ѝ овозможи да ги анектира регионите Луганск и Донецк со обиди да ги „русифицира“ областите, во што спаѓа и  нудење руски пасоши и државјанства на жителите таму од 2019 година.


Политичките аналитичари го сметаа ова како циничен претходник на инвазијата, бидејќи Русија може да го брани таквиот потег велејќи дека сака да ги „заштити“ своите граѓани од Украина. Руските државни медиуми се фокусираа на жителите на Донбас кои бегаат во последните неколку недели, постојано обвинувајќи ја војската на Украина за воени злосторства во регионот, тврдења кои Украина ги негираше.

Од своја страна, Русија постојано негираше дека ги поддржува бунтовниците во областите Луганск и Доњецк, и покрај доказите за финансиска поддршка за отцепените „републики“ и руското оружје што го користат сепаратистите во борбата против украинските сили.

Фото: Анатолиј Степaнов, AFP

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор