Connect with us

свет

Биткоинот нагло скокна откако Илон Маск додаде #bitcoin на својот Твитер профил

објавено

на

Биткоинот скокна за 20% на преку 37.000 долари откако најбогатиот човек на светот само го додаде хаштагот #bitcoin на своето био на Твитер, и остави „загадочна“ порака дека “ако погледне наназад, ова било неизбежно“

Биткоинот скокна со цената за 20% утрово откако Илон Маск го додаде хаштагот #bitcoin на својот Твитер профил. Криптовалутата скокна одеднаш околу 03:30 часот утрина по источно – американско време (9:30 по македонско) , додавајќи 5.000 долари на својата вредност за само еден час, постигнувајќи 37.200 долари. Нешто подоцна, се тргуваше за цена од околу 36.500, а во моментов повторно се приближува до 37.000 долари за еден биткоин.

Покрај хаштагот #bitcoin, сопственикот на Тесла и најбогатиот човек на светот испрати и „загадочна порака“, велејќи: „Ако погледнам наназад, ова беше неизбежно“.

Ова само ја загреа уште повеќе ситуацијата околу најпопуларната криптовалута, која во моментов има пазарна капитализација од околу 680 милијарди долари, а чијашто цена е страшно променлива на секојдневна основа. На почетокот од годинава биткоинот ја надмина цената од 41.000 долари, историски рекорд на оваа виртуелна валута, за потоа во неколку наврати да отиде и под 30.000 долари. Во 2020 година биткоинот порасна повеќе од четирикратно, а од почетокот на 2021 неговата вредност во моментов  е за околу 25% поголема.

Оваа референца на биткоинот на профилот на Маск доаѓа по бројните шпекулации дека тој ќе купи биткоини или ќе ја додаде криптовалутата во финансискиот биланс на неговата компанија Tesla. Милијардерот исто така ги наполни насловните страници минатиот месец, откако си размени твитови со Мајкл Сејлор, директор на софтверската компанија MicroStrategy, имплицирајќи дека е заинтересиран за биткоинот. MicroStrategy, исто како и Square, компанијата за финансиски услуги во сопственост на Џек Дорси (основачот на Твитер, патем) имаат додадено биткоини во своите биланси.

„Ако сакаш на своите акционери да им направиш услуга од 100 милијарди долари, конвертирај го билансот на Tesla од долари во биткоини“, му напиша Сејлор на Маск. Како одговор, Илон Маск твитна: „Дали вака огромни трансакции се воопшто можни?“

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 час ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација