Connect with us

свет

Биткоинот ја ситни шестата „десетка“ – цената моментално преку 51.000 долари

објавено

на

Биткоинот порасна за речиси 80% од почетокот на годинава, а во 2020 година порастот на криптовалутата беше неверојатни 4 пати или преку 300%.

Биткоинот во моментов на светските берзи за криптовалути преминува вредност од 51.600 долари, што е нов историски рекорд на цената. Пазарната капитализација на најпопуларната криптовалута во моментов приближува кон еден трилион или илјада милијарди долари.
Биткоинот порасна за речиси 80% од почетокот на годинава, а само во 2020 година порастот на криптовалутата беше неверојатни 4 пати или преку 300%.

Јагмата за биткоинот не стивнува откако глобалните финансиски корпорации се’ почесто зборуваат  за „дигиталното злато“ и најавуваат начини за негово вклучување во своите операции. Огнот дополнително го разгори потегот на Илон Маск, основачот и директор на производителот  на  електрични автомобили Tesla, кога објави дека компанијата неодамна купила биткоини за 1,5 милијарди долари. Сега само се очекува кој ќе биде следен од големите играчи што ќе се реши дел од парите на сопствената компанија да претвори во криптовалута.

Вртоглавиот раст на биткоинот, но и на етереумот и останатите криптовалути не го одминува ниту вниманието на македонските граѓани што се заинтересирани да влезат во оваа приказна, па Народната банка вчера излезе со еден сет на прашања што најчесто се поставуваат околу криптовалутите и нивни одговори.

Оттаму објаснија дека прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство. Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано. 

Исто така, од Народната банка предупредија дека вложувањето во крипто-средства се смета за високо ризично.
„Сите коишто вложуваат или имаат намера да вложат во крипто-средства треба да бидат исклучително внимателни и добро да се информираат за потенцијалните ризици на кои се изложени и ефектите од таквите вложувања. Високиот ризик што го преземаат лицата кои вложуваат во крипто-средства произлегува од  исклучително високата променливост на нивната пазарна цена, што значи дека за краток временски период се можни исклучително високи промени во пазарната цена на крипто-средствата (како во нагорна, така и во надолна насока). Сите кои вложуваат треба да бидат свесни дека вредноста на крипто-средствата може да биде и нула“, велат од Народната банка.

интервју4 дена ago

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

технологии / компании6 дена ago

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

економија4 дена ago

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

интервју4 дена ago

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

економија5 дена ago

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

економија7 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

start up4 дена ago

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

lifestyle4 дена ago

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

економија4 дена ago

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020