Connect with us

свет

Биткоинот ќе биде прифатен во најстарата банка во САД

објавено

на

Bank of New York MellonCorp којашто работи како „чувар“(custodian bank) на средства на своите клиенти, изјавила дека ќе чува, трансферира и издава биткоини и други криптовалути во име на своите клиенти.

Bank of New York MellonCorp., најстарата банка во САД, прави исчекор кон пазарот на биткоини, што е знак за пошироко прифаќање на најпопуларната криптовалута, пишува Wall Street Journal.

Од банката којашто работи како „чувар“(custodian bank) на средства на своите клиенти, без да се занимава со конвенционалните форми на банкарство (кредити, депозити и сл.) изјавиле дека ќе чуваат, трансферираат и издаваат биткоини и други криптовалути во име на своите клиенти, коишто се главно од редовите на фирмите за управување со средства (asset management). Банките од типот на BNY Mellon се грижат за чување, односно водење сметка за  средствата на овие клиенти, без оглед дали станува збор за физички нешта како недвижности или готови пари што се на сметка во друга банка – некои од нив чувајќи ги кај себе, додека за други сведочејќи за нивното постоење.

BNY Mellon изјавила дека ќе дозволи дигиталните средства да поминат низ истите механизми како и останатите средства на клиентите, оние потрадиционалните, од типот на обврзници, па се’  до акции на технолошки гиганти. За тоа ќе користи платформа што сега е во фаза на прототип. Банката веќе разговара за овие можности со клиентите со цел да ги остават своите дигитални валути на чување.

„Дигиталните средства стануваат дел од меинстримот“, вели Роман Регелман, директор во BNY Mellon.

Досега, овие менаџери на средства што се клиенти на BNY Mellon, користеле посебни „чувари“ за нивните количини на криптовалути.

Ова е голем чекор за банките од Волстрит од т.н. back – office сегмент, коишто во принцип имаат отпор кон директен контакт со крипто пазарите, поради регулаторните, правните аспекти, како и исклучителната нестабилност на криптовалутите. BNY и нејзините конкуренти всушност работеле со години на различни сервиси за дигиталните средства на своите клиенти, но чекаа знак од регулаторите дека може да се придвижат кон овој пазар, затоа што активностите поврзани со дигиталните валути до скоро се сметаа за нелегални.

Еден таков сигнал дојде на почетокот од годинава кога еден од регулаторите на монетарниот пазар во САД даде зелено светло за употребата на блокчеин технологијата од страна на банките.

И како што цените на биткоинот и другите дигитални валути постојано растат, стануваат се повеќе популарни кај менаџерите на средства, хеџ фондовите и останатите институционални инвеститори. Биткоинот денеска деновиве достигна вредност од преку 48.600, што е најновиот рекорд во неговата историја. Вревата околу оваа криптовалута особено се крена деновиве, откако Тесла на Илон Маск објави дека купиле биткоини за 1,5 милијарда долари, што веднаш ја крена цената за повеќе од 10%.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите