свет
Биткоин ита кон 70.000 долари

Во последните 24 часа неговата вредност е зголемена за 3%, според Coin Metrics. Етер, криптовалутата на блокчеин платформата етериум, достигна вредност од 4.840 долари, надминувајќи го за првпат нивото од 4.800 долари. Во последните 24 часа неговата вредност е зголемена за 2%.
Биткоин и етер достигнаа највисока вредност во историјата денеска, со тоа што биткоин надмина во еден момент 68.500 долари, за во моментов да се движи оклу 67.800 долари. Во последните 24 часа неговата вредност е зголемена за 3%, според Coin Metrics. Етер, криптовалутата на блокчеин платформата етериум, достигна вредност од 4.840 долари, надминувајќи го за првпат нивото од 4.800 долари. Во последните 24 часа неговата вредност е зголемена за 2%.
Овие рекордни нивоа на двете најголеми криптовалути според пазарна вредност (околу 1,28 трилиони долари биткоин, и околу 570 милијарди долари етер) се случуваат среде поширока трка на крипто пазарот. Таканаречените „убијци на етериум“, солана и кардано пораснаа за 21% и 16% за само седум дена.
Иако е тешко да се поврзат краткорочните движења на цените со некој конкретен настан и графиците со криптовалутите се одликуваат со висока нестабилност – некои аналитичари сметаат дека и биткоин и етер ќе продолжат со трендот на пораст во следните недели.
На пример, Микел Морч, директор на крипто хеџ фондот ARK36, изјави дека вредноста од 70.000 долари за биткоин во моментов се чини како сосема извесна.
Други имаат уште похрабри проекции за тоа до каде ќе оди биткоин, па така JPMorgan неодамна излезе со проекција дека до крајот на годинава биткоин ќе достигне 73.000 долари, а 150.000 долари на подолг рок.