свет
Биткоин се соочува со забрана во уште една голема земја
ВО ФОКУС

Предлог закон да се забранат сите криптовалути што не се издадени од централна банка беше додаден во агендата на парламентот во Индија деновиве, непосредно откако индискиот премиер Нарендра Моди зборуваше дека средствата како биткоин и етериум би можеле да завршат во погрешни раце и да ја расипат младината.
Претходните обиди да се забранат криптовалутите во Индија не беа успешни во април 2020 година, што доведе до бум на крипто пазарот. Не се знае колкав ефект може да има врз светскиот пазар на криптовалути нивната забрана во Индија, со оглед дека процената за вредноста на криптовалути во рацете на индиски инвеститори е околу 5,5 милијарди долари, додека пазарната капитализација само на биткоин е околу 1.000 милијарди долари.
Само за потсетување, Кина беше првата голема земја што пред неколку месеци забрани секаква трговска активност поврзана со криптовалути, што значеше и забрана за странски крипто менувачници да им даваат услуги на кинески инвеститори. Ова имаше силен ефект врз вредноста на криптовалутите, меѓу кои, најпопуларната, биткоин загуби речиси половина од вредноста.