Connect with us

коментари

Благојче Котески: Гасификација – помеѓу митот и реалноста

Став

објавено

на

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е Kotevski-kolumna-01.jpg
Благојче Котески, магистер по енергетика

Енергетиката е носечката гранка или клучот кој ја отвора вратата на новата индустриска револуција чиј камен темелник е енергетската транзиција. Во енергетиката, нема место за импровизации, енергетските проекти се планираат однапред за да служат со години и на идните генерации. Гасот сè уште чука на нашите порти, дали ние како генерација сме навистина спремни да му отвориме?

Животот е како возење во автомобил. Сегашноста е во кабината на автомобилот, иднината ја гледаме преку автомобилското предно стакло, а минатото преку малите огледала ретровизори. Ако сме заглавени со погледот во ретровизорот ќе излетаме од патот, но од друга страна ако не гледаме од време на време во ретровизорот, може да бидеме непријатно изненадени од тоа што се  случува(ло) на патот кој што сме го поминале.

Минатото е тука за да учиме од него, да се коригираме и да не ги повторуваме грешките. Тоа треба да ни послужи да изградиме подобра иднина за сите нас.

За да пробаме да го разбиеме митот за гасификацијата во Република Северна Македонија,  ќе треба да погледнеме во ретровизорите и да се вратиме назад повеќе од 30 години.

Овој поглед во ретровизорот ќе треба да ни помогне да видиме подалеку на патот преку нашето автомобилско предно стакло.

Поглед во ретровизорот

Во текот на март 1987 година, Собранието на Социјалистичка Република Македонија – СРМ, дава согласност на Одлуката за утврдување на Програмата за реализација на гасоводниот систем на СРМ од 1986 година до 2000 год., донесена од страна на Собранието на интересната заедница за енергетика на СРМ. Со оваа Програма била дефинирана динамиката на активностите што во период од нејзиното усвојување требало да бидат спроведени за согласно со планските определби, природниот гас да биде вклучен во задоволувањето на енергетските потреби на СРМ после 1990 година.

Програмата за гасификација на СРМ предвидувала реализација на Гасоводниот Систем на Македонија (ГСМ) да се одвива во две фази. Во првата фаза, која требало да се реализира до 1990-та година, било предвидено доведување на природниот гас до потрошувачите во Скопје, Куманово, Кратово и Крива Паланка. Во втората фаза било предвидено проширување на ГСМ кон потрошувачите во Тетово, Гостивар, Свети Николе, Штип, Пробиштип, Велес, Кочани и Струмица. Оваа фаза било планирано да се реализира во периодот од 1990 до 2000 година. Во оваа фаза било предвидена и изградба на магистрални гасоводи кон Србија и Косово, секако приклучени на нашиот магистрален гасовод.

Како носител на севкупните активности за реализација на оваа Програма, од страна на тогашното СИЗ за енергетика на СРМ бил определен РО „Макпетрол“ – Скопје.

За момент да се вратиме во кабината на автомобилот, т.е. повеќе од 30 години назад во сегашноста.

Од првата фаза, имаме еден магистрален гасовод, засега единствен, од Жидилово до Скопје. Во Скопје, немаме реална гасификација и изградена дистрибутивна мрежа до краен корисник, Куманово има делумна гасификација, која срамежливо, но упорно се пробива до крајниот корисник. Кратово и Крива Паланка не се гасифицирани.

Резимето за втората фаза е, имаме магистрален гасовод во изградба до Тетово и Гостивар, со реализација од 75%, Струмица е гасифицирана со „виртуелен гасовод“, додека Свети Николе, Штип, Пробиштип, Велес, Кочани не се гасифицирани.  

Денес не може да се зборува за изградба на магистрални гасоводи кон Србија и Косово како дел од таа втора фаза од пред 30 години.

Од овој пресек може да се каже дека сегашната состојба или изграденост на ГСМ и плановите за негов натамошен развој главно не се променети во однос на предвиденото со Програмата за гасификација, освен што целата динамика е поместена за едно 20 години.

Како исчекор во гасификацијата може да се каже дека во моментов три делници на преносната мрежа се во градба. Делницата од Клечовце до Неготино во должина од 96 км е 100% завршена, делницата од Неготино до Битола од 92 км е реализирана 94%, а од  Скопје до Тетово и Гостивар се реализирани 75%.

Во напредна фаза е документацијата за изградба на интерконектор со Грција што ќе обезбеди енергетска независност во однос на добавувачот на гас.

Како ги искористивме изминатите 30 години?

Реално процесот на гасификација на една земја е сложен и бавен процес. Потребно е да се согледаат потребите и можностите за примена на ваков енергенс, потоа да се разгледаат и проучат можностите за квантитативно и квалитетно снабдување со доволни и навремени количества на природен гас, да се одберат и гарантираат потребните инвестициони средства и да се надополни, заокружи или создаде сосема нова законска регулатива со која ќе се дефинираат односите меѓу сите учесници во процесот на гасификацијата (државата од една страна, дистрибутерот од друга, производителите на опрема, проектантите и изведувачите од трета страна и на крајот секако најважните, крајните корисници).

Дали повеќе од 30-тина години (колку што трае нашиот процес на гасификација) беа доволни, или поточно доволно добро искористени да се изврши неопходното дополнување, доградување и заокружување на законската регулатива за пренос, дистрибуција и непречена експлоатација на природниот гас?

Дел од стандардите и прописите кои и денес се користат се донесени до 08 септември 1991 година, во периодот на распаѓањето на СФРЈ и истите се прифатени и по автоматизам пренесени во нашата законска легислатива. И тука како да е застанат процесот на дополнување и заокружување на нашата законска регулатива во делот на непречена експлоатација на природниот гас. Тоа е сериозно бреме кај сите субјекти учесници во процесот на гасификација.

Процедурата за изработка и донесување на стандард е сложена и обично долготрајна постапка. Стопанството и субјектите коишто учествуваат во неговото градење не секогаш имаат време, средства и трпение да ја забават својата активност чекајќи нови регулативи.

На сметка на тоа оваа област ја покриваат повеќе министерства и институции. Иако сите одделно може да се каже и дека коректно си ја работат својата работа недостасува алатката која што ќе ги координира и води процесите.

Потребно е посебно министерство за енергетика

Ајде сега да погледнеме низ големото  автомобилско стакло. Да го видиме патот пред нас.

Природниот гас треба да донесе подобрување на енергетската состојба на нашата земја, треба да даде подобра и посигурна енергетска понуда и посебно важно да даде придонес во подобрувањето на животната средина.

Пред да стигнеме до алатката, збор два и за потенцијалот за вработување во овој сектор.

Пред нас се отвора цела една гранка која што треба да обезбеди вработувања на стручен кадар кој што ние реално го немаме, а ќе треба да се спреми и обучи. Луѓето кои ќе се одлучат да се профилираат во оваа дејност сигурно може да сметаат на добра перспектива.   

Но за да се помогне и во овој енергетски проект ни е потреба алатката.

Таа алатка се вика Министерство за енергетика. Ова министерство треба да биде кадровски и материјално опремено и да биде во состојба да се зафати со креирање и спроведување на квалитетна политика и изградба на односи и критериуми во комплексот на енергетиката, кои ќе донесат за нејзино навремено, квалитетно и ефикасно функционирање.  

Без оваа алатка и понатаму ќе биде присутна конфузијата и мешањето на ингеренциите на поедини министерства и институции каде се јавува реален судир на надлежности. Иако секоја институција може да си ја извршува својата работа коректно и навремено, недостасува носителот, кој треба да биде едуциран, стручен и опремен, кој ќе може да ја води државата во енергетската транзиција. Овде акцентот се става на енергетска транзиција а не на еден нејзин сегмент – гасификација.

Анализите од страна на експертите изложени во Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, покажуваат дека за енергетска транзиција на Северна Македонија, неопходни се скоро 800 до 900 милиони евра годишно.

Енергетиката е носечката гранка или клучот кој ја отвора вратата на новата индустриска револуција чиј камен темелник е енергетската транзиција.

Во енергетиката, нема место за импровизации, енергетските проекти се планираат однапред за да служат со години и на идните генерации.

Гасот сè уште чука на нашите порти, дали ние како генерација сме навистина спремни да му отвориме?

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 час ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација