Connect with us

коментари

Благојче Котески: Децата на сонцето

Став

објавено

на

Благојче Котески, магистер по енергетско машинство

Соларната енергија, засега добро ја води играта за тронот за лидер во сегментот обновлива енергија. Децата на сонцето, во оваа битка за тронот, се сојузници со забележителни поместувања на своите сили, но сепак доста далеку од тоа што може да го направат. Новиот Закон за енергетика, обезбеди можности за инвестиција и раст на овој сегмент. Но, засега само срамежливо може да кажеме, дека во овој енергетски сектор почнуваме да го следиме светскиот тренд на експоненцијална крива.

Верувале или не, поминаа точно 10 години од емитувањето на првата епизода на првата сезона – 17 Април 2011, од ТВ серијата „Играта на тронови“ на Џорџ Р.Р. Мартин (A Game Of Thrones – George R.R. Martin),

Денес кога би направиле една паралела на универзумот во кој се одвива оваа фантази драма, многу од верните фанови би се сложиле дека најмногу сличности имаме со „Децата на шумата“ (The Children of the Forest).

Но, бидејќи оваа наша денешна приказна е сончева енергетска приказна, во која зборовите на фамилијата Старк „Зимата доаѓа“, треба да се преточат во овој „наш“ паралелен универзум на универзумот на George R.R. Martin, нашите зборови би можеле да бидат „Децата на сонцето“.

Да не заборавиме, Северна Македонија, го има сонцето и како симбол на своето знаме. А кога ја замислувате енергијата на иднината, сончевата енергија веројатно зафаќа голем дел од таа слика, посебно при запазувањето на „Зеленото сценарио“.

Соларни ресурси и капацитети

На европската соларна мапа, територијата на Република Северна Македонија покажува импресивни соларни капацитети. Анализите покажуваат дека западниот дел на земјата поради поволната географска положба, како и оптимална надморска височина (600-800 метри), е подложен на високо ниво на сончево зрачење.

Поточно, анализата на годишниот збир на глобално зрачење на земјите од Западен Балкан покажува дека делови од териториите на Хрватска, Црна Гора, Албанија и Македонија се меѓу европските територии со најголем сончев потенцијал.

За анализа, да направиме споредба на годишното глобално зрачење и сончевата енергија произведена на годишно ниво со инсталирана моќност од 1 MWp во земјите со најмногу, просечно инсталирани капацитети во Европа и Македонија.

Анализирајќи  ја територијата на Република Северна Македонија, можеме да дојдеме до  заклучок дека западниот дел на Македонија, особено регионите во Битола, Преспа и Охрид, заради поволната географска положба, како и конфигурацијата и морфологијата на теренот, како висорамнини на надморска височина од 600-800 метри се исклучително погодни за инсталација на фотонапонски централи.

Светски трендови

Светскиот пазар за соларна енергија рапидно расте, што е очигледно од високата стапка на раст на годишно ниво на кумулативно инсталираниот капацитет. Соларната енергија е најраспространета и најбрзо растечка обновлива технологија во однос на глобално инсталираниот капацитет. Од приложениот график може да се види дека растот на соларната енергија се одвива по речиси експоненцијална крива.

Зголемувањето на глобалната побарувачка на енергија и намалувањето на трошоците за инсталација на системот се примарни двигатели на растот на индустријата за фотоволтаици.

Дополнително, грижата за климата и животната средина и владините поддршки дополнително го поттикнуваат растот на пазарот. Според неодамнешниот извештај на GlobalData за пазарот на соларна енергија, се очекува, за време на периодот на прогноза 2017-2025, глобалниот капацитет на PV да се зголеми од 387,3 GW на 969 GW.

Уште еден светски тренд кој што придонесува за експоненцијалната крива на растот на соларната енергија е трендот на намалување на цената на фотоволтаичните панели.

Игра на тронови

Соларната енергија, засега добро ја води играта за тронот за лидер во сегментот обновлива енергија. Децата на сонцето, во оваа битка за тронот, се сојузници со забележителни поместувања на своите сили, но сепак доста далеку од тоа што може да го направат.

Новиот Закон за енергетика, обезбеди можности за инвестиција и раст на овој сегмент. Но, засега само срамежливо може да кажеме, дека во овој енергетски сектор почнуваме да го следиме светскиот тренд на експоненцијална крива.

Делот каде што работите може многу да се поместат, е Владината стратегија која предвидува(ше) од буџетот да се финансираат 200 MW фотоволтаични централи, со тоа што државата да преземе обврска да обезбеди услови до градежна дозвола, односно да ги реши бирократските постапки, од аспект на урбанизација, на трансформација на земјиште, како и приклучок на мрежа.

Од оваа Владина стратегија е поминат само еден тендер, и тоа 2019-та, т.е. пред две години, преку Министерство за економија, на кој беа објавени 35 MW, 25 во Свети Николе и 10 MW во регионот на Македонски Брод.

Тука не би требало да ги заборавиме и планираните (најавени) инвестиции на АД ЕСМ од 200 MW во фотоволтаични централи на нивни локации.

За да може да се развива и да се искористи потенцијалот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, државата, мора да ги детектира локациите на кои може да се изградат овие потенцијали и да обезбеди евтини приклучоци за потенцијалните инвеститори. Без оваа поддршка од страна на државата не е можна поголема пенетрација на ОИЕ и искористување на потенцијалот со кој што како држава располагаме.

Затоа може да се каже, дека главниот предизвик се локациите, т.е. евтините приклучоци и менаџирање со административната инертност.

Освен инвестирање во нова мрежа, неопходно е да се потенцира и потребата од одржување, реконструкција и ревитализација на постојните далекуводи, изградба на нови далекуводи и воведување на смарт технологија, како на преносната така и на дистрибутивната мрежа. Затоа што ако се менаџира паметно, оваа енергетска транзиција, ќе обезбеди значителен број на „зелени“ работни места.

Синергијата на државата и приватниот капитал е и тоа како потребна, затоа што придобивките од инвестициите ќе бидат огромни, не само во финансиски аспект, туку и во квалитетот на животот на оваа наша убава сина планета.

Кога ја играте играта на тронови, победувате, или умирате! – Серси Ланистер.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 час ago

Рекоа за… успехот

менаџмент / маркетинг1 час ago

Не работете додека сте на одмор. Сериозно.

свет1 час ago

Граѓаните во крв и солзи, водачите во политички профит

свет1 час ago

Инфлацијата се надвиснува како опасност

македонија1 час ago

Градежниците и хотелиерите останаа најпогодени од кризата

економија2 часа ago

Пандемијата стивна и економијата здивна

интервју2 часа ago

Сашо Јовановски: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

македонија2 часа ago

Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер…добија нови сопственици – кој ќе ја продолжи низата?

македонија1 ден ago

Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

економија1 ден ago

Утре почнува хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговијата

технологии / компании4 дена ago

Нова аквизиција на македонскиот ИТ пазар: Синами ја презема Еконет

македонија2 дена ago

Комерцијална банка ќе биде спонзор на ФФМ во наредните три години

економија1 ден ago

Утре почнува хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговијата

македонија1 ден ago

Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

интервју2 часа ago

Сашо Јовановски: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

свет1 час ago

Инфлацијата се надвиснува како опасност

македонија2 часа ago

Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер…добија нови сопственици – кој ќе ја продолжи низата?

свет1 час ago

Граѓаните во крв и солзи, водачите во политички профит

менаџмент / маркетинг1 час ago

Не работете додека сте на одмор. Сериозно.

менаџмент / маркетинг1 час ago

Рекоа за… успехот