Connect with us

коментари

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

објавено

на

Благојче Котески, магистер по енергетско машинство

За да може да се развива и да се искористи потенцијалот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, државата, мора да ги детектира локациите на кои може да се изградат овие потенцијали и да обезбеди евтини приклучоци за потенцијалните инвеститори. Без оваа поддршка од страна на државата не е можна поголема пенетрација на ОИЕ и искористување на потенцијалот со кој што како држава располагаме.

Дали сте слушнале за семејството Кардашијан (Kardashians)?

Денес во ерата на интернетот и масовната комерцијално ориентирана поп култура, скоро и да не постои човек на планетава кој што нема слушнато за Kardashians.

Дали сте слушнале за The Kardashian Effect?

Сакале или не, семејството Кардашијан има траен ефект врз тоа како гледаме на козметичките третмани. Од бразилски лифтови за задник, до полнила за усни, до третмани за затегнување и тонирање на кожата, …. Скоро никој не остана имун на овај тренд.

А дали сте слушнале за Кардашев, Николај Кардашев (Kardashev, Nikolai Kardashev)?

Нема потреба да се чувствуват(м)е непријатно, огромен број од светската популација нема слушнато за овај руски научник.

Николај Кардашев, кој освен сличното презиме со светски познатата фамилија, нема други допирни точки, бил советски и руски астрофизичар, доктор на физички и математички науки и заменик директор на Астро – вселенскиот центар при Физичкиот институт Лебедев на Руската академија на науките во Москва.

Кардашев, во светската наука е позната по Кардашеевата скала. Оваа скала ги рангира технолошките можности на цивилизацијата, според енергијата што е во состојба да ја манипулира и искористи. Скалата е измислена во 1964 година од страна на Николај Кардашев,  којшто барал знаци на вонземски живот во космичките сигнали и предложил скала за рангирање на овие хипотетички цивилизации врз основа на нивната потрошувачка на енергија. Така, Кардашеевата скала е развиена како начин за мерење на технолошкиот напредок на цивилизацијата заснован врз основа на тоа со колку корисна енергија една цивилизација располага.

Скалата има три вида што ја следат скалата на астрофизички структури во нашиот локален универзум. Основната калибрација се базира на 3 енергетски позиции на скалата што одговара на можноста за целосно управување со енергетските ресурси на населена планета (ТИП I), ѕвездата на соодветниот Сончев систем (ТИП II) и нејзината галаксија (ТИП III). Други астрономи ја проширија скалата на ТИП IV и ТИП V.

Поради фактот што американскиот астроном и астрофизичар Карл Саган (Carl Sagan) сакаше да ја класифицира нашата сегашна цивилизација, тој забележа дека сè уште не сме ТИП I и тој ги прошири и калибрираше скалите пред ТИП I.

Причината зошто човечката раса не е ни од ТИП I, е затоа што продолжуваме да ги одржуваме нашите енергетски потреби од растенија и животни од неа, тука на Земјата. Ние сме само скромна култура ТИП 0 и имаме уште многу да поминеме пред да се промовираме во цивилизација од ТИП I.

Според Карл Саган, во 1900 година за време на периодот на индустриска револуција, нашата цивилизација била на 0,58, додека во 2012 година на 0,72 на Кардашеевата скала. Фримен Дајсон (Freeman Dyson) процени дека веројатно ќе достигнеме ТИП I за 100-200 години, ТИП II за 11.200 година и ТИП III за 100.000 до 1.000.000 години.

За да ни бидат работите појасни, да разгледаме одблизу некои карактеристики на 4-те енергетски позиции. Што навистина секоја од овие категории значи?

Што значи скалата на Кардашев (не на Кардашијан)

ТИП 0

Цивилизацијата ТИП 0 се базира на енергија што може да произлезе главно од извори каде што енергетските форми се благо зачувани и се наоѓаат пред специфичниот ТИП I, II и III. Нашата култура денес припаѓа на ТИП 0, кој користи извори како јаглен, нафта или природен гас. Како што споменавме претходно, се подразбира дека сè уште не сме достигнале ТИП I во Кардашеевата скала.

ТИП I

Цивилизацијата од ТИП I има целосна контрола врз енергијата на нејзината планета домаќин. Како цивилизација од ТИП I, би можеле целосно да ја контролираме Земјата. Значи, оваа цивилизација може да ја скроти и потроши енергијата што и ја нуди сопствената планета, а при тоа целосно да ја контролира. Би можела, на пример, да може да ја собере целата светлина од најблиската ѕвезда (во нашиот случај Сонцето) што паѓа на планетата. Можноста да се искористи целата енергија на Земјата би значело и дека можеме да имаме контрола врз сите природни сили. Температурата, климата на планетата може да се контролираат на ист начин како што можеме да ги контролираме вулканите, временските услови, па дури и земјотресите! Со други зборови, можеме да влијаеме на природата. Барем тоа е основната идеја. Тешко е да се поверува на овие работи, но во споредба со напредокот што може да се постигне во наредните години, замислете дека ова се само основни и примитивни нивоа на контрола.

ТИП II

Следниот чекор? Цивилизација од ТИП II.

Ова е следната фаза во еволуцијата на цивилизацијата. На ова ниво, жителите кои сочинуваат таква цивилизација, можат да ја искористат моќта на нивната мајка ѕвезда, нивното Сонце не само со претворање на светлината на ѕвездата во енергија, туку и со контролирање на самата ѕвезда (Dyson sphere). Оваа цивилизација би ја контролирала орбитата на сите планети во тој систем, би собрала астероиди и комети во слободно време и во основа ќе може да ја консумира целата енергија на целиот Сончев систем. На пример, ако луѓето, како вид преживеат доволно долго за да го достигнат ова ниво, а објект со големина на Месечината влезе во нашиот Сончев систем со курс на судир со нашава мала сина планета, би биле во можност да го уништиме. Или би можеле да ја поместиме нашата планета, целосно избегнувајќи го судирот.

ТИП III

Цивилизациja од ТИП III може да ги користат истите техники користени од цивилизацијата од ТИП II, но со нивна примена на сите можни sвезди на една или повеќе галаксии поединечно.

Оваа цивилизација исто така може да биде во можност да ја искористи енергијата ослободена од супермасивните црни дупки за кои се верува дека постојат во центарот на повеќето галаксии.

Белите дупки, доколку постојат, теоретски би можеле да обезбедат големи количини на енергија од собирање на материјалот што се движи кон надвор.

Фаќањето на енергијата на гама зраците е уште еден теоретски можен извор на енергија за високо развиена цивилизација од овај тип.

Исто така, емисиите од квазарите се споредливи со оние на малите активни галаксии и може да обезбедат масивен извор на енергија доколку може да се соберат.

Каде сме ние како општество во оваа индустриската транзиција?

Тоа е прашањето на оваа генерација.

Заглавени во менталната матрица на Кардашијанс, дали може да тргнеме напред и да ги следиме патоказите на Кардашеев, Саган, Дајсон ….?

Промена на парадигмата – почеток на Четвртата индустриска револуција

На прагот сме на уште една промена на парадигмата или на почетокот на Четвртата индустриска револуција. Оваа промена наједноставно може да ја опишеме како спојување или бришење на границите помеѓу физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет. Таа е спој на напредокот во вештачката интелигенција (AI), роботиката, Интернет на нештата (IoT), 3Д печатење, генетскиот инженеринг, квантните компјутери и други модерни технологии.

Заедничко за сите овие технологии е користењето на енергијата како основна храна за нивни напредок, или тоа што се „енергетски гладни“ технологии.

Растот на дигиталните валути, нивното прифаќање, дневните трансакции како и технологијата која стои зад нив, blockchain е исто така „енергетски гладна“ технологија. Ова го потврдува и последното истражување на Универзитетот Кембриџ, во кое стои дека „копањето“ биткоини троши повеќе електрична енергија годишно отколку цела Аргентина или околу 121,36 TWh електрична енергија годишно. Оваа потрошувачка на енергија ја надминуваат потрошувачката на Холандија 108,8 TWh, Обединетите Арапски Емирати 113,2 TWh и колку Норвешка, која троши 122,2 TWh. Северна Македонија како компарација користи околу 7,74 TWh годишно или тоа е 6,38% од потребната енергија за „копање“ на биткоини на годишно ниво.

Следејќи ги овие трендови, кафето кое ќе го пиеме за помалку од 10 години ќе го плаќаме во вати W.

Експоненцијалниот раст на пазарот на електрични возила во светски рамки само го потврдува горе споменатото дека стануваме цивилизација гладна за електрична енергија.

Покрај сето ова ја имаме потребата, нашата потреба како луѓе, жители на оваа планета при влезот во оваа Четврта (енергетска) индустриска револуција да го запазиме Зеленото сценарио.

Што ние како Северна Македонија, правиме и кои се нашите планови за да може да ги фатиме овие текови? Со тоа што треба да се има во предвид дека во енергетиката, енергетските проекти се планираат однапред за да служат со години и на идните генерации, кои секако ќе ја живеат реалноста на оваа промена на парадигмата.

Суштината на нашата енергетската транзиција, ако може да се стави во една реченица, е производството на електрична енергија од јаглен да се замени со производство на електрична енергија од ОИЕ.

Анализите од страна на експертите изложени во Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, вели дека за енергетска транзиција на Северна Македонија, неопходни се скоро 800 до 900 милиони евра годишно.

Носењето на новиот Закон за енергетика овозможува вложувања во енергетиката и енергетската ефикасност со промената на моделот на поддршка од фидинг во премиум тарифи и најважно за паметните инвеститори, можност да инвестираат сопствени средства во капацитети за производство на електрична енергија.

Новиот Закон за енергетика овозможи да се користат и придобивките од либерализираниот пазар на електрична енергија, со други зборови отвори нови пазарни можности како како за консументите така и за инвеститорите.

Стратегијата, можностите и предизвиците на Северна Македонија

Но ајде да ја видиме нашата стратегија, можности и предизвици.

Поради се’ уште скапите и економски неисплатливи (во овој момент) решенија за акумулирање на веќе произведената електрична енергија од обновливи извори на енергија не може да се произведе базната енергија која е клучна за стабилноста на електроенергетскиот систем.

Бидејќи енергетскиот систем не може да се потпре исклучиво на овие извори повеќе од потребно е инвестирањето во проектот за изградба на хидроелектраната Чебрен која, ќе има суштинска улога за балансирањето и одржувањето на стабилноста  на системот.

Поради одлагањето во овај момент за инвестирање во нуклеарната централа Белене – Бугарија (2 х 1.000 MW планиран инсталиран капаците), логичен чекор е да се инвестира во гасната централа во Александрополис – Грција (650 – 800 MW планиран инсталиран капацитет).

Ова се нормални и логични чекори за обезбедување на базна енергија затоа што во делот на производство на електрична енергија од јаглен, во Северна Македонија ќе има сериозни промени. АД ЕСМ, планира до 2024 година да го исклучи првиот блок од најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК Битола и наместо него да се изгради когенеративна гасна електрана со моќност од 250 MW.

Исто така планирано е целосно затворање на ТЕЦ Осломеј и изградба на фотоволтаични електрани на просторот на термоцентралата со инсталирана моќ од 100 MW, како и претворање на ТЕЦ Неготино во гасна електрана и зголемување на моќта на ветерниот парк Богданци.

Паметно решение е искоритувањето на потенцијалот на веќе постоечката преносна електромрежа за изградба на фотоволтаични централи во близина на веќе постоечките енергетски објекти.

Замената на електричната енергија за греење и користење во домаќинствата се планира со интензивна гасификација на државата. За да може овој проект да се реализира потребно е да се изгради преносната и дистрибутивната мрежа во државата. Иако почетокот на гасификацијата во Северна Македонија може да се датира во далечните 90-ти, кога во периодот од 1993 до 1995 се изградени градските гасоводни мрежи во Скопје (отпочнато 1993 год.), Куманово (1994 год.), Кратово (1995 год.) и Крива Паланка (1995 год.) до денес 2021-ва немаме гасификација со изградена дистрибутивна мрежа, во вистинска смисла на зборот, до краен потрошувач во ниту еден дел од државата.

Иако заполнувањето на изградениот гасоводен систем е започнато во 1997 год., Северна Македонија нема изградено преносна мрежа за гас на својата територија.

Во моментов три делници на преносната мрежа се во градба. Делницата од Клечовце до Неготино во должина од 96 км е 100% завршена, делницата од Неготино до Битола од 92 км е реализирана 94%, а од  Скопје до Тетово и Гостивар се реализирани 75%.

Треба да се спомне  дека оваа мрежа не е заполнета со природен гас. 

Перспективите во овој дел се изградбата на интерконекторот со Грција што ќе обезбеди енергетска независност во добавувачот на гас, а можноста за изградба и на интерконектори со Косово и Србија овозможува Северна Македонија да биде и транзитна земја за гас, што ќе придонесе за намалување на цената на гасот.

За да може да се развива и да се искористи потенцијалот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, државата, мора да ги детектира локациите на кои може да се изградат овие потенцијали и да обезбеди евтини приклучоци за потенцијалните инвеститори. Без оваа поддршка од страна на државата не е можна поголема пенетрација на ОИЕ и искористување на потенцијалот со кој што како држава располагаме.

Освен инвестирање во нова мрежа, неопходно е да се потенцира и потребата од одржување, реконструкција и ревитализација на постојните далекуводи, изградба на нови далекуводи и воведување на смарт технологија.

Иако дел од работните места ќе бидат опфатени со оваа транзиција, ако се менаџира правилно, енергетската транзиција ќе обезбеди повеќе „зелени“ работни места.

Веќе живееме во транзицискиот период од една во друга индустриска револуција.

Паметните индивидуалци и инвеститори на оваа гледаат како на можност од која што не само ќе заработат, туку и ќе придонесат за побрз раст на човековата цивилизација до ТИП I цивилизација.

Синергијата на државата и приватниот капитал е и тоа како потребна, затоа што придобивките од инвестициите ќе бидат огромни, не само во финансиски аспект, туку и во квалитетот на животот на оваа наша убава сина планета.

Continue Reading
економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки7 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.