Connect with us

интервју

Благој Бочварски: Инвестираме преку две милијарди евра во патна инфраструктура

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

објавено

на

„Веќе неколку години сме влезени во силен инвестициски циклус во модернизација на патната инфраструктура, за што инвестираме преку 2 милијарди евра. Исто така, континуирано вложуваме во развој и на железничката мрежа и за тоа говорат и самите бројки,  инвестиции од преку 760 милиони евра за изградба на нови пруги.  Само минатата година имавме преку 720 милиони евра капитални инвестиции, што само по себе покажува колку се вложувало во инфраструктурата.“

Г-н Бочварски, добро развиената патна инфраструктура е ‘рбетот на развојот на една економија, но Македонија како да нема „среќа“ изминативе 30-тина години на ова поле – еве и патот од 60-тина километри од Кичево до Охрид стана историски проект. Кажете ми кои се клучните достигнувања на владата предводена од СДСМ во овој дел, моменталните активности и плановите за идните проекти доколку оваа гарнитура ја задржи власта?

Република Македонија создава нова, модерна и квалитетна сообраќајна мрежа која нуди нови правци со кои овозможуваме побрз транспорт на стока и услуги и конкурентски развој на компаниите и раст на националната економија. И токму ова е фокусот на оваа Влада и ресорното Министерство за транспорт и врски кое го предводам. Имаме стратешка позиција на Балканот каде поминуваат два европски коридори 8 и 10 и мораме да ги искористиме нивните предности. Затоа и нашите инфраструктурни политики се насочени кон нивна изградба, односно доизградба и модернизација. Интенцијата е да се обидеме ја задржиме оваа транспортно стратешка позиција и да инвестираме во модерни правци кои нудат нови алтернативни пазари и побрз транспорт за домашните и европските транспортни компании.

Веќе неколку години сме влезени во силен инвестициски циклус во модернизација на патната инфраструктура, за што инвестираме преку 2 милијарди евра. Исто така, континуирано вложуваме во развој и на железничката мрежа и за тоа говорат и самите бројки,  инвестиции од преку 760 милиони евра за изградба на нови пруги.  Само минатата година имавме преку 720 милиони евра капитални инвестиции, што само по себе покажува колку се вложувало во инфраструктурата. 

Од 2017 година, кога власта ја презема Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, досега изградивме и рехабилитиравме над 1.500 километри патна мрежа низ државата. Го доизградивме автопатот кон Штип, изградивме два експресни патишта, бројни магистрални и регионални рехабилитиравме. Само во овој момент активно работиме на изградба на неколку автопатски делници, особено на Коридорот 8 од Тетово кон Гостивар, преку Стража кон Кичево и кон границата со Албанија, а дополнително го градиме и автопатот од Прилеп кон Битола. Градиме 2 нови експресни патишта од Градско кон Прилеп и од Ранковце кон Крива Паланка, а веќе спомнав дека завршивме комплетно изградбата на експресните патишта од Штип кон Радовиш и од Штип кон Кочани, каде инвестиравме преку 100 милиони евра. И верувам дека со сите овие инвестиции значително ја подобривме инфраструктурната слика на Македонија и граѓаните тоа го забележуваат и го вреднуваат.

Какви се активностите во делот на одржување на постоечката патна инфраструктура?

Исто така, посветуваме особено внимание и на реконструкција на постоечката патна инфраструктура, каде веќе завршивме со неколку значајни подобрувања на патиштата кон нашите државни граници, од Струга до Ќафасан, Битола – Меџитлија, Крива Паланка кон Деве Баир, Скопје – Блаце, дополнително го реконструиравме и патниот правец Куманово – Страцин, превојот Плетвар, Велес – Градско и уште многу други со кои безбедносно ги подобривме условите за патување, елиминиравме многу црни точки и верувам дека направивме одлична работа во овој дел.

Би сакал да го потенцирам и Проектот за подобрување на локалната патна мрежа во општините, бидејќи тие инвестиции носат директен бенефит за граѓаните и за развој на општините. Преку Министерството за транспорт и врски до сега комплетно завршивме со реконструкција на преку 180 локални патишта и улици со вкупна должина од 173 километри, во над 65 општини, а веќе по завршување на изборниот процес ќе распишеме јавни повици за реконструкција на дополнителни 70 локални патишта.

Нашиот инфраструктурен план предвидува изградба на 190 километри нови автопати и преку 900 километри рехабилитација на други државни патишта. Тоа е нашиот влог за развојот и за просперитетот на општините и државата и силен доказ за нашата посветеност да обезбедиме европска инфраструктура.

„Од 2017 година, кога власта ја презема Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, досега изградивме и рехабилитиравме над 1.500 километри патна мрежа низ државата. Го доизградивме автопатот кон Штип, изградивме два експресни патишта, бројни магистрални и регионални рехабилитиравме. Само во овој момент активно работиме на изградба на неколку автопатски делници, особено на Коридорот 8 од Тетово кон Гостивар, преку Стража кон Кичево и кон границата со Албанија, а дополнително го градиме и автопатот од Прилеп кон Битола.“

Македонски железници неодамна прославија 151 година од основањето, но за жал во амбиент којшто нималку не дава повод за славење: инфраструктурата е во катастрофална состојба, патнички возови речиси и да нема во земјава. Што преземате во оваа област, ќе има Македонија возови во иднина или ќе останеме слепо црево во Европа?

Во делот на железничката инфраструктура, имаме визија на развиена мрежа, конкурентни услови и развој на целокупниот железнички систем. Во контекст на ова сакам да потенцирам дека во овој момент инвестираме рекордни средства од нејзина изградба од независноста на Македонија. На источниот крак на железничкиот Коридор 8 веќе активно ја градиме пругата од Куманово до Крива Паланка  во две фази, а оваа година очекувам да продолжиме и со делницата кон граничниот премин Деве Баир и поврзување со Бугарија. Станува збор за една сериозна инвестиција од преку 760 милиони евра, но исто така и доста комплицирана делница за изградба, особено во делот кон Крива Паланка, каде имаме ридско-планински предел и потребна е изградба на голем број мостови и тунели. Но, подготвени сме и за овој предизвик, бидејќи Македонија мора да има квалитетна железничка мрежа.

Исто така, завршивме со изградба на пругата Битола – Кременица, инвестиција од 20 милиони евра, а завршивме и со реконструкција на делницата Ногаевци – Неготино на Коридорот 10, инвестиција од 4,8 милиони евра.

Дополнително, оваа Влада ја воведе и долго најавуваната либерализација на железничкиот транспорт со што овозможуваме конкуренција на пазарот и подобар квалитет на услугите за македонските компании. Создаваме  услови за намалување на цените на услугите во железничкиот транспорт и поголема предвидливост за граѓаните и компаниите. За држава како нашата, со таква позиција многу е значајно да час поскоро се изгради квалитетна железничка инфраструктура за да се искористат предностите за побрз и поевтин транспорт во споредба со патниот.

Тоа што е уште поголем предизвик е изградба на пруга со брзи перформанси на коридор 10. Веќе со Србија започнавме заеднички да ја реализираме оваа идеја, имаме формирано заедничко тело кое работи на овој проект. Тоа што е позитивно е што на оваа иницијатива учество најави и Грција, така да идејата е изградба на брза пруга на потег Белград-Скопје-Солун. 

Ајде малку да се префрлиме на тема каде што имаме повеќе со што да се пофалиме… Минатата година беше рекордна по бројот на превезени патници од македонските аеродроми во Скопје и Охрид, па какви се плановите за иден раст и развој на авиосообраќајот во смисла на владини политики за стимулации, субвенции на летови, и други мерки?

Бочварски со српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ при потпишувањето на договорот за заедничка електронска наплата на патарина. „Минатата година оваа мерка се покажа како многу успешна и како резултат на тоа решивме да ја прошириме мрежата на земји каде нашите граѓани ќе можат да плаќаат патарина со македонскиот таг.“, вели Бочварски.

Особено ми е драго што нашите успешни политики за развој на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот ги даваат посакуваните резултати. Нема здрав и забрзан економски развој без оперативен, ефикасен, безбеден и одржлив воздушен сообраќај и транспорт.

Постигнавме рекордно ниво од преку 3,15 милиони превезени патници од нашите два меѓународни аеродроми во 2023 година, додека само од Меѓународниот аеродром Скопје беа превезени 2,9 милиони патници. И очекувам оваа бројка да расте во континуитет и наредните години.

Нескромно е ако потенцирам дека македонскиот авиосообраќај е со втор најголем раст на превоз во Европа со 64,9% зголемување на бројот на патници во 2023 година во однос на 2022 година. Дополнително, забележавме преку 250 илјади воздухопловни операции во 2023 година.

Се поврзуваме со регионот и останатиот дел од Европа преку воспоставување на нови авиолинии. Македонското воздухопловство и во иднина треба да овозможи зголемен број на превезени патници и карго превоз на македонските аеродроми, побројни прелети на авиони во нашиот воздушен простор, поврзување со уште поголем број европски и светски дестинации, зајакнување на заштитата на патничките права, интензивирање на спортско – рекреативните воздухопловни активности, поголема заштита на животната средина и повисоко ниво на безбедност на воздушниот сообраќај на македонското небо.

И токму тоа останува во нашиот фокус и во наредниот период, преку давањето финансиска поддршка на авиокомпании кои ќе воведат нови дестинации со ниски цени за македонските граѓани. Исто така, продолжуваме со модернизација на нашите аеродроми преку подигнување на капацитетите и поставување на нови системи на развој и поголема оперативност.

Какви се резултатите во делот на социјално – станбената политика, што исто така е значаен сегмент што го покрива Министерството за транспорт и врски?

„Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија даде значење и на социјално – станбената политика, со што директно им помагаме на ранливите категории на граѓани. Во изминатите шест  години изградивме или во фаза на изградба се преку 864 социјални станови низ целата држава. До сега комплетно распределивме 9 станбени социјални згради со вкупно 383 социјални станови.“

Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија даде значење и на социјално – станбената политика, со што директно им помагаме на ранливите категории на граѓани. Покажавме дека се грижиме за нашите сограѓани, бидејќи секој заслужува похумани услови за живот.

Во изминатите 6 години изградивме или во фаза на изградба се преку 864 социјални станови низ целата држава. До сега комплетно распределивме 9 станбени социјални згради со вкупно 383 социјални станови.

Ги изградивме и ги распределивме социјалните згради во Струмица, Македонски Брод, Гостивар, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Демир Капија, Гевгелија, Неготино, во текот на 2024 година ќе ги распределиме и социјалните згради во Велес, Скопје и Кочани, со вкупно 375 социјални станови. Предвидена е изградба и на нови социјални згради во Штип и Прилеп.

И ова е социјална правда – системски да исправиме таму каде што некој бил обесправен од општеството или околината. Тоа е нашата цел, нашиот фокус се нашите граѓани, секој еден заслужува подобри услови за живот и така продолжуваме понатаму, искрено верувам дека преку оваа политика помогнавме на многу наши сограѓани и им го подобривме квалитетот на живот.

Да го спомнеме и на крајот воведувањето на м-Таг системот, какви погодности донесе за нашите граѓани?

Уште еден успех би рекол и олеснување на граѓаните што направивме е заедничката електронска наплата на патарина со Србија преку м-Таг системот. Минатата година оваа мерка се покажа како многу успешна и како резултат на тоа решивме да ја прошириме мрежата на земји каде нашите граѓани ќе можат да плаќаат патарина со македонскиот таг. Веќе се работи на интероперабилноста  со системите на Грција, Црна Гора и Босна и Херцеговина и силно верувам дека набрзо ќе може македонските граѓани да ги користат предностите на електронската наплата преку нашиот м-таг и во овие земји.  

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%