Connect with us

коментари

Благој Митевски: Време е за пензија

Околу пензиските реформи…

објавено

на

Благој Митевски
адвокат  и м-р по финансиско право

Во приватен сектор секако постојното  законодавство дава опција да се замине во пензија на 62 години за дами и 64 за господа. И добар дел од вработените тоа право го искористуваат, особено од реалниот сектор каде е потребен „ труд и пот “, но и каде има се’ поголем недостаток на кадар. Не гледам ниту една логична причина зошто администрацијата би имала право да работи до 67 години. Особено кога најголем процент од неа е електронски несоодветно поткована, очигледно „ хронично болна “, доста често без соодветно образование и класификации кои денешните систематизации ги бараат. Всушност ваквото законско решение е наједноставното и најбезболното решение за намалување на администрацијата, скратување на трошоците на буџетот, без притоа да било кој се остави без „ парче леб“. Оттука ирационални и надвор од памет се „ фрлањето дрвја и камења „ по новото законско решение.

Крај на август. Прв ден, нова Влада. Најава за реформски закон за пензионирање. Добро, не толку реформски. Едноставно, враќање на старото решение од пред 10 – тина години, кога сите заминуваа во пензија со наполнети 64 години. Целта на Владата – кристално јасна. Да се намали администрацијата за најмалку 10 илјади вработени, до крај на годината. И …. тука некаде почна циркусот. Некој имал кредити и си планирал да работи до 67 години. Ќе му се загрозела основната егзистенција. Некој сега начекал да биде раководител или директор и му немало замена. Некој е хронично болен и може да си тера на боледување не до 67, туку до 77. Затоа што законот му дозволува. И што да прави Владата ? Како да му погоди на секој еден административец.

Замислувам сценарио каде Владата вели „ сите вработени во администрацијата задолжително мора да работат до 67 години, за разлика од другите кои може да се пензионираат на 62 години “. Што мислите, ќе се согласеше администрацијата или пак нема да и беше погодено ?

Паметно и едноставно законско решение

Тече процедурата за законот за пензионирање на 64 години. Со една ставка, која вели, кој поднел барање до 31 август годинава за продолжување на работниот век (всушност тоа е и денот кога се објави оваа планирана реформа), може да работи…. па се’ до денот до кога му важи барањето. И сега, наместо државните органи да работат на планирање на ресурсите низ институциите, со план и програма кој по нова година да оди во пензија, кои работни места се испразнуваат, кои можат и треба да се укинат како непотребни, каде можат да се спојат работните задачи на две работни места, каде е потребен свеж кадар со соодветни квалификации да се вработи, каде може да се префрли кадар од една во друга институција, ние остануваме заглавени во остварување на желбите на поединци од администрацијата, кои ете имале кредити и не можеле без таа плата. Може некој требаше да им каже дека во приватен сектор можат да заработат подобри пари. Нормално, ако имаат соодветни класификации и работни вештини.

Но нејсе, и тоа ќе помине. Законот поставен и преставен каков што е, е добар. Добар за почеток за да се дефинира дека не може секој да тера со работа до кога сака. Во приватен сектор секако постојното  законодавство дава опција да се замине во пензија на 62 години за дами и 64 за господа. И добар дел од вработените тоа право го искористуваат, особено од реалниот сектор каде е потребен „ труд и пот “, но и каде има се’ поголем недостаток на кадар. Не гледам ниту една логична причина зошто администрацијата би имала право да работи до 67 години. Особено кога најголем процент од неа е електронски несоодветно поткована, очигледно „ хронично болна “, доста често без соодветно образование и класификации кои денешните систематизации ги бараат. Всушност ваквото законско решение е наједноставното и најбезболното решение за намалување на администрацијата, скратување на трошоците на буџетот, без притоа да било кој се остави без „ парче леб“. Оттука ирационални и надвор од памет се „ фрлањето дрвја и камења „ по ова законско решение. Мој став е дека вака доставеното законско решение е идеално, барем за зачеток на реформи во пензискиот систем.

Повторно замислувам сценарио. Овој пат се ставам во улога на административец на кого Владата му има најдено работно место соодветно на класификациите и способностите кои ги поседува, во приватен сектор. И му дава можност за поголема плата да замине да работи приватно. Што мислите, ќе прифати ли некој ? Или ќе остане под „ државната капа“, макар земал и 100 евра помала плата?

Карванот мора да врви

Ова се модерни времиња. Времиња на технолошки пронајдоци, времиња на ИТ секторот. Веќе никој не почитува, ниту пак бара кадар кој не може да се преквалификува лесно, кадар кој се’ што знае е да работи малку, а да бара многу. Во поглед на пензискиот систем, следен логичен чекор е намалување на придонесите кои ги плаќа државата, наспроти  форсирање на придонесите кои ги внесува во Фондот приватниот сектор.

Односно – стагнирање, дури и намалување на платите во државниот сектор, со цел помали уплати за тие плати во Фондот за пензиско на товар на државниот буџет, со тоа и помала основица за идна пензија. Наспроти тоа силно стимулирање на отворање на работни места во приватниот сектор, стимулирање на одредени професии да станат дел од пензискиот систем (односно фриленсерите да почнат да плаќаат придонеси, макар и минимални ), како и стимулирање на платите во приватниот сектор. Нормално стимулирање и на задржување на работните места и малите и микро бизниси, особено во период на ваков вид криза како моменталната, што всушност Владата го прави со мерките за исплата и помош на плати.

Која е логиката на ваквиот чекор, во кој би имало стагнација на плати во државен сектор, а силна стимулација во реален сектор? Пред се’, ваквата мерка кога би била официјално обелоденета, би била крајно непопуларна. Знаеме дека државниот сектор е кај нас „заштитената мечка “. Токму затоа имаме доста висок процент на млади, работоспособни, кои седат дома, невработени, без приходи, нормално и без да допринесуваат секој месец во пензискиот систем, чија единствена цел е да се вработат на државно.

Таа психолошка матрица треба да биде дестимулирана. Односно, со цел голем процент од младите да сфатат дека „ нема леб “ во администрација, или барем дека не е доволно атрактивна платата, додека приватниот сектор е далеку поатрактивен, мора да се пристапи, кон погоре наведените мерки – стагнирање или намалување на плати во администрација и поголема поддршка за развој и опстанок на приватен сектор. Модалитети како тоа да се изведе има многу. Битната, би рекол и клучната придобивка би ја имал токму пензискиот систем, кој од ваков развој на настаните, не само што би се стабилизирал пензискиот систем, туку на долг рок, би станал и самоодржлив. Токму затоа потребата од понатамошни законски решенија со кои „ карванот ќе врви “ кон вака зацртана цел се потребни во сегментот кој го регулира пензискиот систем. Ова е начин да тој стане самостојна институција која нема да биде буџетско зависна.

Стимулирање на раст на пензиите

Со цел голем процент од младите да сфатат дека „ нема леб “ во администрација, или барем дека не е доволно атрактивна платата, додека приватниот сектор е далеку поатрактивен, мора да се пристапи, кон погоре наведените мерки – стагнирање или намалување на плати во администрација и поголема поддршка за развој и опстанок на приватен сектор. Модалитети како тоа да се изведе има многу. Битната, би рекол и клучната придобивка би ја имал токму пензискиот систем, кој од ваков развој на настаните, не само што би се стабилизирал, туку на долг рок, би станал и самоодржлив.

Моменталниот пензиски систем не може самостојно да поддржи, ниту пак да издржи било каков иден раст на пензиите. Најавите за понатамошни реформи во овој сектор, како што се социјална пензија (која би ја добивале сите кои никогаш или многу малку работеле и биле пензиско и здравствено осигурени), потоа зголемување на минималната пензија, пропорционално зголемување на најниските пензии, се реформи кои ветуваат поубав и подостоинствен пензиски живот за сите. И ваквите најави се идеални.

Но, за да бидат и остварливи апсолутно е потребна стабилизација на пензискиот систем и паричните текови во пензискиот Фонд. Токму кон таа насока се погоре изнесените мои идеи за иднината и развојот на пензискиот систем. И навистина сакале или не, единствен спас и за пензискиот систем, а со голема финансиска импликација и кон целиот Буџет, се насоки кон тоа да се развива и унапредува приватниот сектор, да се цели кон секаков вид помош, од финансиска, преку кадровска, до намалување или минимизирање на административните процедури, со единствена цел, отворање на нови работни места, задржување на постоечките работни места, и зголемување на платите на вработените од приватниот сектор. Односно, топката треба да биде свртена кон приватниците, не кон административците. Затоа, при следна реформа, би било пожелно да се има поцврст став кон нелогичните барања кои доаѓаат од административците под државна капа. Доволно беше остварување желби и угодување на поединци. Реформските насоки мора да водат кон унапредувања на правата и можностите за секој поединец без оглед од кој сектор доаѓа.

Ваквиот систем кој би бил воспоставен, а за кој ценам дека не е ниту потребно да се вложи премногу труд, туку може да дојде како природен процес ( кај добар дел од младите веќе има свест дека приватниот сектор е поатрактивен, со подобра понуда на работни места, подобро платен, но и поамбициозен и одговара на потребите за подинамичен начин на живот ), и оттука не е губење време да се вложат ресурси кон промовирање и имплементирање на ваков систем, кој би носел сигурност и стабилност и за пензионерски денови.

А, да зборуваме за вториот и третиот столб ?

Во јавноста кога се говори за најавените реформи законски решенија, се заборава дека нашиот пензиски систем е составен од 3 столба. Првиот – задолжителен државен, преку кој се зема пензија од државата. Вториот – задолжителен приватен, каде влегуваат сите нововработени за прв пат по 2007 година, и ќе земаат ( дел веќе и земаат ) пензија и од државата и од приватното друштво. И трет столб – доброволно приватен, каде секој од нас може да си штети колку сака за идните пензионерски денови.

Во дебатите кои се легитимни, сепак се заборава или едвај се спомнуваат вториот и третиот столб и нивната вклученост во реформите и нивниот придонес кон стабилност на пензискиот систем. Несомнено е дека тие и тоа како придонесуваат кон стабилност на овој систем. Односно благодарение на паметното и рационално работење на пензиските друштва, но благодарение и на законитото и добро работење на државниот регулатор во овој сектор – МАПАС, пензиските друштва веќе имаат доволно стабилен капитал за да исплатуваат реални и парично богати пензии на своите членови кои веќе се во фаза да земаат пензија преку нив.

Поради тоа токму овие два столба, односно токму делот од пензискиот систем кој е раководен од приватниот сектор, може да допринесе кон стабилизација и унапредување на целокупниот пензиски систем во државата. Единствено што е потребно е тој да биде вклучен во процесите. Што се однесува до начинот и моделот, на кој тоа ќе биде направено и изведено, има доста начини и модели што можат да бидат реализирани во пракса.

Како заговорник на развојот на приватниот сектор, мој став е дека постепено, со гранични линии на секои 6 месеци, може да се зголемува процентуалната уплата за 0,5 % од вкупните придонеси, во приватниот втор столб. Со тоа би се зголемило учеството на приватниот сектор во овој сегмент, би се зголемила капитализацијата на приватните пензиски друштва, но и стабилноста на идните пензии, како и нивната големина. Државата е природен регулатор на овој сегмент, па истата нема да дозволи да се дојде до ниво кое би ги загрозило пензиите на идните пензионери.

На крајот од денот, платата сега, и пензијата во иднина се лична работа. Време е за пензии кои ќе го оцртуваат работниот век, односно ќе бидат само лични, со акумулирање на парични средства на лични сметки, независно од државниот систем. Никому не му пречи да се сонува и фантазира за идеален систем, зар не?

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност