Connect with us

економија

Благ пад на индексот и најголем промет во последниве 10 години

Македонската берза преживеа една „пандемична“ година

објавено

на

По пролетната панична „распродажба“  кога МБИ-10 падна за 34%, динамиката на домашниот берзански пазар се стабилизираше и годинава ја завршува со релативно добар перформанс – благ пад од 4-5%, и покрај сите специфики годинава, како што велат од менаџментот на Берзата. Прометот пак, е одличен, најголем во последните 10 години, но како предизвик останува големата концентрација во мал број хартии: 70-80% од трговијата во 2020 е со акции на 4-5 компании. Уште еден предизвик за Македонската берза е конкуренцијата што доаѓа од странските пазари: откако законски се овозможи таа опција во 2019 година, расте интересот на македонските граѓани за тргување на странските берзи. Годинава, само во првите девет месеци тие направиле промет од 40 милиони евра во странство, во споредба со 77  милиони евра на домашниот пазар на акции.

Оваа, пандемична 2020 година, ќе биде историска и за светските пазари на капитал, ако се суди според се’ она што се случи изминативе месеци откако почна Ковид – кризата. Годината почна со доза на оптимизам, со ниво на трговија и цени што беа своевидно продолжување на трендот од претходната година. Потоа во март и април се случи страшен шок, голема корекција на пазарите, односно пад на берзите како последица на паниката што ја предизвикаа затворањата на економиите.

„Ако знаеме дека просечниот раст на глобалниот пазар на акции беше 7% до пред пандемијата, пролетоска изгубивме 30% од вредноста на берзите, што значи како 4 загубени години раст“, вели Лука Флере од Генерали Инвестментс Словенија.

На тркалезната маса „Берзите во 2020 година – осврт на локалниот и глобалните пазари“ што Македонска берза ја организираше деновиве како онлајн дебата, Флере потсети дека следеше брз одговор во вид на монетарен и фискален стимулус од најмоќните светски економии, секако и од помалку развиените земји секоја во рамки на своите можности, што придонесе за прилично брзо закрепнување на пазарите.

„Масивната финансиска инјекција вбризгана во светската економија тежи околу 20 илјади милијарди долари годинава. Тоа е неверојатна бројка, многу апстрактна за поимање, затоа што ако глобалниот БДП е околу 90 илјади милијарди долари, тогаш стимулусот е повеќе од 20% од тоа што вреди целата светска економија“, рече  Флере.

Речиси идентично како и на светските берзи, пандемијата предизвика паника и на македонскиот пазар на капитал, па главниот индекс на Македонската берза во март забележа пад од 34%, буквално идентично како и падот на индексите на Њујоршката берза, Dow Jones  и S&P 500. Ова беше првата голема криза на Македонската берза после силниот пад на индексот во 2007 – 2008 година, но со таа разлика, како што кажа универзитетскиот професор Сашо Арсов, што сега бекграундот беше нешто поинаков.

„Тогаш падот на индексот беше предизвикан од излегувањето на странските инвеститори коишто масовно го повлекуваа капиталот што година – две претходно го вложија во македонски акции. Падот на МБИ-10, пак, оваа година беше повеќе рефлексија на светските случувања одошто некакво повлекување на странски инвеститори,  и тие што продаваа сега беа главно домашни инвеститори што ги фати паника, а коишто во периодот на континуиран раст на Берзата последните неколку години пред пандемијата всушност и го ‘набилдаа’ индексот до ниво од 5.000 поени пред корекцијата во март.“, објасни проф. Арсов на тркалезната маса.

Највисок промет со акции во последниве 10 години

Сепак, паниката на едни, значеше добра прилика за други да купат акции на, инаку, солидни компании за доста пониски цени. Па така, прометот во месец март, покрај големиот пад на индексот, изнесуваше 23,5 милиони евра, што е рекорд, односно најголем месечен промет изминативе 10 години на Македонската берза.

Во април веќе индексот закрепна, односно порасна за 23,2%, а во идните месеци од годинава имаше мали осцилации, со исклучок на септември, кога повторно позначајно се придвижи во нагорна линија (+6,6%).

„На 15.12.2020 година МБИ10 изнесуваше 4.444,08 поени, што претставува, имајќи ги предвид сите специфики годинава, благ пад од 4,41% во однос на последната вредност на индексот на крајот на 2019 година. Воедно, ваквата перформанса на индексот покажува извонредно добра негова резистентност споредено со другите регионални индекси, со исклучок на индексот на Љубљанска берза којшто е со приближно ист пад.“, вели директорот на Македонска берза, Иван Штериев.

Тој додава дека вкупниот берзански промет по сите основи во 2020 година, заклучно со 15 декември, изнесува околу 127 милиони евра, што претставува пораст од 8% во однос на истиот период лани кога изнесувал 118 милиони евра. Во тие рамки, прометот со акции во БЕСТ системот изнесува околу 88 милиони евра и е за 54% поголем во однос на истиот период 2019 година.

„Анализата, покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 10 години. Сличен тренд се забележува и кај просечниот дневен број на трансакции  во БЕСТ системот којшто во 2020 година изнесува 92, додека просечниот дневен промет со акции годинава изнесува речиси 400 илјади евра.“, вели Штериев.

Конкуренција од странските берзи

Домашниот пазар на капитал оваа пандемична година „ја прележува“ со поквалитетни инвеститори, сметаат луѓето од инвеститорската фела.

„Кога велам поквалитетни, мислам на тоа дека точни знаеја зошто се на берза, добро ги анализираа компаниите, а имавме веќе искуство од претходниот крах кога неспремноста за берзанско ‘играње’, многу инвеститори, особено оние помалите, скапо ја платија.“, вели Петар Андреевски, директор на друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент.

Уште една значајна работа според него е тоа што на Македонската берза најликвидните акции се од компаниите што се помалку или воопшто погодени од пандемијата.

„Две се од фармацевтскиот сектор, банките се добро капитализирани, со подобрени портфолија, дисперзирани. Тоа е вториот аргумент зошто имаме помал пад на пазарот одошто се очекуваше. Исто така, првпат видовме една состојба, а тоа е посериозен секундарен пазар на државните записи, нешто за кое што се водеше борба изминативе години, и треба да се продолжи во таа насока.“, вели Андреевски.

Годинава, уште една битна работа што го одбележа пазарот на капитал е зголемениот интерес на македонските инвеститори за директно вложување на странските берзи, освен како досега, само преку инвестициските фондови. Откако законски се овозможи оваа опција и првите тргувања се случија летото лани, годинава интересот континуирано расте, па за првите девет месеци прометот на македонските инвеститори на странските берзи е 40 милиони евра, додека на Македонска берза, прометот во акции  во истиот период е 77 милиони евра. Во некои месеци дури, како што се мај, август и септември, прометот на странски пазари бил речиси изедначен со оној на домашната берза.

„Од воведувањето на оваа услуга бележиме околу 1.000 трансакции во износ од околу 10 милиони евра, од страна на 150 домашни физички и правни лица. Тие имаат околу 250 акции во своите портфолија и интересот е претежно кон компании од технолошкиот сектор, фармација, банки, но и злато, сребро, нафта…“, вели Емилија Брљамова, шеф на брокерскиот оддел во НЛБ Банка, една од трите банки во земјава коишто во моментов имаат овластување за овие услуги.

Таа додава дека не забележале прелевање на парите на клиентите од портфолија во домашни акции кон странски, туку се инвестирале нови пари.

„Помладите клиенти се позаинтересирани за странските берзи, за нив е предизвик да поседуваат акции од компании чии продукти и услуги ги уживаат секојдневно, како Apple, Facebook, Microsoft, итн.“

Директорот на Македонска берза, Штериев, смета дека интересот на македонските граѓани за странските пазари нема да запре, напротив, и дека моментално, на овој процес големо влијание има трендот на долгиот ценовен пораст на главните светски берзи. Дури и влијанието на  COVID-19 не го прекина овој пролонгиран биков пазар.. „Но, ние не го гледаме ова само како конкуренција, туку и како нешто што во нашето окружување ќе влијае на зголемување на инвестициската култура за вложување во хартии од вредност од што кога – тогаш ќе има позитивни повратни импликации и за домашниот пазар. Колку и да имаме супституција на дел од домашниот промет со тргување во странство, а тоа ќе зависи и од моменталната глобална конјуктура, секогаш ќе има домашни инвеститори кои ќе вложуваат во македонски хартии од вредност поради природната состојба на помали информациски асиметрии кога вложувате во локални компании. Оттука, нашата домашна задача останува унапредувањето на квалитетот на локалниот пазар и некаков пробив во насока на долго посакуваното проширување на пазарната понуда.“, вели Штериев.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор