Connect with us

свет

Блокчејн хакерите украле преку една милијарда долари во третиот квартал годинава

објавено

на

Во трите квартали на 2021, имало повеќе хакерски напади, 146, одошто во претходните три години заедно.

Според податоците на компанијата за кибер – безбедност Atlas VPN, блокчејн хакерите украле преку една милијарда долари вредни криптовалути во третиот квартал од 2021 година. Додека хакерските напади и измамите поврзани со блокчејн продолжуваат да растат, Етериум екосистемот страдал од најголем број хакерски напади и загубил најмногу пари поради тие настани.

Етериум екосистемот претрпел 20 хакерски напади и загубил преку 800 милиони долари во третиот квартал годинава. Еден од најголемите напади била измамата со Poly Network, при којашто хакерите украдоа 610 милиони долари од платформата за криптовалути.

Следно, менувачниците за криптовалути претрпеа пет хакерски напади при што загубија 114 милиони долари. Значаен напад се случи на јапонската крипто менувачница Liquid, при што кибер – криминалците украдоа дигитални валути во вредност од 90 милиони долари.

Останати типови на хакирања и измами се случиле преку 28 настани, при што се украдени 193 милиони долари.

Успешните  хакирања и измами поврзани со блокчејн и криптовалутите привлекуваат сe’ поголем број на кибер – криминалци што се во потрага по брза заработувачка.

Значителен раст во бројот на хакерските напади поврзани со блокчејн се случил во 2019-та кога биле регистрирани 133 настани. Тоа е 58% пораст во однос на 2018-та. Во трите квартали на 2021, имало повеќе напади одошто во претходните три години заедно – 146. Тоа е пораст за 20% во однос на лани, кога се случиле 122 напади и измами. Етереум екосистемот и крипто менувачниците остануваат примарни таргети за напад од страна на хакерите се вели во извештајот на Atlas VPN.

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите