Connect with us

регион

Блумберг Адриа официјално почнува со работа денеска

објавено

на

Новата информативна мрежа – фокусирана на деловни и финансиски вести ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Блумберг Адриа, првата пан-регионална, мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа официјално стартува денеска, 1. јули 2022 година. Содржината најпрво ќе биде достапна на дигиталната платформа, додека телевизијата ќе почне со со работа наредната недела. Новата информативна мрежа – фокусирана на деловни и финансиски вести ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Повеќе од 130 локални новинари, коментатори, аналитичари и финансиски професионалци ќе создаваат оригинална содржина на сите пет регионални јазици. Преку својата соработка со Bloomberg Media, Bloomberg Adria ќе го искористи известувањето на 2.700 новинари и аналитичари на Bloomberg во 120 земји. Ќе ги комбинира преведените содржини на Bloomberg News со оригиналните извештаи од целиот регион за да создаде врвна дестинација за вести за бизнис лидерите во Југоисточна Европа.

Bloomberg Adria ќе обезбеди стручен увид во причините, контекстот и последиците од факторите кои ја обликуваат глобалната и регионалната економија. Новата платформа ќе ѝ служи на растечката заедница на носители на одлуки и деловни лидери во регионот користејќи телевизија, печатени и дигитални медиуми, мобилни и социјални мрежи – преку непристрасно новинарство засновано на факти.

Блумберг Адриа ќе работи како сервис за нон-стоп вести, продуцирајќи телевизиска програма во живо по осум часа дневно од своите студија во Белград, Љубљана, Сараево, Скопје и Загреб. Преку договор за лиценцирана содржина со Bloomberg Media, новата информативна мрежа ќе има пристап до обемните финансиски и економски содржини, анализи и пазарни податоци на Bloomberg, дозволувајќи им на локалните тимови да развиваат преведени стории низ платформите на Bloomberg Adria.

Bloomberg Adria е производ на регионалната соработка помеѓу Bloomberg Media и Mtel Swiss – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија.

„Возбудени сме што Bloomberg Adria стартува овој месец за да донесе врвни деловни вести до публиката во Југоисточна Европа,“ рече Soo Kang, Глобален Директор на Bloomberg Media Distribution. „Преку овој нов локален потфат, Bloomberg Adria на растечката деловна заедница во регионот ќе ѝ обезбедува доверлива содржина заснована на податоци и анализи“.

Владимир Лучиќ, Главен извршен директор на Телеком Србија, изјави: „Телеком Србија е посветена на обезбедување премиум содржина, информации и новости за над 11 милиони претплатници. Блумберг е глобално познат по веродостојни деловни информации и експертски анализи, на кои деловните лидери им веруваат насекаде. Додека ја славиме нашата 25-годишнина, многу сме горди што соработуваме со Bloomberg Media и Bloomberg Adriа со цел на нашата ценета публика низ Југоисточна Европа да ѝ обезбедиме веродостојни деловни информации, увиди и новости од нашиот регион и од целиот свет“.

„Блумберг Адриа е пред сè услуга за деловната заедница. Тоа е, исто така, повеќе од деловен медиум – тоа е деловна мрежа и платформа за навремени и релевантни разговори на теми од регионалниот бизнис и финансиите. Нашата комуникација со деловната заедница во последниве месеци го поддржуваат нашето верување дека ваква платформа недостасуваше во Адриа регионот. Добивме силна поддршка за нашиот проект меѓу регионалните бизнис лидери, носителите на одлуки и од пошироката деловна заедница. Она што го нудиме е уникатно и има додадена вредност за заедниците кои ја обликуваат економијата во регионот“,рече Само Ошина, Главен оперативен директор на Bloomberg Adria.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија3 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

економија6 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет6 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија