Connect with us

коментари

Борис Ефтимовски: Сериозното креирање на државен бренд е предуслов за сериозна, но кул држава!

Како да се „маркетира“ државата

објавено

на

Борис Ефтимовски, маркетинг и ПР консултант, основач на Маркетинг365

Сметам дека час поскоро е потребна државна стратегија за подобрување на “вредноста” на националниот бренд, брендот “Македонија” (“Северна Македонија”) кој ќе биде “ветување” не само за безбедност и сигурност, туку и за правичност, отвореност, чесен систем и модерни економски процеси. Од суштинско значење за понатамошниот економски напредок е да создадеме силни земјоделски, културни и туристички брендови во нашата земја, но кредибилитетот и “ефектот” на сите нив, најпрво се поврзува со силата на основниот, националниот, државниот бренд Македонија, кој мора да биде “чадорот” под кој останатите брендови ќе растат.

Пред неколку години имав привилегија да работам како консултант со тим на супер паметни ИТ девелопери од Скопје кои беа задолжени за целото мобилно издаваштво на една од најголемите светски медиумски групации на модни, lifestyle и економски магазини.

Кога светски познатите магазини требаше да се појават во печатена верзија во Париз, Лондон или Њуjорк, тимот на девелопери од Скопје (и една единица од внатрешноста на Македонија) требаше да го имаат спремно и прилагодено истото тоа издание за купување и прегледување преку засебните мобилни апликации наменети за повеќе пазари. Соработката која нашата домашна компанија и медиумскиот конгломерат ја имаа, траеше веќе неколку години и сé си функционираше одлично. Паралелно течеа разговори и за уште еден куп други ангажмани, развој на заеднички продукти и нови пазари меѓу кои и тој во Индија, кој беше особено значаен за клиентот.

И сé ова одеднаш застана.

Застана кога во Македонија се случи кризата позната како “Диво Насеље” во Куманово.

Клиентот од Париз ги “фатил” информациите во меѓународните медиуми дека во нашата земја се случува некаков трагичен терористички напад, брзо организирал состанок на бордот и почнале да дискутираат за алтернативи на нашата услуга, зошто како што биле тие брифирани, “во Македонија почнува нова војна”. Не помогна ниту нашата експресна реакција дека тоа што се случи беше дводневен настан кој реално нема капацитет да се развива на ниво на целата држава и дека кај нас атмосферата не е таква да предизвика некаков застој во секојдневната работа, така што можат да бидат сигурни дека нивните мобилни изданија ќе бидат подготвени како и секогаш.

Не, тие им веруваа на странските медиуми кои во тој момент пласираа предимензионирани информации за состојбата кај нас, а и реално, секогаш „висела во воздухот“ таа перцепција за нас, како “компанија од земја со голем фактор на ризик”, каде лошите случувања и вести за државата доминираат во светски рамки, споредено со било која добра работа што се случила. Оттаму, тешко е да осудуваш вакво претпазливо деловно размислување, кое секако, секогаш е водено од бизнис интереси, а не сочувства…

Со тешки маки и многу лобирања, после некој период издејствувавме да не ја прекинат соработката, но впечатокот што го имавме тие денови кога ни кажуваа како ја перцепираат нашата земја и кои се нивните ставови и стравови, верувам дека ќе ни останат врежани засекогаш.

Подобрување на „вредноста“ на националниот бренд

Оттогаш до денес, поминати се 5 години. Со влезот во НАТО и некои придружни процеси што беа гласно поддржани од светските политички лидери, се чини дека перцепцијата за Македонија, по ново Северна Македонија, веројатно е поместена во позитивна насока барем во сегментот на безбедност. Споменатиот пример на импакт кој брендот на државата и нејзиното (не)насочено комуницирање во еден момент го имаше врз една соработка е минорен, во споредба со секојдневните предизвици со кои се борат македонските претприемачи кога продаваат производи и услуги на странските клиенти и тоа е доволна причина конечно да ја отвориме темата за создавање на долгорочна стратегија и насочена комуникација, која ќе има задача на подобрување на репутацијата на нашата држава во глобални рамки.

Сметам дека час поскоро е потребна државна стратегија за подобрување на “вредноста” на националниот бренд, брендот “Македонија” (“Северна Македонија”) кој ќе биде “ветување” не само за безбедност и сигурност, туку и за правичност, отвореност, чесен систем и модерни економски процеси.

Од суштинско значење за понатамошниот економски напредок е да создадеме силни земјоделски, културни и туристички брендови во нашата земја, но кредибилитетот и “ефектот” на сите нив, најпрво се поврзува со силата на основниот, националниот, државниот бренд Македонија, кој мора да биде “чадорот” под кој останатите брендови ќе растат. Џабе зборуваме за преспански или охридски туристички бренд, пелагониски или полошки земјоделски регион, тиквешко подрачје, ваква ИТ или онаква производствена компанија итн… доколку сите тие не се поддржани со силен државен бренд кој ќе понуди синоними на професионализам, конзистентност, правичност и прогрес.

Кога зборуваме за развој на државен, национален бренд, тоа науката го дефинира како аплицирање на корпоративните маркетинг концепти и техники врз една држава, со цел подобрување на нејзината репутација во интернационалните релации.

Ова во кратки црти значи дека кон градењето на еден национален бренд треба да пристапиме слично како кога би граделе бренд за некоја корпорација.

Но, да се потсетиме. Корпорацијата најпрво мора да функционира по интерните правила, сите процеси да бидат како што треба, да си ја завршува својата улога кон вработените и клиентите и потоа нејзините производи да бидат понудени на полиците покрај производите на другите конкуренти.

И при создавањето на државниот бренд, важат истите премиси: државата треба да функционира според законите (интерните прописи),  работите да бидат поставени правично, граѓаните да бидат задоволни од односот на системот спрема нив и државните “производи” (туристички дестинации, економски дестинации, работна сила, талент, квалитетни производи и услуги..) кои дури тогаш може да бидат “понудени” на пазарот на “брендови” од останатите држави.

Прва работа што секогаш треба да ја имаме на ум е дека ние не можеме да ја наметнеме репутацијата што како земја сакаме да ја имаме во очите на другите земји, ние не ја “поседуваме” неа, иако сме ѝ дале “живот”. Не можеме да одредиме какво мислење ќе имаат другите земји за нас, туку ние, со нашите активности, можеме тоа само да го менаџираме и постојано да ги оживуваме карактеристиките кои сакаме да асоцираат на нашиот државен бренд “Македонија” (“Северна Македонија”).

Создавање на успешни приказни

Владите ширум светот ангажираат професионални ПР агенции што имаат задача да се грижат за интернационалната репутација на државата преку цела низа на концепти за стратешко комуницирање. Сведоци сме на силни слогани како “Ветената земја” за Израел, “I Love New York”, “What happens in Vegas, stays in Vegas”, “sLOVEnia” и итн., или наметнати стереотипи дека “автомобилот мора да биде германски”, дека “чоколадото од Швајцарија е најдобро”, “француските парфеми се најсилни”, “квалитетната облеката е во Италија” и слично, а сите тие се дел од стратегии за креирање на идентитет. На пример, Естонија јасно си има зацртано дека сака да биде перцепирана како предводник во дигиталното општество и за да го поткрепи тој свој посакуван идентитет, направи низа на системски промени и државни политики во таа насока, проследени и со интензивна комуникација преку интернационалните медиуми, кои таа “приказна” ја “продаваа” на целиот свет.

Кога се почнува процес на градење на државен бренд за интернационалните односи, најпрво треба да се определат силните страни и можности на државата, па потоа да се определат индустрии, личности, природни богатства и историски настани кои можат да понудат основа за креирање на силен „брендинг“ и „сторителинг“. Мораме да создаваме успешни приказни! И тие успешни приказни гласно да ги “раскажуваме” на целиот свет!

Следниот чекор е креирање на “чадор” концепт кој ќе ги покрива и ќе биде кохерентен со сите поединечни брендинг активности. Помеѓу возможните концепти се и држава на задоволства, искреност, напредок итн. Избраните концепти треба да бидат поткрепени со посебен државен буџет за секоја брендинг активност. Паралелно на ова, системот треба да се преслика и на контролата на извозот, што ќе гарантира дека секој извозен продукт го пренесува “ветеното” ниво на перформанс со брендингот што треба да го поткрепи.

Индустрија која сериозно може да придонесе во креирањето на државниот бренд е секако забавната индустрија, која низ светот посебно се ангажира за менување на имиџ за подрачја кои асоцираат на немири, војни и сл. Дали ние ќе продолжиме да поддржуваме филмови каде Македонија ќе биде прикажана како немоќна и/или конфликтна земја или ќе поддржиме создавање на филмови во кои Македонија е напредна, високософистицирана земја на љубов и добра храна, е само наша одлука!

Важноста на брендирањето на земјите можете да ја посведочите и само со преглед на топ ранкинзите на брендови по индустрии, каде ќе забележите дека сите најсилни брендови доаѓаат од земји кои континуирано работат на својот државен имиџ, смислено, со силни вложувања и преку ангажирање на сериозни тимови на ПР и маркетинг професионалци.

Треба да се има предвид дека и повеќето перцепции за земји се изградени врз стереотипи и дека тоа не е нешто што се менува преку ноќ, но најважно е да се согласиме дека таков процес на ре-брендирање на една земја не се случува само со политички активности, туку на него треба да се работи сериозно, подолгорочно и смислено.

Велат дека секој може да биде “кул”, ама за тоа мора да се потруди!

Continue Reading
интервју3 дена ago

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

економија3 дена ago

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

економија3 дена ago

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

интервју3 дена ago

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

свет3 дена ago

Стравот од инфлација им пресуди на акциите

економија3 дена ago

Македонската економија на среден и долг рок (6)

start up3 дена ago

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Прашања што треба да си ги постави топ менаџментот

lifestyle3 дена ago

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

интервју3 дена ago

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

технологии / компании5 дена ago

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

економија3 дена ago

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

интервју3 дена ago

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

економија4 дена ago

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

економија6 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

start up3 дена ago

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

lifestyle3 дена ago

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

економија3 дена ago

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020