Connect with us

интервју

Борче Хаџиев: Продолжуваме со континуирано унапредување на целокупниот систем на јавни набавки во државата

Борче Хаџиев, директор на Бирото за јавни набавки

објавено

на

Иако мала институција со околу 30 -тина вработени, а сепак многу надлежности, Бирото за јавни набавки во изминатиот период според зборовите на неговиот директор Борче Хаџиев, бележи многу успеси и голем број на реализирани активности и задачи во рамки на своите надлежности.

Бирото за јавни набавки е формирано во 2005 година, како орган на државната управа, во состав на Министерството за финансии и истото претставува главно и надлежно тело кое што е одговорно за координација и следење на системот на јавните набавки во државата.

Иако мала институција со околу 30 -тина вработени, а сепак многу надлежности, Бирото за јавни набавки во изминатиот период според зборовите на неговиот директор Борче Хаџиев, бележи многу успеси и голем број на реализирани активности и задачи во рамки на своите надлежности.

Со Хаџиев, којшто е на чело на Бирото од 2020 година, разговаравме околу значењето на оваа институција, нејзиното функционирање и усогласеноста со европските регулативи во областа на јавните набавки.

Господине Хаџиев, во јавноста е познато дека Бирото за јавни набавки е надлежно и одговорно тело за Законот за јавните набавки, како и негово следење и имплементација, оттука би сакале да ве прашаме, дали институциите и компаниите успешно го спроведуваат т.е. применуваат Законот за јавните набавки?

Во изминатиов период беа направени многу надградби и пуштени во употреба нови функционалности на Електронскиот систем за јавни набавки. Како поважни би ги издвоил модулот за фактури во електронска форма, модулот за дигитално потпишување на документи на апликативно ниво, можноста за спроведување на електронско спроведување на технички дијалог итн.

Една од главните функции на Бирото за јавни набавки е Регулаторната. Ова подразбира подготовка на нормативни акти од областа на јавните набавки, како и нивно доставување за усвојување до Министерството за финансии, а потоа до Владата и Собранието. Воедно, Бирото континуирано го следи и анализира спроведувањето на законот и другите прописи за јавни набавки и постојано иницира промени за подобрување на целокупниот систем за јавни набавки.

Важно е да се напомене и дека покрај регулаторната функција, Бирото има и советодавна функција, која што сметам дека е многу важна, за правилна примена на Законот за јавните набавки, како и давање мислења, насоки и совети за постапување до договорните органи и економските оператори. Во однос на советодавната функција би сакал да напоменам дека во изминатите три години, Бирото подготви низа прирачници и брошури од областа на јавните набавки.

Како поважни би ги издвоил: Прирачникот за измена на договорите, Упатство за зелени јавни набавки, Прирачник за критериумите избор на економски најповолна понуда (ЕНП) во согласност со националното законодавство на РСМ и добрите европски практики кои што беа изработени со помош на Твининг проектот каде што БЈН е корисник, потоа Брошурата за јавни набавки, Водичот за негативни референци, Прирачник за истражување и анализа на пазарот за јавни набавки, а во фаза на подготовка се и други прирачници и брошури кои што ќе бидат објавени до крајот на 2023 година.

Воедно, беа изготвени и објавени модели на тендерски документации за набавки од мала вредност и за поедноставена отворена и отворена постапка.  Овде би сакал да напоменам и дека во изминатиот период воспоставивме соработка со Стопанските комори, а од соработката произлегоа голем број на Модели на технички спецификации за стандардни стоки и услуги кои што се објавени на веб сајтот на БЈН и истите се достапни на договорните органи.

Би сакал да се навратам и на суштината на вашето прашање, а во однос на правилната примена на Законот за јавните набавки. Од оваа година започна да функционира и Одделението за правни работи и прекршочни постапки во рамки на Бирото, а веќе во втората половина на годинава Бирото оформи 47 прекршочни предмети за кои поднесе соодветни поднесоци до надлежните судови во државата.

Дали во земјава постои систем за контрола на јавните набавки?

Да, во нашата земја постои систем на контрола на постапките за јавни набавки. Покрај останатите надлежни институции кои се дел од системот на јавните набавки, Бирото за јавни набавки исто така врши Управна контрола. Имено, Управната контрола на постапките за јавни набавки се врши на секоја постапка која што е над 500.000 евра во денарска противвредност за стоки или услуги и над 2.000.000 евра во денарска противвредност кај набавките на работи.

Во текот на 2023 година, беше направена Управна контрола на 308 постапки за јавни набавки, од кои за 266 постапки не беа утврдени неправилности, а за останатите беа утврдени неправилности, по што беа дадени насоки на договорните органи да извршат повторна евалуација или повторно одлучување или пак беа дадени насоки за поништување на постапките.

Дополнително, би сакал да напоменам и дека од почетокот на 2023 година, За останатите постапки за јавни набавки кои што се под горенаведените прагови се врши управна контрола врз основа на проценка на ризици според утврдени индикатори на Електронскиот систем за јавни набавки. Во 2023 година, беше направена контрола на 67 постапки по случаен избор, во 44 од нив не беа утврдени неправилности, додека за 23 постапки за јавни набавки беа утврдени неправилности и беа дадени насоки за поништување или насоки да извршат повторна евалуација.

Кажете ни  нешто повеќе за Електронскиот систем за јавни набавки, како функционира тој?

Електронскиот систем за јавни набавки е во надлежност на Бирото за јавни набавки и важно е да се напомене дека истиот е доста развиен, со висока транспарентност, но и многу едноставен за користење.

Како што е познато, електронските набавки се задолжителни во државата, секоја набавка во сите фази се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки. Почнувајќи од планирање, објавување на постапката и нејзина евалуација, како и склучување договори и жалби.

Во изминатиов период беа направени многу надградби и пуштени во употреба нови функционалности. Како поважни би ги издвоил модулот за фактури во електронска форма, модулот за дигитално потпишување на документи на апликативно ниво, можноста за спроведување на електронско спроведување на технички дијалог итн.

Притоа, како една од алатките за транспарентност, но и можност за понатамошно истражување и анализи беше воведена функционалност со која се овозможува филтрирање на сите склучени договори и можност за нивно преземање во CSV формат.

Во однос на електронските набавки, како една од најважните работи кои што успеавме да ги реализираме е развојот на новата платформа за набавки од мала вредност, која што е позната како Е-пазар. Истата овозможува на договорните органи и економските оператори електронско тргување, а се со цел спроведување на брзи, едноставни и економични набавки на стоки и услуги до 10.000 евра во денарска противвредност.

Во однос на користењето на платформата Е-пазар, беа спроведени и обуки за договорните органи и економските оператори, беа изготвени Прирачници, а се објавија и едукативни видеа каде што во детали се објаснува функционирањето и користењето на платформата.

Спогодбата за јавни набавки на Светската трговска организација кон која пристапивме, предвидува отворање на пазарите за јавни набавки во земјите – членки за економски оператори од другите земји – членки. Република Северна Македонија секако има отворен пазар за јавни набавки, така што од тој аспект, ништо не губиме, а отвораме простор за нашите фирми да влезат на пазарите на другите земји – членки, под исти услови како и нивните домашни компании.

Во текот на 2022 година започна билатералниот скрининг процес за Република Северна Македонија, дали законската регулатива за јавните набавки во земјата е усогласена со правото на Европската Унија?

Новите директиви на Европската Унија кои се однесуваат на јавни набавки се транспонирани во новиот Закон за јавни набавки кој што е на сила од 1ви април 2019 година. Националната правна рамка за јавни набавки во Република Северна Македонија, т.е. Законот за јавните набавки и Законот за јавни набавки од областа на одбраната и безбедноста се усогласени со соодветните директиви на Европската Унија.

Истото беше потврдено и од страна на ЕУ со нацрт-извештајот од скринингот за Кластер 1, односно Поглавје 5 – кое се однесува на Јавните набавки, а каде што Бирото за јавни набавки е носител.

Исто така, Во текот на 2023 година, имавме и учество на билатерален скрининг за Поглавје 22 – Регионална политика и координација на структурни инструменти и Поглавје 30 – Надворешни односи.

Сепак, не застануваме овде, продолжуваме со континуирано унапредување и подобрување на целокупниот систем на јавни набавки во државата.

Дали имате воспоставено соработка со меѓународни организации и експерти?

Бирото за јавни набавки во изминатиот период ја интензивираше соработката со СИГМА, која што е заедничка иницијатива на ОЕЦД и ЕУ,  Светска банка, како и експерти од Твининг проектот во кој што бевме корисник.

Беа реализирани две студиски посети, во р. Хрватска и р. Бугарија, каде што претставници од Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки присуствуваа, беа разменети искуства, мислења и добри практики.

Напоменав и претходно дека во соработка со Твининг проектот беа изготвени и неколку прирачници, а во 2021 година беа одржани и наменски обуки за договорни органи и економски оператори.

Неодамна објавивте дека Македонија ги завршила преговорите за пристапување кон Спогодбата за јавни набавки на Светската трговска организација. Што значи пристапувањето кон оваа спогодба?

Спогодбата е дел од системот на Светската трговска организација, а Република Северна Македонија има преземено обврска да ги отпочне преговорите за членство во оваа спогодба со пристапувањето кон СТО. Преговорите започнаа во 2017 година, под водство на Бирото за јавни набавки и Министерството за економија.

Спогодбата за јавни набавки предвидува отворање на пазарите за јавни набавки во земјите – членки за економски оператори од другите земји – членки. Република Северна Македонија секако има отворен пазар за јавни набавки, така што од тој аспект, ништо не губиме, а отвораме простор за нашите фирми да влезат на пазарите на другите земји – членки, под исти услови како и нивните домашни компании.

Пристапувањето кон Спогодбата, исто така, означува дека домашните прописи и пракса за јавни набавки се базираат на сите добри меѓународни практики кои се утврдени во самата Спогодба. По одржани 12 рунди преговори во текот на последните 5 години, Комитетот на Спогодбата ја усвои Одлуката за пристапување на Република Северна Македонија кон оваа Спогодба во јуни оваа година, а земјата официјално стана Страна на Спогодбата на 30 октомври, откако беа завршени внатрешните процедури за ратификација на Спогодбата. Вкупно 48 земји членки на Светската трговска организација членуваат Спогодбата, а Република Северна Македонија стана 49 земја – членка. Искрено, ова го сметам како значаен успех за Бирото за јавни набавки и за целата држава.

Бирото планира нареднава година да оствари повеќе активности за промоција на Спогодбата кај деловната заедница во соработка со стопанските комори, со цел да ги запознае домашните компании со погодностите што Спогодбата ги предвидува и можностите што ги нуди.

Каква е соработката на Бирото  со останатите институции и важни субјекти во државата?

Во врска со воспоставување и унапредување на соработка на национално ниво, особено би сакал да ги споменам склучените меморандуми со Економскиот факултет и Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Конкретно во текот на 2022 година, склучивме Меморандуми за соработка со горенаведените факултети, а од меѓусебната соработка произлезе и стручно правно мислење во врска со одредени прашања за измени на договори за јавни набавки, кое што беше изработено од професори од Правниот факултет.

Исто така, согласно воспоставената соработка, доставивме и барање за практиканти од факултетите, по што очекуваме во периодот што следи да ја интензивираме соработката на повеќе нивоа.

Дополнително, во изминатиот период се склучија меморандуми и се интензивираше соработката со Комисија за заштита на конкуренцијата, Финансиска полиција, Државен завод за ревизија, Државна комисија за жалби по јавни набавки и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Ги споменавте обуките преку Твининг проектот, а познато е во јавноста дека Бирото за јавни набавки организира и спроведува обуки за лица за јавни набавки, оттука би сакале да ве прашаме каква е заинтересираноста за слушање на ваков тип на обуки?

Согласно правилникот за спроведување на едукација, едукацијата се спроведува врз основа на Програма за едукација, а наставната програма содржи неколку видови на обуки, и тоа:

Наставна програма за обука за лица за јавни набавки, наставна програма за обука за обучувачи за јавни набавки, како и наставна програма за продолжување на потврдата за обучувачите и наставна програма за продолжување на важноста на потврдата за лице за јавни набавки.

За стекнување со сертификат за јавни набавки по прв пат, лицата е потребно да се пријават преку Електронскиот систем за едукација, по што истите слушаат пет (5) дневна обука, а потоа полагаат писмен испит. Потврдата е со важност од три (3) години, а доколку сакаат да ја обноват, учесниците слушаат еднодневна обука, па полагаат писмен испит.

Особено сум горд што оваа година успеавме да воспоставиме и пуштиме во употреба нов електронски систем за едукација, кој што е модернизиран, унапреден и подобрен.

Воедно, во оваа прилика, би сакал да ве известам и дека Бирото за јавни набавки, во соработка со меѓународни Експерти од Твининг проект, како и од други меѓународни организации, во изминатиот период работеше на изготвување на законски измени, креирање на нова програма за Едукација, како и тотално нов и модернизиран концепт на сертифицирање на службениците за јавни набавки.  

Во однос на заинтересираноста, оваа година имавме пријавени повеќе од 300 кандидати за сертификација, а околу 280 кандидати за продолжување на важноста на потврдата за лице за јавни набавки.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%