Connect with us

интервју

Бојаџиев: Петнаесет години градиме култура на извонредност на УАКС

Проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост, Универзитет Американ Колеџ Скопје

објавено

на

„Нашата мисија беше и остана да го комбинираме најдоброто од Европскиот и Американскиот образовен систем. Наша мисија беше и остана да обезбедиме врвно образование по пристапна цена. И во тоа успеавме од почетокот.“, вели проф. д-р Марјан Бојаџиев, еден од основачите и провост на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје


Со проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост на Универзитетот Американ колеџ Скопје, разговаравме по повод значајниот јубилеј на оваа високообразовна институција: 15 години од основањето и почетокот со работа.

Професоре, честитки за јубилејот. 15 години постоење е навистина значајно постигнување за една образовна институција. Раскажете ни ги почетоците на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Идејата за оваа приказна почна многу одамна, во 1981 година, кога Скопје беше меѓународен универзитетски центар. Таа мисла нѐ водеше и во 2005 г. – идејата од Скопје да направиме меѓународен универзитетски центар и желбата од Скопје да направиме мост меѓу народите.

Очекувавме Македонија да влезе во НАТО во 2008 г., а во Европската унија во 2012 г. Со тоа, сметавме дека Скопје ќе биде атрактивна дестинација. Во мај 2005 г. поднесовме Барање до Одборот за акредитација, а со настава почнавме на 5 октомври истата година.

Како се градеше Универзитетот и како се развиваа Факултетите на УАКС? На кој начин успеавте да ги привлечете студентите тие први години?

УАКС почна како Факултет за Деловна економија и организациони науки, а веќе следната 2006 г. стана Универзитет сo шест факултети.

Како успевавме да привлечеме студенти? Веројатно со искрена, чесна и напорна работа. Нашата мисија беше и остана да го комбинираме најдоброто од Европскиот и Американскиот образовен систем. Наша мисија беше и остана да обезбедиме  врвно образование по пристапна цена.

И во тоа успеавме од почетокот.

Структурата на нашиот наставен кадар е од почетокот иста: 1/3 вработени професори, но сите со значајно професионално искуство, 1/3 професори од праксата, кои се врвни стручњаци и на крајот, последниот сегмент се визитинг професори од странство.

Мислам дека тој квалитет, таа интелектуална свежина  во Македонија може да се најде единствено на УАКС.

Предизвиците се дел од секој успех. Кои беа Вашите предизвици? Со што моравте да се соочите и како ги надминавте?  

Најголем предизвик денес е секако Коронавирус кризата.

„Најголем предизвик денес е секако Коронавирус кризата. Мислам дека и во оваа ситуација покажавме колку е УАКС голем. Во март 2020 г. за краток период се престроивме и овозможивме онлајн настава со користење на најсовремени платформи.“

Мислам дека и во оваа ситуација покажавме колку е УАКС голем. Во март 2020 г. за краток период се престроивме и овозможивме онлајн настава со користење на  најсовремени платформи.

Оваа школска година ја почнавме со уште подобра опрема која овозможува хибридна настава со која дел од студентите се во предавална, а дел во своите домови. Синхроната хибридна настава се покажа како одличен метод.

На што сте најмногу горди? Кои се најголемите постигнувања на Универзитет Американ Колеџ Скопје?

Американ колеџ е горд на меѓународните акредитации:

Американската акредитацијата ја стекнавме во 2010 г. Потоа следеше ACCA акредитацијата за сметководство и ревизија во 2017 г.

Истата година потпишавме договор за двојна диплома со Универзитетот Тор Вергата од Рим, рангиран во Топ 50 помлади од 50 години универзитети во светот.

Но, она што нѐ прави посебно горди се успесите на нашите поранешни студенти – денес тие се веќе раководители во фирми, архитекти и дизајнери, нотари, дипломати, инженери, програмери  и професори. И тоа не само во државата, наши поранешни студенти се денес распослани од Јужна Африка до Балтикот и Америка.

Како го гледате УАКС во иднина? Како мислите дека ќе се развива образованието со оглед на светските промени и предизвици?

Постои една цел која не успеавме да ја достигнеме до сега – УАКС да стане меѓународен универзитетски центар. Сите напори во иднината ќе ги насочиме кон целосна интернационализација и обиди да привлечеме што повеќе меѓународни студенти на нашиот универзитет.

Што се однесува до образованието и науката генерално сите се сочуваме со нови предизвици поврзани со пандемијата. Најголем дел од универзитетите во светот се префрлија на онлајн настава. Можностите за директен контакт, за настава во предавална, за истражување на терен се апсолутно лимитирани. Но, сепак наоѓаме начин да функционираме. Наоѓаме начин да ја спроведуваме нашата мисија – да предаваме знаење! Или како што вели нашето мото, Ad destinatum peresequor! – До целта ќе истраеме!

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки2 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија3 дена ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки4 дена ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија5 дена ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки1 недела ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија1 недела ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија1 недела ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија

економија1 недела ago

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

економија1 недела ago

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

банки2 недели ago

НЛБ Банка со нови промотивни депозити