македонија
Брако ги претстави електричните возила Green Machines на саеми во САД и БиХ

Техничкиот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, во изјава за американските медиуми истакна дека најголемите предизвици на електрификацијата се електричните возила да бидат исто ефикасни, продуктивни и економични за корисниците, како и возилата на погон на фосилни горива.
Брако во најдобро светло ги претстави електричните модели на возила за одржување на хигиена во урбани средини од линијата на Грин Машинс, на специјализиријаниот Саем за јавни работи (PWX 2023 – Public Works Expo) во Калифорнија, САД.
Повеќе од 5000 професионалци кои се занимаваат со активности за јавно одржување, вработени во јавни претпријатија, администрација на општини, окрузи и сојузни држави имаа можност на лице место да се запознаат со перформансите на двата најпродавани електрични модели на Грин Машинс – најдобриот светски модел со рачно управување и со револуционерен систем за отпрашување 400 ZE и новиот модел на компактно камионче за чистење 500 ZE.

Техничкиот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, во изјава за американските медиуми истакна дека најголемите предизвици на електрификацијата се електричните возила да бидат исто ефикасни, продуктивни и економични за корисниците, како и возилата на погон на фосилни горива.
Линк до видео од изјава на оперативниот директор на Грин Машинс Ангел Анѓушев
„Ние тој предизвик го надминуваме така што вградуваме најквалитетни можни компоненти, имаме современ дизајн и квалитетна изработка на возилата и им обезбедуваме услуга на највисоко ниво на клиентите“, посочи Анѓушев за време на саемот.
Саемот го организираше Американската асоцијација за јавни работи (American Public Works Association), која важи за една од најпрофесионалните организации во САД, а на саемот учествуваа над 400 компании кои нудат производи за јавно одржување.
Саемот се одржа во Сан Диего во Калифорнија, каде БРАКО има отворено сопствена компанија-ќерка на Грин Машинс, преку која се продаваат возилата во САД и Канада.
Специјализираните возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од Велес, Грин Машинс, се претставија и на Саемот за комунална опрема кој се одржа во Приједор, во Босна и Херцеговина.
На саeмот беа изложени модели кои претставуваат софистицирани технолошки решенија за одржување хигиена и кои се користат во над 60 земји во светот.
„Станува збор за моделите GM 400 ZE, GM 500ZE, GM 636 stage V и GM 955, од кои секој на свој начин е единствен по своите перформанси. Направивме и демонстрација на возилата за кои имаше огромен интерес. Градот Приједор го купи моделот 636 stage V и се вклучи во огромната листа на чисти градови благодарение на возилата од брендот Грин Машинс“, нагласи Владимир Локвенец, комерцијалниот директор на Грин Машинс.

Со особен интерес е следена демонстрацијата на најпродаваниот модел GM 500 ZE, кој сега е со поголема кабина и напреден систем за управување и каде сите копчиња се заменети со панел на допир. Беше изложен и моделот GM 400 ZE, кој благодарение на системот за рециркулација на воздухот, има зголемен капацитет за филтрирање на прав,а количината на честички што се емитуваат е намалена за три пати. Од техничките спецификации на GM 955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри.
БРАКО/Грин Машинс беа дел од вкупно дваесетина изложувачи на саемот, а Грин Машинс беше и генерален спонзор на манифестацијата.
Градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор, упати и официјална благодарница до Грин Машинс за учеството во организацијата и реализацијата на настанот.





Комерцијален ПР текст