Connect with us

македонија

„Брако“ го направи првото возило во Европа за одржување хигиена во урбани средини кое испушта вода, наместо издувни гасови

Велешката фабрика ги освојува светските пазари со еколошки возила

објавено

на

Новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини под брендот „Green Machines“ (GM 500H2), чиј погон работи на најчисто гориво – хидроген (водород) претставува револуционерно решение и целосно се произведува во Велес, од каде што се извезува низ целиот свет.

Велешката компанија „Брако“ ја произведе првата во Европа еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини под брендот „Green Machines“ GM 500H2 која работи на водород. Тим од 15 инженери од Северна Македонија во соработка со инженери од Холандија работеа на еколошкото возило за чистење што испушта единствено вода, а не како досегашните, издувни гасови.

Како што објасни сопственикот на „Брако“, Кочо Анѓушев уште пред неколку месеци во интервјуто за „Капитал“, заедно со холандска компанија специјализирана за развивање возила на водороден погон, развивале еколошко возило наменето за чистење улици, коешто како гориво ќе користи водород (хидроген).
„Тоа возило се работи специјално за нашиот бренд, а холандскиот партнер што го развива хидрогенското возило за нас, работи за сите големи компании во светот што развиваат хидрогенски возила. Се обидуваме Брако да биде еден од главните носители во тој т.н. niche пазар за возила за чистење на улици. Ние комплетно го склопуваме  возилото, од почеток до крај.“, рече во таа прилика Анѓушев.

„Горди сме што во време на пандемија останавме фокусирани и силно мотивирани и ја создадовме новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини на водороден погон.  Среќен сум дека вроди со резултат нашата посветеност да го намалиме и минимизираме човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголемиме ефикасната употреба на ресурсите.“

Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се први кои ќе ја одржуваат хигиената со овие велешки еколошки возила кои испуштаат вода, наместо издувни гасови и не загадуваат, ни рекоа од „Брако“.

„Горди сме што во време на пандемија останавме фокусирани и силно мотивирани и ја создадовме новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини на водороден погон.  Среќен сум дека вроди со резултат нашата посветеност да го намалиме и минимизираме човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголемиме ефикасната употреба на ресурсите. Еко-визијата ја  препознаа и во преостанатите земји ширум светот, па така интерес за новата еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини има и од САД, Велика Британија, Јапонија, но и од скандинавските земји“, вели  Иле Атанасов, директор на „Брако“.

Компанијата „Грин машинс“ која од октомври 2019 година е во сопственост на велешки „Брако“, има долгогодишна традиција во областа на производството на технолошки напредни и иновативни машини за одржување на хигиената во урбани средини и важи за глобален лидер со врвна репутација. Машината GM 500H2 претставува револуционерно решение и целосно се произведува во Велес, од каде што се извезува низ целиот свет, од Лондон до Сингапур.

Веста за нејзиното создавање ја објавија голем број медиуми од Европа и од светот, поздравувајќи го иновативното решение.

Инвестициски циклус од 8 милиони евра во време на криза

Инаку,  инвестирањето во „зелените“ машини, како и во нови технолошки постројки  е дел од поширок инвестициски и развоен циклус во „Брако“, каде што се вработени над 600 лица.  Велешката компанија е една од најнапредните технолошки компании и е меѓу најголемите извозници во Северна Македонија чие доминантно производство од 95% е наменето за извоз во над 30 земји.

Годинава и во време на криза и најтешки логистичко – технолошки услови за работа, компанијата успеа да го задржи производството, како и да го зголеми бројот на вработени.

Инвестицискиот циклус во вредност од 8 милиони евра на велешки „Брако“ опфаќа вложувања во напредната технологија на CNC-управувачки машини, инвестиции во нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за т.н. лин – производство (lean manufacturing), како и нова менза за вработените.

Кочо Анѓушев, сопственик на “Фероинвест“ во чиј состав е и „Брако“
„Инвестирањето во ‘зелените’ машини, како и во нови технолошки постројки  е дел од поширок инвестициски и развоен циклус во ‘Брако’, каде што се вработени над 600 лица. Годинава и во време на криза и најтешки логистичко – технолошки услови за работа, компанијата успеа да го задржи производството, како и да го зголеми бројот на вработени.“

„Минатата година инвестиравме  во купување на брендот „Green Machines“, под кого што произведувавме машини за вакуумско чистење на улици и јавни површини, изминативе 5-6 години. Тоа беше изворно американски бренд, чиешто производство се одвиваше во Шкотска, а потоа продолжи во нашите погони во Велес. Откако го купивме брендот лани, со се’ сите права за интелектуална сопственост и сл., тој е сега македонски бренд, а ‘Брако’ има свои компании – ќерки во Романија, Холандија и Англија  и комплетната продажба се одвива преку меѓународна мрежа на дилери.“, вели сопственикот на „Брако“, Кочо Анѓушев.

Во моментов во производната палета се  три типа на вакви машини, варијанти со дизел и електрични мотори, но Анѓушев вели дека не застануваат тука.

„Брендот сега го развиваме со нашите инженери и останатите вработени во ‘Брако’, и со помош на Машинскиот факултет при УКИМ развиваат неколку нови производи.“


Сцената од филмот Man In Black 3 во која се појавува возилото на Green Machines

Возилата на „Брако“ се појавиле и во холивудски блокбастери

Две возила на „Green Machines“ се имаат појавено во сцени на филмовите „Man In Black 3“ и „Star Wars: The Phantom Menace“. 

Веројатно малкумина знаат дека велешката компанија Green Machines, која е дел од конзорциумот на „Брако“, ги произведува најславните еко-машини за одржување улична хигиена. Две нивни возила од програмата на Green Machines се појавуваат во сцени од два холивудски филмски блокбастери. И тоа не било кои, туку научно-фантастичните „Man In Black 3“ и „Star Wars: Episode I – The Phantom Menace“.

Фото горе: возило од серијата 400 на Green Machines;
Фото доле: возилото користено во филмот Star Wars: Episode I – The Phantom Menace

Приказната ја враќаме 21 години назад, во веќе далечната 1999. Авторот и режисер на филмовите „Војна на ѕвездите“, славниот Џорџ Лукас, по 22 години пауза од неговиот прв филм од серијалот, решава да го сними второто продолжение. Седум години претходно, компанијата Green Mаchines, чие седиште тогаш е во Шкотска, на пазарот го исфрла првиот модел на возило за одржување улична хигиена од серијата 400. Во следните неколку години, овие машини почнуваат да се користат речиси во сите земји во Британија. Така, еден ден, подготвувајќи го својот филм, Лукас се шетал покрај Бакингамската палата во Лондон и го забележал возилото кое ја чистело улицата. Тоа му се причинило толку футуристично, што без двоумење решил дека ќе го користи во сцена од својот следен филм.

Тринаесет години подоцна, во 2012-тата, режисерот Бери Соненфилд го подготвува својот трет филм од серијалот „Man In Black“, со Вил Смит, Томи Ли Џоунс и Џош Бролин во главните улоги. И слично како и во приказната со Лукас, возило на Green Machines му се појавува во видното поле на режисерот Соненфилд. Во истиот момент тој решава дека тоа ќе биде возилото кое во една од сцените во филмот ќе го влече чудовиштето, кое му создаваше толку многу проблеми на Агентот Џеј, кој го играше Вил Смит.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација