Connect with us

банки

Бранко Грегановиќ – нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

објавено

на

На позицијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ доаѓа од НЛБ Банка Белград, каде во изминатите седум години ја извршуваше функцијата претседател на Извршниот одбор. Досегашниот претседател на УО на НЛБ Банка Скопје, Антонио Аргир, замина на функцијата извршен помошник на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, одговорен за управување со НЛБ Групацијата. 

Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на Бранко Грегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банката и издавањето на согласноста од Народната банка на РСМ.

Бранко Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство во банкарскиот и корпоративниот сектор на словенечкиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, извршувајќи одговорни позиции во словенечкото Министерство за финансии и централната банка.

На позицијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ доаѓа од НЛБ Банка Белград, каде во изминатите седум години ја извршуваше функцијата претседател на Извршниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прерасна во профитабилна финансиска институција со здраво кредитно портфолио и со забрзан раст на годишно ниво од 15% до 20%. Ваквите резултати ѝ ја вратија цврстата позицијата на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и во декември 2020 година ѝ го отворија патот за аквизиција на една од водечките српски банки – Комерцијална банка Белград.

„НЛБ Банка Скопје располага со одличната екипа и голем потенцијал за зајакнување на својата пазарна позиција. Тоа ми дава мотив и енергија, заедно со вработените во Банката, да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен развој, фокусирајќи сѐ на проширување на понудата со иновативни производи и услуги, на квалитетот и натамошното градење на довербата со клиентите и секако во придонесот што го има Банката за просперитетот на пошироката општествена заедница“, вели меѓу другото Бранко Грегановиќ, во својата прва изјава по стапувањето на функцијата.

Бранко Грегановиќ има универзитетска диплома по економија и две одбранети магистерски тези, една од областа на економијата на Економскиот Факултет во Љубљана, Словенија и друга од областа на менаџментот од London Business School во Лондон, Bелика Британија.

економија17 часа ago

Трајче Манолев од Маркант Софтвер разви дигитално решение наменето за адвокати

македонија19 часа ago

Гувернерката Ангеловска – Бежоска на панел на „Euromoney“: Пандемијата значително ја зголеми одговорноста на централните банки

свет19 часа ago

Ѓоковиќ повторно остана без виза

економија2 дена ago

Што содржи економскиот дел од предлог-програмата на Ковачевски

економија2 дена ago

Прометот на Македонска берза лани поголем за 57%, индексот со пораст од 31%

економија2 дена ago

Повик до младите истражувачи: Пријавувањето на научните трудови за Годишната награда на Народната банка е до 1 февруари

македонија3 дена ago

Лавина реакции по пресот на Никола Димитров денеска: Заев, Османи, Ковачевски…

македонија3 дена ago

Филипче: Димитров никогаш не се спротивстави на мерките за пандемијата

македонија3 дена ago

Димитров вели дека добил поддршка од многу меѓународни пријатели да биде премиер

економија3 дена ago

ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за компаниите

македонија5 дена ago

АЕТМ: Над 100 пријавени е-трговци за ‘Ecommerce Awards’, рокот за пријавување истекува во среда

start up5 дена ago

Запознајте го Синдекс, стартапот на Михајло Штерјов, креатор на играта SciGirl: The Internship, што доби инвестиција од Акцелератор УКИМ

интервју4 дена ago

Даниел Лорер: Бугарија ќе бара, а нема да чека инвестиции

свет5 дена ago

Австралиските власти повторно го апсат Ѓоковиќ – го чека депортација?!

македонија3 дена ago

Филипче: Димитров никогаш не се спротивстави на мерките за пандемијата

македонија3 дена ago

Димитров вели дека добил поддршка од многу меѓународни пријатели да биде премиер

македонија3 дена ago

Лавина реакции по пресот на Никола Димитров денеска: Заев, Османи, Ковачевски…

македонија5 дена ago

„Адора инженеринг“: Не сме вклучени во производството и испораката на топлинска енергија, обврската во овој момент е целосно на БЕГ

македонија4 дена ago

Мандатарот Ковачевски ги соопшти имињата на министрите од СДСМ

македонија3 дена ago

Димитров: Не се повлеков сам, имав сериозна битка во Владата околу блокадата од Бугарија