Connect with us

политика

Бранот на насилства во Франција потсетник на длабоките проблеми: Побуна што ја соголи поделената земја

Бранот на насилства во Франција потсетник на длабоките проблеми

објавено

на

Полициското убиство на младиот Нахел Мерзук беше само повод за организирано деструктивно насилство насочено против симболот на француската држава. И тоа беше пред сè демонстрација на силата на муслиманските предградија против француската држава. Француската држава не успеа социјално и културно да ја интегрира својата имигрантска муслиманска заедница. Денес ова стана социјален и безбедносен предизвик кому што државата и политички коректната јавност не сакаат ни да му го споменат името. Сепак, со тоа не го решаваат проблемот.  Само ја покажуваат сопствената немоќ. И сопствениот  страв.

Бран демонстрации ја зафати Франција откако полицаец уби 17-годишно момче во близина на Париз на 27 јуни. Овој чин повторно го отвори прашањето за прекумерна употреба на сила во малцинските заедници, но коренот на проблемот е многу подлабок.

Пред две недели,  за време на сообраќаен прекин во париското предградие Нантер, тинејџерот Нахел, кој имал алжирско потекло, бил застрелан и убиен од полицаец.

На видео снимката снимена од случаен минувач се гледаат двајца полицајци како стојат на возачката страна на возилото, од кои едниот испукал куршум кон возачот иако изгледало дека не е во непосредна опасност. Нахел наводно поминал на црвено светло за да не биде запрен, а потоа заглавил во сообраќајот.

Главниот обвинител на Нантер, Паскал Праше, рече дека полицајците се обиделе да го запрат Нахел бидејќи изгледал многу млад и возел Мерцедес со полски таблички во лентата за автобуси.  Обвинителот додаде дека полицаецот рекол дека пукал од пиштолот затоа што се плашел дека младиот човек ќе удри некого со својот автомобил.

Праше рече дека веројатно полицаецот незаконски го користел своето оружје. Тој се соочува со обвинение за убиство и моментално е во истражен затвор.

Како одговор на смртта на Нахел, беше покренат бран демонстрации под слоганот „полицијата убива“. Активистите веруваат дека етничкото и верското потекло на Нахел одиграло клучна улога во неговата смрт. Секуларизмот, познат како „laïcité“ на француски, е витална основа на француската култура, бидејќи се обидува да одржи рамнотежа за сите со искоренување на обележјата  на различноста, вклучително и расната и етничката припадност.

Сепак, многу луѓе кои припаѓаат на малцинските заедници во Франција тврдат дека тие се со поголема веројатност да бидат жртви на полициска бруталност отколку „белите Французи“. Неколку групи за човекови права ја обвинија француската полиција за етничко профилирање и предложија длабоки, фундаментални промени за справување со сегрегацијата.

Што се случува во Франција?

Ваквото отуѓување од државата е последица на долгогодишната практика на игнорирање на проблемите и „туркање под тепих“. Од друга страна, „белите“ Французи ги гледаат Арапите и Африканците како единствени виновници за сите проблеми во државата и општеството. Ова резултира со дополнителна политичка поларизација, зајакнување на радикалната десница, поточно партијата „Национален фронт“ на Марин Ле Пен.

Што се случува во Франција? Дали е тоа „урбано насилство“ во голем број француски градови, како што го нарекуваат политички коректните (француски) мејнстрим медиуми? Како да се работи за меѓусебна пресметка на неколку квартовски деликвентски групи. А во француските градови беа запалени градски собранија, библиотеки и други јавни институции, продавници беа демолирани и ограбени, запалени автомобили, „урбани насилници“ упаднаа во куќата на градоначалникот на L’Haÿ-les-Roses, предградие  во јужниот дел на Париз и ја запалија (сопругата на градоначалникот со две мали деца за среќа успеа да побегне), десетици полицајци беа ранети, жандармеријата (т.е. армијата) беше изнесена на улица, претседателот Емануел Макрон ги одложи службените  патувања…

Ќе биде дека е нешто посериозно од „урбано насилство“. Тоа не е ниту „бунт на мултикултурните предградија“, како што го нарекуваат оние што малку излегле од политичката коректност. Се надеваме дека тоа сè уште не е „предворје на граѓанска војна“, како што го нарекува поранешниот француски екстремно десничарски претседателски кандидат Ерик Земур. Но, бранот на насилство секако е потсетник на длабоките социјални и безбедносни проблеми кои официјална и политички коректна Франција се обидува да ги игнорира со децении.

Во политички коректните медиуми денес веќе не можете да најдете информации важни за разбирање на настанот кој буквално ја запали Франција, информација која пред само десет години беше вообичаена компонента на фактичкиот опис. Можете да прочитате дека полицаец го застрелал и го убил Нахел М.(17), тинејџер од алжирско потекло, откако бил запрен од полициска сообраќајна контрола, дека полицијата тврдела дека го убил младото момче затоа што со автомобилот тргнал кон неа во обид да избега, додека видеото од убиството  што се шири  на социјалните мрежи покажува дека полицаецот прилично ладнокрвно го застрелал Нахел Мерзук низ отворениот прозорец на автомобилот.

Се премолчува дека Мерзук е муслиман, дека има завидно полициско досие за толку млад човек, дека тоа се случило во муслиманскиот кварт Нантер, град на северозападната периферија на Париз кој долго време е зона каде што полицијата практично и не влегува.  Се заборава дека веднаш по објавувањето на видеото и пред крајот на истрагата, францускиот претседател недвосмислено го осуди убиството за што полицијата му замери, дека полицаецот веднаш е приведен. Се премолчува дека насилните и деструктивни походи во француските градови беа организирани од францускиот секција на панисламистичкото Муслиманско братство. Политички коректните медиуми сугерираат дека токму „мултикултурните предградија“ се побунија против расистички мотивираните постапки на француската држава.

Коренот на проблемот е многу подлабок

Познат е фактот дека Франција, а со тоа и нејзиното општество, е поделена по различни основи. И додека другите европски земји генерално успешно се снаоѓаат во процесите на интеграција на малцинските и имигрантските заедници, давајќи им бројни шанси за интеграција и почитувајќи ги нивните културни, верски и други вредности, во Франција ситуацијата е поинаква.

За да се разбере „францускиот проблем“ потребно е да се оди малку подалеку во минатото, до 1789 година. Француската револуција, која трајно го промени разбирањето на државните и општествените уредувања во светот, донесе прилично ригиден секуларизам. Првичниот план беше да се оддели католичката црква од државата, но Французите отидоа чекор подалеку и  се погрижија Франција никогаш да не промовира ниту една религија во иднина.

Ситуацијата почна да се комплицира во 60-тите и 70-тите години на минатиот век кога имаше масовен прилив на мигранти, особено од областа на Северна Африка. Француските власти веруваа дека ќе има „тивка“ асимилација, но наместо тоа, мигрантите се гетоизираа и  никогаш целосно не се интегрираа во француското општество.

Во моментов во Франција живеат и  трети генерации на доселеници од Африка  кои сè уште не ја сметаат Франција за своја татковина. Целиот бес и гнев се насочени токму кон она што ја претставува француската држава, од јавниот имот до полициските структури.

Агресивниот секуларизам муслиманските заедници често го доживуваат како оружје за борба против сопствените традиционални вредности. Иако теоретски секуларизмот е насочен против верските симболи на сите верски заедници, тој сепак е најочигледен во примерот на муслиманските заедници. Забраната на хиџабот во јавните и владините институции е еден од најдобрите примери.

Со овој закон, на муслиманките кои носат хиџаб практично им се забранува да работат во полиција, училишта и други јавни институции. Огромниот диспаритет во процентот на мигрантската популација и полициските службеници е една од причините зошто демонстрантите веќе некое време се толку непријателски настроени кон полицијата.

Масло на огнот долеваат пораките од полицијата, како онаа на министерот за внатрешни работи, кој во 2020 година рече дека „молитвата, пуштањето брада и постот се знаци на радикализација“.

Друг проблем е појавата на исламски центри кои всушност не се под ничија контрола. Со целосно одвојување на државата од религијата, се отвора простор за активности на различни радикални конгрегации, кои иако се во малцинство, многу често ја обликуваат сликата за исламот и муслиманите во главите на Французите.

Таа гетоизација на доселениците и генерациите на нивни наследници во „мултикултурните предградија“, како што е најновиот политички коректен назив за муслиманските квартови на француските градови, предизвика своевидно паралелно општество, коешто се’ повеќе живее според шеријатските закони, коишто се плодна почва за делување на овие панисламистички и терористички организации што ја промовираат идејата за конечна победа на исламот во светот. Во тие „мултикултурни предградија“ идеолошки се обликувани и убиецот на свештеникот и двете вернички во базиликата во Ница во август 2020 година, и младичот што го обезглави професорот по историја во Париз затоа што на предавање ја покажа карикатурата со Мухамед,  и Јусеф Т. Којшто во април 2020 јурна со автомобил во полициска патрола во Коломбес, и конвертираниот муслиман што во јануари 2020 нападна со нож брачен пар Евреи…

Кој ќе има корист?

Во моментов во Франција живеат и  трети генерации на доселеници од Африка  кои сè уште не ја сметаат Франција за своја татковина. Целиот бес и гнев се насочени токму кон она што ја претставува француската држава, од јавниот имот до полициските структури. Агресивниот секуларизам муслиманските заедници често го доживуваат како оружје за борба против сопствените традиционални вредности. Иако теоретски секуларизмот е насочен против верските симболи на сите верски заедници, тој сепак е најочигледен во примерот на муслиманските заедници. Забраната на хиџабот во јавните и владините институции е еден од најдобрите примери.

Ваквото отуѓување од државата е последица на долгогодишната практика на игнорирање на проблемите и „туркање под тепих“. Од друга страна, „белите“ Французи ги гледаат Арапите и Африканците како единствени виновници за сите проблеми во државата и општеството. Ова резултира со дополнителна политичка поларизација, зајакнување на радикалната десница, поточно партијата „Национален фронт“ на Марин Ле Пен.

Евентуална победа на изборите би значела дополнителни поделби во француското општество, но и можен економски колапс. Политичарите како Ле Пeн одбиваат да признаат дека милиони членови на малцинските заедници се всушност работни луѓе, без кои француските градови не би можеле да опстанат.

По минатонеделните немири, многу Французи ќе погледнат наназад и нивните предрасуди и стравови ќе бидат потврдени или продлабочени. Немирите на крајот ќе стивнат, но тешко е да се види што всушност може да ја смени спиралата на недоразбирање, сомнеж, раздор и страв во таа земја.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал