Connect with us

технологии / компании

Бреинстер номиниран од МАСИТ за две награди на престижен светски настан за иновации и технологија

објавено

на

Овие награди кои ќе се доделуваат во рамки на 26. издание на World Congress on Innovation & Technology – WCIT 2022, кои годинава ќе се одржат во Малезија од 13-15 септември.

Технолошки напреднатa организација која обучува кадри за работните места на иднината, Бреинстер е номинирана од страна на Стопанската комора на информатички и комуникациски технологии МАСИТ, за две номинации за иновативни ИКТ решенија за претстојните WITSA Global Innovation and Tech Excellence Awards 2022.

Овие награди кои ќе се доделуваат во рамки на 26. издание на World Congress on Innovation & Technology – WCIT 2022, кои годинава ќе се одржат во Малезија од 13-15 септември.

Како што соопшти МАСИТ, изборoт на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2021 година, годинава ги предлага решенијата на трите членки – Brainster, Nextsense и Sorsix и тоа во следните категории: Digital Opportunity/Inclusion Award, E-education & Learning Award, Emerging Digital Solutions Award и Innovative eHealth Solutions Award.

Етаблираниот лидер во неформалното образование – Бреинстер, кој преку своите академии, курсеви и обуки во последниве 6 години успешно им помогна на над 10.000 лица да се дообразуваат и преквалификуваат, е номиниран во две категории. Првата, во категоријата Digital Opportunity/Inclusion Award е за финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“, која им овозможува на идните студенти да се запишат на првиот ИТ применет колеџ Бреинстер Некст, а школарината да ја плаќаат откако ќе дипломираат и ќе се вработат.
„Студентите студираат за 0 денари сѐ до нивното дипломирање и вработување, а почнуваат да ја исплаќаат школарината на рати по нивното вработување. Според нашите проекции, во таков случај истата не би изнесувала повеќе од 35% од нивната почетна плата“. Сметаме дека сите треба да имаат пристап до квалитетно образование без разлика на финанските можности“, вели Александар Клашниновски, директор на Бреинстер Некст колеџот, кој додава дека му е драго бидејќи од МАСИТ ја препознале инклузивноста на проектот.

Александар Клашниновски, директор на Бреинстер Некст колеџот

Бреинстер е исто така номиниран и во категоријата E-education & Learning Award, за платформата Некст, која e eдинствена отворена платформа во државата која содржи бесплатни курсеви на македонски јазик од областите на компјутерска наука и софтверско инжинерство, data science, графички дизајн и дигитален маркетинг.

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови