Connect with us

македонија

Бреинстер отвора претставништво во Албанија

објавено

на

Новата канцеларија на Бреинстер (Brainster) во Албанија првично ќе ја понуди Академијата за Front-End програмирање.

По 7 години успешна работа на македонскиот пазар, едукативно-технолошката организација Бреинстер со гордост го најавува отворањето на својата прва канцеларија во Албанија, означувајќи го својот влез на овој нов пазар.

Организацијата, која започна како успешна стартап-приказна, денеска заедно со факултетот Бреинстер Некст колеџ брои над 70 вработени, соработува со тим од над 100 инструктори и професори, а низ нејзините иновативни образовани програми досега поминаа над 11.000 поединци кои успеаја да се здобијат со вештини за најбараните професии на 21 век.

Придонес кон растот на технолошката индустрија во регионот


Новата канцеларија на Бреинстер (Brainster) во Албанија првично ќе ја понуди Академијата за Front-End програмирање. Бидејќи технологијата продолжува да се развива со брзо темпо, побарувачката за квалификуван кадар е поголема од кога било, па оттука, целта на оваа Академија е да ги „опреми“ идните студенти со потребните вештини за да изградат успешна кариера во областа на Front-End програмирање.

„Возбудени сме што ќе ја понудиме нашата експертиза во образованието поврзана со новите технологии во Албанија“, вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер. 

Тој додава дека Академијата за Front-End програмирање одлично одговара за албанскиот пазар и дека со нетрпение очекува да придонесат кон растот и развојот на технолошката индустрија во регионот. 

„Експанзијата на Бреинстер во Албанија е доказ за посветеноста на организацијата за обезбедување квалитетно образование, како и нејзиниот континуиран раст како лидер на пазарот во оваа област. Со нашето докажано искуство, подготвени сме да направиме значителен позитивен импакт врз албанската ИТ-индустрија“, вели Ниновски.

Успешната приказна се шири во Албанија


Македонската EdTech организација Бреинстер во последните 7 години им помогна на повеќе од 11.000 луѓе да направат чекор кон кариерна трансформација со помош на нивните иновативни образовни програми. Оваа организација e најдобро рангиран образован центар во Македонија според студентите, а во изминатата година запиша рекорден број на студенти – 1.350 и официјално влезе во формалното образование преку отворањето на Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), првиот практичен ИТ-факултет во Македонија. Бреинстер соработува со повеќе од 160 партнери од индустријата кои обезбедуваат реални проекти, вработувања и пракса за студентите.

„Горди сме што лани и нашите образовни програми и инструктори добија највисоки оцени досега, нашите студенти изработија најмногу реални проекти, а го одржавме и најголемиот хакатон во живо со над 120 учесници“, велат од Бреинстер.

Ова е само дел од успешната приказна на Бреинстер,, водена од визиoнерска благородна идеја да понуди општествен прогрес преку еден сосема поинаков пристап кон неформалното образование. Познати се и по тоа што со отворањето на факултетот инвестираа 2,5 милиони евра во идните студенти и столбови на општествените промени, нудејќи им ја финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработувањето“.

Бреинстер и официјално ја продолжува инспиративната приказна преку отворање канцеларии во Албанија, продолжувајќи ја и надградувајќи ја на тој начин визијата за дигитална глобална трансформација, со истата пасија, ентузијазам и посветеност за создавање нови можности за подобра иднина на младите во Албанија.

Интеграција на успешен и проверен образовен модел 

Проширувањето во соседната држава, како што велат од тимот на Бреинстер, е логичен чекор, следејќи ги барањата на пазарот и желбата еден успешен проверен модел да се интегрира во Албанија, и тоа преку висококвалификуван кадар, подготвен тим и долгогодишно искуство. На сите оние што се во потрага по квалитетна доквалификација, преквалификација и обука, да им се овозможат квалитетни  програми за учење, преку практичен проверен пристап и индустриско вмрежување.

„Со поставувањето на нашите темели во Албанија, подготвени сме да ги употребиме сите наши најквалитетни ресурси и проверен систем што го изградивме и да ја промениме перцепцијата на младите, нивната иднина и можностите. Идентично како што во изминативе години, преку квалитетно образование кое се базира на пракса, им помогнавме на многу студенти да направат кариерна трансформација или да најдат подобра и поплатена работа. Со иста енергија и ентузијазам ќе се стремиме истото да го направиме и во Албанија”, вели Петар Ниновски.

Бреинстер Албанија, преку локални вработувања и соработка со локални експерти од различни области, но и со помош на севкупниот централен кадар и домашно искуство, посветено ќе работи да им ги обезбеди на албанските студенти и професионалци потребните вештини за успех во tech-индустријата.

Повеќе информации за Бреинстер Албанија може да најдете ТУКА.

технологии / компании8 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика9 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион9 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија9 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија9 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија9 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија9 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки9 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија9 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија9 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија3 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија4 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија2 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки9 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија9 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија